fbpx
Таг: трансмет

таг: трансмет

„Гранит“ наместо „Трансмет“ ќе го догради автопатот Кичево – Охрид

Скопски „Гранит“ ќе продолжи со изградбата на автопатот Кичево - Охрид онаму каде што запре фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан. Вредноста на неизвршените работи изнесува 54.442.364 евра. „ГД Гранит АД Скопје потпиша договор за отстапување на подизведувачките договори од Конзорциумот „Трансмет“ ДОО и „Херинг ДД Широки Бријег“ за изведување на Автопат Кичево - Охрид“, се наведува во соопштението на...

Заврши судењето за „Труст“, пресудата в петок

Со завршни зборови на тројцата обвинети во процесот „Труст“, кој го води Специјалното јавно обвинителство, денеска судењето заврши, а в петок треба да биде изречена пресудата. Во Кривичен суд Скопје денеска завршни зборови дадоа Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, обвинети за учество во местење на тендер на „ЕЛЕМ“, за ископ на јаловина од „РЕК Битола“, вреден 1,06 милијарди...

Денеска пресуда во „Триста“ за Ѓоко Поповски

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да биде прочитана пресудата за предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски. Тој се товари за злоупотреба на службена должност во врска со јавната набавка на 300 возила за МВР. Поповски пред Судот на минатото рочиште кажа дека не е виновен и...

ЕЛЕМ ќе купува сопствена механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола

Во завршна фаза е тендерската документација за купување на сопствена механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола, со што ЕЛЕМ ќе го елиминира или ќе го сведе на минимум ангажирањето на надворешни фирми во оваа државна компанија, информираат од таму. Од таму додаваат дека, намерата на раководството е ЕЛЕМ и нејзините подружници при производството на електрична енергија да се...

ЕЛЕМ го раскина договорот со „Трансмет“, компанијата треба да плати 300.000 евра

ЕЛЕМ информира дека „Трансмет“ се откажал од договорот за ископ на јаглен во РЕК Битола, поради неможност да ги исполни обврските за ископ според утврдената динамика. „Од денеска договорот со „Трансмет“ е раскинат и ЕЛЕМ ќе ги преземе сите правни дејствија кои му стојат на располагање, согласно договорот и законите за да ја намали штетата која му е причинета од несовесното...

„Трансмет“ не му дозволил на вештакот на СЈО да изврши увид во фирмата

На вештакот кој по барање на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Труст“ требало да направи увид на механизацијата употребувана за ископ на јаглен и јаловина не му било дозволено да влезе во фирмата на обвинетиот бизнисмен Сеад Кочан - „Трансмет“. Вештакот, кој сведочеше на денешното рочиште, рече дека доставил барање до „Трансмет“ за да изврши увид, на кое не му...

Во Кривичен суд, денеска ново рочиште за „Труст“

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Труст“ на СЈО, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на „Електрани на Македонија“. Според обвинението, осомничените местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од...

СЈО го испраша првиот сведок во „Труст“, одбраната тврди дека ѝ се ускратени правата

Во Кривичниот суд во Скопје денеска со испрашување на сведоци продолжи судскиот процес против бизнисменот Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, обвинети во случајот „Труст“ на СЈО. Двајцата сведоци, Феим Имери - Фичо и Васил Ристовски, беа причина за препирање меѓу адвокатите на одбраната и обвинителите на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро. Одбраната приговараше дека овие лица ги немало на...

212 милиони евра завршиле во пет фирми за ископ на јаглен во РЕК Битола и во РЕК Осломеј

ЕЛЕМ платиле 161 милион евра на „Трансмет“, „Силекс неметали“, „Пелистер“, „Гранит“ и на „Марковски компани“ за ископ на јаглен и на јаловина во РЕК Битола, од 2012 до август 2017 година, информираше денеска на прес-конференција директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски. Тој додаде дека во истиот период, поради недостиг и неисправност на сопствената механизација, во РЕК Битола и во РЕК Осломеј била ангажирана и...

