fbpx
Таг: транспарентност

таг: транспарентност

Органите во состав на министерствата го рушат просекот на (не)транспарентност

Органите во состав се помалку транспарентни од самата Влада и министерствата, а тоа влијае за намалување на процентот на севкупното ниво на транспарентност во РСМ. Ова го покажува истражувањето на Фондацијата Метаморфозис „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и во регионот преку Индексот на отвореност“, кое ја анализира отвореноста на институциите во земјата и регионот,...

Долг процес до транспарентност: Како ЗОО Скопје се обиде да крие информации од јавен карактер?

Точно два и пол месеци траеше голготата на редакцијата на Мета.мк да добие информации од јавен карактер од Зоолошката градина - Скопје, а во врска со прашања чии одговори не би требало да имаат одреден степен на тајност, ниту пак да бидат скриени од очите на јавноста. Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни, а посебно внимание во...

Граѓаните и институциите ретко ја користат платформата за барања и одговори за пристап до информации

За две години преку платформата „Слободен пристап“ до институциите се испратени 162 барања за информации од јавен карактер, од кои речиси половина не се одговорени. Од Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер велат дека институциите и барателите сè уште ја практикуваат класичната форма на поднесување барања преку е-пошта или лично да ги...

Скопската зоолошка градина го крие бројот на угинати животни

Јавноста остана без одговор на голем број прашања во врска со проблемите и угинувањето на животните во Зоолошката градина во Скопје годинава, како на пример, за причините на угинувањето на жирафата Каспер, за вкупниот број угинати животни во 2023 година, за причините зошто земјава го изгуби кандидатскиот статус за членство во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА)...

Индекс на транспарентност: Ниту една политичка партија нема објавено список на вработени

Многу добра активна транспарентност за прв пат постигнале партиите СДСМ, Левица и Алијанса на Албанците, покажаа резултатите добиени од Индексот на транспарентност (2023) на политичките партии на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Резултатите покажуваат дека има значително подобрување кај активната транспарентност на политичките партии, споредено со мерењето за Индексот на транспарентност (2021), иако сè уште ниту една партија нема постигнато...

Индекс на отвореност: Министерството за одбрана на прво место по отвореност, министерството на Груби најдолу на листата

Министерството за одбрана е прворангирана институција во Северна Македонија и во регионот согласно Индексот на отвореност, додека на најниско ниво е Министерството за политички систем и односи со заедниците, покажува најновиот извештај на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. На денешниот панел „Преку институционална отвореност кон спречување на корупција”, како дел од „Отворен Форум за антикорупција“, беше промовиран регионалниот Индекс...

Усвоена Стратегијата за транспарентност на Владата со Акциски план 2023-2026 година

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Стратегијата за транспарентност на Владата на РСМ, со акциски план 2023-2026 година, предложена од Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. Приоритетни области, согласно Стратегијата, се: унапредување на активната транспарентност, унапредување на пристапот до информации од јавен карактер, на фискалната транспарентност на Владата и другите органи на извршната...

Некој прикачува, друг не е обучен и не знае: Хаос со објавувањето отворени податоци кај институциите

Истражувачкото новинарство, создавањето на креативни визуелизации и анализи на одредени теми, изработката на ИТ решенија и истражувања од било каков вид денес е извонредно тешко да се создадат без постоењето на отворените податоци. И додека вештачката интелигенција со голема брзина го освојува светот, македонските институции се заглавени во космосот на нередовно објавување податоци во отворен формат. Во случаите кога...

(ИНТЕРВЈУ) Дерек Вилис: За борба против дезинформациите, новинарството треба да биде потранспарентно

Дерек Вилис, американски новинар и предавач по новинарство засновано на податоци на колеџот „Филип Мерил“ при Универзитетот во Мериленд, Вашингтон вели дека новинарството засновано на податоци, таканареченото „Data Journalism“, покрај интервјуирањето на луѓето, ви овозможува да интервјуирате и податоци, користејќи ги истите како извор за раскажување на еден настан. Исто така, новинарството засновано на податоци може да помогне и...

Грковска: Транспарентноста е важна за борба против корупција, но и за притисок на јавноста врз институциите

Транспарентоста е важна и основна не само во борбата против корупцијата, туку и поради овозможување на притисокот на јавноста институциите да бидат отчетни. Стратегијата за транспарентност што треба да се надоврзе на претходната, треба да помогне и јавните службеници да сфатат дека администрацијата не постои самата за себе, туку дека е сервис за граѓаните, порача вицепремиерката задолжена за политики...

