fbpx
Таг: транспарентност

таг: транспарентност

На институциите им требаат 25 дена за одговор на барањата за слободен пристап до информации

Најголем дел од институциите во земјава не го почитуваат законскиот рок од 20 дена за одговор на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, покажува „Индексот на активна транспарентност 2020“ на Центарот за граѓански комуникации. За потребите на овој извештај, од Центарот за граѓански комуникации во ист ден испратиле идентично прашање во форма на барање за пристап...

Конституиран Советот за координација и следење на Отвореното владино партнерство

Преку видео-седница беше конституиран Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство (ОВП на Република Северна Македонија) и Националниот Акциски план за ОВП 2018-2020. На он-лајн средбата учествуваа 36 претставници од институциите, граѓанските организации, меѓународните организации, меѓу кои членовите на Советот. Отворено владино партнерство е доброволна меѓународна иницијатива која цели кон обезбедување конкретни заложби од страна на...

Српскиот министер Златибор Лончар се фали со транспарентност, а локалните власти молчат

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

ЦГК: Склучени 71 договор во вредност од 1,5 милиони евра, за итни јавни набавки за заштита од корона вирусот

За итни јавни набавки поврзани со заштита и превенција од ширењето на заразата од коронавирусот, од почетокот на март до 20 април склучени се 71 договор во вкупна вредност од 1,5 милион евра, информираат од Центарот за граѓански комуникации, . Од таму велат дека, иако во мониторираниот период е зголемен бројот на објавени договори за итните набавки, сепак дел од...

Бизнисот бара транспарентни, дневни информации од спроведувањето на економските мерки

Компаниите, членки на Стопанската комора на Македонија, бараат од Владата, на истиот начин како што секој ден се известува за бројот на новозаболени, починати или оздравени лица од корона вирусот, да се известува и за тоа кои економски мерки се расположливи во моментот и како се користат. Од СКМ порачаа дека на тој начин со поголема транспарентност ќе се...

Транспаренси: Владата да се воздржи од одлуки што не се совпаѓаат со Уставот и законите

Во услови на светска пандемија предизвикана од новиот корона вирус, Владата во треба да се воздржи од носење на одлуки надвор од она што е утврдено со Уставот и со Закон, а посебно од одлуките чие донесување не е суштинско, а може да предизвика сомнежи од аспект на нивната оправданост во овие услови, порача Транспаренси Интернешнел Македонија (ТИ-М). „Владата усвојува...

ИРИ и понуди на Владата експертиза за лажните вести

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска се сретна со претставници на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), Олин Ветингтон, член на Управниот одбор на ИРИ, Овен Паун, директор на ИРИ за Македонија и Илина Мангова, заменик-директорка на ИРИ за Македонија. „Стратешките заложби за транспарентност и борбата со лажните вести мора да продолжат и понатаму, без оглед на тоа...

Ангеловска: Граѓаните добиваат увид за што државата се задолжува

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска ја презентираше алатката за зголемување на транспарентноста на јавните финансии односно платформата преку која граѓаните во секое време ќе може да го следат јавниот долг. Платформата се состои од пет дела јавниот долг и компонентите од кои се состои, движењето на долгот по години, финансирањето на јавниот долг во 2020, издавањето на хартии од...

ЗНМ и ДЗР ќе соработуваат со цел унапредување на транспарентноста на институциите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска потпишаа Меморандум за соработка, во кој централно место зафаќа блиската заемна соработка која треба да се интензивира во периодот кој следува. Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, истакна дека со Меморандумот ќе се створат услови за поблиска соработка помеѓу ЗНМ и ДЗР во насока на организација на заеднички...

Владата реагира на индексот на ТИ: Извршната власт е транспарентна, потребно е независно судство

Реагирајќи на падот за 13 места на индексот на перцепција на корупцијата, владата објави соопштение во кое се набројани повеќе преземени активности за зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите. „За бескомпромисна борба против корупцијата ја подигнавме отчетноста и транспарентноста на институции на извршната власт, која треба да биде зајакната и со независно, транспарентно и отчетно судство и обвинителство, со...

Стратегијата за владина транспарентност 2020 – 2021 промовирана на „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“

Денеска на вториот ден на Меѓународната конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“ беше промовирана Стратегијата за владина транспарентност 2020 – 2021 во чија што изработка учествуваше Фондацијата „Метаморфозис“ и Фондацијата Oтворено општество - Македонија. Лидија Цветановиќ од Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, рече дека Стратегијата е производ на заедничките напори на Владата и невладиниот скетор што...

