fbpx
Таг: Транспаренси интернешнл Македонија

таг: Транспаренси интернешнл Македонија

Антикорупциска, ревизија и правобранителот со најдобри резултати во однос на интегритет, транспарентност и отчетност

Според извештајот на „Транспаренси интернешенл“ Македонија (ТИ), институции со најголем интегритет се Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Државниот завод за ревизија, и омбудсманот, односно Народниот правобранител. Во најниско оценетите столбови спаѓаат обвинителството, јавните претпријатија, бизнис секторот и судството. Овие беа клучните наоди на денешното презентирање на извештајот на „Транспаренси интернешенл“ Македонија за оценувањето на Системот за национална интеграција...

Реакции за измените во Кривичниот законик: Тивка амнестија на осудените за криминал и корупција

Многу обвиненија и истраги за висок коруптивен – финансиски криминал сторен на штета на државата ќе се соочат со застареност, со предложените измени во Кривичниот законик (КЗ), со кои се предвидува за неколку години да се намалат затворските казни за дела поврзани со злоупотреба на службена должност и овластувања на функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи. Со...

Антикорупционерите гледаат на привремените вработувања како голем проблем за јавната администрација

Еднаш засекогаш да престанат привремените вработувања во јавната администрација, кои доаѓаат како резултат на тоа што секоја нова раководна екипа во институциите си носи сопствен тим по нивното назначување. На ова посочи членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Нури Бајрами на денешната презентација на Извештајот од мониторингот на имплементацијата на препораките од извештајот за проценка на...

ТИ Македонија: Кризните уредби на Владата носат голем ризик од корупција

Антикорупциската организација „Транспаренси Интернешенел - Македонија“ побара Владата и сите други надлежни институции и органи да доставуваат навремени извештаи за постапувањето по уредбите што ги донесува владата, порачувајќи дека тие со себе носат многу висок ризик за корупција. ТИ Македонија порача дека ќе го следи спроведувањето на уредбите, преку правото што го дава Законот за слободен пристап до информации од...

Транспаренси: Владата да се воздржи од одлуки што не се совпаѓаат со Уставот и законите

Во услови на светска пандемија предизвикана од новиот корона вирус, Владата во треба да се воздржи од носење на одлуки надвор од она што е утврдено со Уставот и со Закон, а посебно од одлуките чие донесување не е суштинско, а може да предизвика сомнежи од аспект на нивната оправданост во овие услови, порача Транспаренси Интернешнел Македонија (ТИ-М). „Владата усвојува...

Тасева: Регулативата за вработување во јавниот сектор се крои по мерка

„Правилниците се прават по потреба. Ако тој што треба да го вработат е стоматолог, ќе го сменат правилникот за да го вработат“, вели Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнел - Македонија“, која денеска ги објави резултатите на прелиминарната анализа на легислативата за вработување во јавниот сектор. Во 19 анализирани закони и два подзаконски акта, „Транспаренси“ и Државната комисија за...

„Транспаренси“ го честиташе транспарентниот избор на новите антикорупционери

Транспаренси Интернешенел Македонија (ТИМ) му честита на Собранието „за ефикасното спроведување на постапката за избор на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата“ и на претседателката Билјана Ивановска и на другите членови им посака  успешна работа во справувањето со корупцијата „како еден од најголемите проблеми кој го нагризува македонско општество“. - Ја добивте довербата во една транспарентна...

ТИ: Македонија на најниското место откако постои Индексот за перцепција на корупцијата

Македонија е рангирана на 107. место на Индексот за перцепција на корупцијата за 2017 година на Транспаренси Интернешенл (ТИ), што е пад за 17 места во однос на рангот во 2016 година и е најлошиот резултат за земјава откога се изработува индексот, посочија од Транспаренси Интернешнл - Македонија. За падот на Македонија на листата реагираше и ВМРО-ДПМНЕ, кое порача дека...

Антикорупциска утврди злоупотреба на буџетски средства за финансирање на ДУИ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврдила постоење на основано сомневање за злоупотреба на буџетски средства и средства од јавни фоднови во финансирањето на ДУИ и за тоа писмено го известила Основното јавно обвинителство Скопје заради понатамошно постапување соопшти Транспаренси Интернешнл - Македонија. „По анализа на Годишниот извештај за членарини до донации за 2016 година, Транспаренси Интернешнл – Македонија...

Тасева: Изјавата на Заев беше неодговорна и избрзана, предистражните постапки се тајни

Во емисијата „360 степени“ што се емитуваше на „Алсат-М“, претседателката на „Транспаренси интернешнл“ - Македонија, Слаѓана Тасева, за изјавата на премиерот Зоран Заев за двајца членови на власта кои биле под истрага, вчера рече дека е неодговорна и избрзана. – Мојата прва реакција беше дека можеби дури и неодговорна, непотребна, избрзана изјава за којашто ниту беше време, ниту место, на...

Тасева: Индексот за перцепција на корупцијата е збир од различни меѓународни истражувања

„Слабиот резултат на Македонија укажува на потреба од зајакнување и од заштита на граѓанското општество, а не негово слабеење. Тоа е пораката на индексот за перцепција на корупцијата“, порача д-р Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси интернешнел“ – Македонија (ТИМ). Организацијата што таа ја раководи, како и матичната организација, денеска реагираа на нападите против нив што се појавија во некои медиуми...

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Јанева, Ременски и Спасовски за падот од 24 места на индексот за корупција

Назадувањето на листата на „Транспаренси интернешнел“ е резултат на работењето на генералниот секретар Оливер Спасовски како технички министер во МВР и на работењето на Фросина Ременски како технички министер за труд и социјална политика, обвини на партиска прес-конференција Даниела Рангелова, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Таа рече дека враќањето на СДСМ на власт би значело корупција, неодговорност и разградување...

Македонија за една година падна 24 места на индексот на корупција

Македонија за една година падна 24 места подолу на глобалниот индекс на перцепција на корупцијата (ИПК) на „Транспаренси интернешнел“ (ТИ) и на мерењето за 2016 година е на 90. место, додека на индексот за 2015 година била на 66. позиција. Тоа е и најголемиот пад што земјава го забележила почнувајќи од 2012 година, кога е воведена сегашната методологија на рангирање...

Тасева: Нема политичка волја за заживување на Законот за заштита на укажувачите

Во ниту една државна институција во земјава не се спроведува Законот за заштита на укажувачите (whistleblowers), иако е донесен пред точно една година, а нема ниту интерес и политичка волја кај надлежните за имплементација на законот. Ова беше главна тема на денешната завршна тркалезна маса во рамките на проектот на „Транспаренси интернешнл Македонија“, насловен „Законот за заштита на сведоци -...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...