Баланс меѓу пристапот до јавни информации и приватноста: Навигација низ деликатна дилема

Во ерата на дигитализација и очекувањата граѓаните да имаат брз и лесен пристап до информации од јавен карактер, судирот помеѓу транспарентноста и правото на слободен пристап до информации наспроти императивот за заштита на личните податоци стана значајна грижа за владите и институциите ширум светот. Така е и кај нас. Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење,...

ЦГK: Транспарентноста на министерствата стагнира, а на општините се подобрила

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 отсто и во однос на лани е подобрена за три процентни поени (од 73% на 76%). Ова го покажало годишното рангирање на институциите кое го прави Центарот за граѓански комуникации. Во рангирањето биле вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. „Својата активна...

Медиумите ќе имаат пристап до првостепените неправосилни пресуди на судските сајтови

Министерството за правда ја разгледа Иницијативата за измена на членот 9 од Законот за управување со движење на предметите што ја поднесе Судско-медиумскиот совет, информираат од Министерството за правда. На денешната средба на министерот за правда Кренар Лога со претставниците на Судско-медиумскиот совет, Васко Маглешов, Емилија Шопар и Саније Дураку, договорено е измените да бидат вметнати во Стратегијата за развој...

Георгиев: Судскиот совет ќе ја зголеми транспарентноста, седниците ќе ги снима МИА

Судски совет со мене како претседател ќе покаже дека ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во работата на Судскиот совет, изјави пред почетокот на денешната седница новоизбраниот претседател на Судскиот совет Сашко Георгиев, која овојпат во живо се емитуваше на Фејсбук профилот на државната агенција МИА. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера го осуди непринципиелниот однос на новиот претседател,...

Алатката за потрошените пари на државните функционери не е ажурирана од 2021 година

Доколку сакате да видите колку пари потрошил одреден актуелен министер за авионски карти, колку пари зел за дневници, такси превоз, хотели или колку потрошил по ресторани, користејќи ја Алатката за отчетност која беше промовирана од страна на Владата, нема да биде успешно, барем не за 2022 и за 2023 година. Алатката за отчетност не е ажурирана од 2021 година, па...

Анализа: Кои функционери и институции колку ги користеле социјалните мрежи во 2022 година?

Статус кво и пад во користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и институции во 2022 година, покажа анализата на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). 115 од 120 пратеници биле присутни на најмалку една социјална мрежа, 20 од 21 министри користеле барем еден социјален медиум, додека претседателот на државата бил онлајн во целост. „Сепак, политичарите и...

Обврската за транспарентност важи и за скопска Апелација

Вицепремиерката Славица Грковска има право кога вели дека обврската за транспарентност не може да биде адресирано само на Владата, на пратениците, туку и на адреса на правосудството. Оттука и нејзината изјава во врска со соопштението на Апелациониот суд во Скопје за случајот Таргет-Тврдина го оценуваме како вистина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Потпретседателката на Владата задолжена...

Државни органи без интернет-страници, без социјални мрежи и со портпароли „на одмор“

Варира нивото на транспарентност и отчетност кое го достигнуваат државните институции во однос на комуникацијата со јавноста. Дел од македонските државни органи котираат високо на листата на отчетни институции, дури и се рангирани најдобро во регионот, а други се на самото дно на истата листа, речиси сосема недостапни за граѓаните. Додека едни имаат разработено цели стратегии за комуникација, други...

Порталб: Општинарите во Тетово не кажуваат колкав е тековниот општински долг

Поминаа речиси десет месеци откако граѓаните на oпштина Тетово дознаа дека јавниот долг на нивната општина изнесува над 24 милиони евра, меѓутоа до ден денеска општинските власти не кажуваат дали овој долг е зголемен или намален и покрај тоа што постојано се повикуваат на транспарентност, пишува Порталб.мк. Сегашното раководство веќе десет месеци раководи со општина Тетово, но досега ја нема информирано...

Граѓанското општество е од суштинско значење за напредно општество со помалку проблеми (ВИДЕО)

Само активно и упорно граѓанско општество е најдобриот коректор на погрешните и лошите политики за напредокот на државата. Затоа граѓанското општество треба да работи што е можно повеќе за да ги држи институциите одговорни и отчетни пред граѓаните. Ова се главните заклучоци што произлегоа од активностите на проектот на УСАИД за граѓанско учество во Северна Македонија. Во рамките на одбележувањето...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...