Со платформата „Отворени финансии“ граѓаните ќе имаат увид во трошење на нивните пари во буџетот

Во Македонија конечно се отвори државниот трезор на Министерството за финансии и на увид на граѓаните ги ставаме минатите, сегашните и сите идни финансиски трансакции на буџетските корисници од буџетот, рече денеска премиерот Зоран Заев на промоцијата на веб-платформата Отворени финансии. „Електронскиот систем на трезорот го поврзавме со веб-платформата која ја нарековме Отворени финансии, во која може да се најдат...

Врховниот суд – полузатворена институција за јавноста (инфографик)

Врховниот суд исполнува само половина од индикаторите за достапност, одговорност, интегритет и транспарентност. Така покажува истражувањето на ActionSEE, кое го мери нивото на отвореност на институциите во периодот 2016 - 2018 година и врз основа на истото ги утврдува горенаведените индикатори. Како што може да се види во инфографикот, во текот на 2016 година, Врховниот Суд има исполнето 55,61 отсто...

Голем број од општините сè уште се затворени како „црни кутии“

Локалната власт во нашата земја исполнува само 25 отсто од индикаторите за отвореност, анализирани по областите транспарентност, пристапност, интегритет и ефикасност. Оваа просечна оцена, која е значително под просекот во регионот, покажува ниско ниво на ангажираност и посветеност на општините на исполнување на стандардите за отвореност. Ова е еден од главните наоди во студијата што ја подготви Фондацијата за интернет...

Македонското Собрание под регионалниот просек на отвореност за граѓаните

Отвореноста на македонското Собрание за граѓаните е под регионалниот просек, покажува анализата на „Метаморфозис“ спроведена во рамки на проектот „ActionSEE“. Во истражувањето Собранието добило индекс на отвореност од 63 отсто врз основа на четири принципи: транспарентност, пристапност, интегритет и ефикасност. Во анализата се нагласува дека клучни елементи кои треба да ги подобри македонскиот, но и сите парламенти во регионот,...

Во Охрид, Дебар и Гевгелија се трите најнетранспарентни судови во Македонија (инфографик)

Основните судови Охрид, Дебар и Гевгелија се судовите кои најмалку ги исполниле показателите за пристапност, совесност, интегритет и транспарентност. Ова го покажува истражувањето на ACTION SEE,со кое беше измерено нивото на отвореност на институциите во текот на 2016/17/18 година,  а се заснова на горенаведените индикатори. Во 2016 година, најзатворен, односно најнетранспарентен суд бил Охридскиот, кој исполнил само 24,78% од индикаторите. Во...

Вработување во јавниот сектор: Колку понепрецизни норми, толку поголем простор за самоволие

Постои сериозна неконзистентност во легислативата за вработување во јавниот сектор, што остава голем простор за дискрециско одлучување, предупредуваат невладината „Транспаренси интернешнл - Македонија“ и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), кои спроведуваат проект за проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување во јавниот сектор. Само во прелиминарната анализа на 19 закони, двете институции откриле 46...

Половина од општините не објавуваат редовно информации за јавните набавки (инфографик)

Само една од пет општини, поточно нецели 20 отсто, на своите интернет страници тековно ги објавуваат огласите за јавни набавки, покажа прегледот што Новинската агенција „Мета.мк“ деновиве го направи на страниците на 80 општини и Градот Скопје. Скоро половина од општините или 48% немаат објавено никакви податоци за јавните набавки или постоечките им се застарени. Стари договори или празни категории...

„Метаморфозис“: На апликацијата „МојДДВ“ ѝ недостасува Политика на приватност

На мобилната апликација „МојДДВ“ ѝ недостасува Политика на приватност која на лесно разбирлив начин ги објаснува мерките кои Управата за јавни приходи ги презема за безбедност и заштита на личните податоци на граѓаните кои се обработуваат со користењето на апликацијата, велат од фондацијата „Метаморфозис“, која го анализираше аспектот на информираност на граѓаните за обработката на личните податоци со користењето...

Истражување: Министерствата и општините најмалку информации објавуваат за финансиите

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2019 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. „Активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, иако е порасната во однос на лани. Процентот на...

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...