Анѓушев: „Трансмет“ порано наплаќала по 144 денари за ископ, а овој тендер го добила за 44

Фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан која го доби тендерот на ЕЛЕМ за ископ на јаловина во РЕК Битола, наплаќала и до 144 денари по ископ на 1 гигаџул, а сега компанијата е подготвена да ја врши истата услуга за 44 денари, соопшти денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев. -Најбитното прашање кое што треба да се одговори е, зошто...

Притворот и потерниците за Сеад Кочан укинати

Апелацискиот суд Скопје вчера до Основен суд Скопје ја доставил одлуката на Врховен суд со која се укинува притворот за бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на фирмата „Трансмет“ и на телевизијата „Нова“, по што Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 донел одлука да ги повлече потерниците што судот ги изрече, изјави Стојанче Рибарев, в.д. претседател на Основен суд Скопје...

Врховен суд в понеделник ќе каже дали го укинал притворот на Кочан

Притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ што го води Специјалното јавно обвинителство, е укинат, јави „Алсат - М“. Според информаците на телевизијата, ваква одлука е донесена во текот на вчерашниот ден. Со ова, наводно, се поништува домашната и меѓународната потерница за Кочан, распишана уште пред речиси два месеци. Кочан оттогаш е во бегство. Од Врховен суд, каде всушност се...

Вработените од „Трансмет“ протестираа додека Хан беше во ЕУ-инфоцентарот

Околу стотина луѓе попладнево се собраа на протест пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, додека во просториите се наоѓаше еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, кој денеска треба да одржи средби со лидерите и со претставниците на парламентарните партии. Пред ЕУ-инфоцентарот протестираат работници на компанијата „Трансмет“ и на телевизија „Нова“, како и поддржувачи на граѓанската иницијатива „За...

Сеад Кочан пристигна на распит во судот за случајот „Труст“

Сопственикот на „Трансмет“ и на телевизијата „Нова“, Сеад Кочан, попладнево во 13 часот дојде во Кривичниот суд во Скопје. Тој и Василије Авировиќ се двајцата осомничени во случајот „Труст“ за кои Специјалното јавно обвинителство бара од судот да им биде одредена мерка притвор. Бизнисменот Кочан во судот влезе на главниот влез, придружуван од адвокатот Никола Додевски, кој е бранител на поголем...

Македонија веќе не може да си ја дозволи алчноста на Груевски, обвинуваат од СДСМ

„По речиси три месеци од катастрофалната поплава што одзеде животи на 23 наши сограѓани, обиколницата сè уште е оштетена и ништо не е направено. Со оглед на итноста, одамна требаше да почне да се работи на санација на состојбата“, обвини денеска Дамјан Манчевски од СДСМ. - Откако по три месеци власта ништо не направи, донесе одлука работата за санација на обиколницата да...

Потребни се измени во Законот за јавни набавки за да се спречи фаворизирање на фирми

„Транспарентност Македонија“ предлага да се измени Законот за јавни набавки и да се предвидат механизми за контрола врз целиот процес на јавни набавки, од објавување на огласот до изборот на понудувачот и целосната реализација на набавката, за да се спречи фаворизирање на одредени фирми. Со тоа, според нив, би се отежнала можната корупцијата во оваа област. Тие, во последниот извештај за март...

Николовски: Нови 4 милиони евра завршиле кај фирмата „Трансмет“, чиј сопственик е Сеад Кочан

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, објави дека „нови 4 милиони евра завршиле кај фирмата „Трансмет“, чиј сопственик е Сеад Кочан.“ - Ова е договорот од 16 јули 2014 година, со кој фирмата „Трансмет“ добива тендер од повеќе од 184 милиони денари за изградба на пристапен пат за брана „Речани“ на Оризарска Река, Кочани. Ова е уште еден договор на дополнителни близу 57...

Бизнис-центар за ИТ-компаниите, во рамките на трговскиот центар „Емпорио“

Нов трговски и бизнис-центар на површина од 30.000  квадратни метри, кој ќе чини 30 милиони евра, се гради во Ѓорче Петров. Објектот е јавно-приватно партнерство меѓу Oпштината и компанијата „Трансмет“, а во негови рамки ќе биде сместена и општинската зграда. - Бизнис-центарот е целосно опремен за потребите на ИТ-компаниите, а услугите што ќе ги нуди не се достапни во сличните центри....

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...