fbpx
Таг: трансакции

таг: трансакции

АЕТМ: За 9 месеци, лани биле потрошени 29,9 милијарди денари во е-трговија

Во првите 9 месеци од 2023 година, биле потрошени 20,7 милјарди денари кон домашните е-трговци, покажуваат најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба на Народната банка на Република Северна Македонија во периодот јануари-септември 2023 година. Како што информираат од Агенцијата за е-трговија на Македонија, вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство со...

Поради растот на вредноста на „Биткоин“, Шведска на осуден дилер на дрога ќе му врати 1,6 милиони долари

Шведска мора да врати 1,6 милиони американски долари во биткоини, откако вредноста на биткоините на осуден дилер на дрога многукратно пораснала додека тој отслужувал затворска казна. Обвинителката Тове Кулберг изјавила за Шведското радио дека пред две години во судскиот процес да се одземат парите на дилерот на дрога, одноно 36 биткоини, коишто во тоа време вределе околу 137.000 долари. Но...

„Виза“ и „Пејпал“ овозможуваат плаќања со криптовалути

Виза
Компанијата за картички „Виза“ (Visa) соопшти дека ќе дозволи трансакции со криптовалутата „УСД Коин“ на нејзината платежна мрежа. Американската компанија веќе ја започна пилот програмата заедно со крипто-платформата „Crypto.com“, а планира да ја прошири соработката со повеќе партнери подоцна годинава. За овие трансакции, „Виза“ ќе го користи блокчејн системот на криптовалутата Етериум, пишува „Си-ен-би-си“. УСД Коин е криптовалута чија вредност...

Ангеловска: Отсега и општините и нивните јавни претпријатија на „Отворени финансии“

Отсега на платформата Отворени финансии ќе можат да се следат и сите исплати на единиците на локалната самоуправа и нивните буџетски институции. За ова информираше денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, која посочи дека е направена надградба со која се зголемени перформансите на системот и осега ќе се објавуваат и трансакциите на општините и нивните јавни претпријатија, на истиот...

Апел од банките: Не подигајте готовина повеќе од потребното, плаќајте со вашите картички

Bankomat lugje Stopanska Banka
Од Македонската банкарска асоцијација апелираат до граѓаните од нивните сметки да не подигнуваат повеќе од потребната готовина за покривање на нивните потреби. Подигнувањето готовина, велат банкарите, ги изложува граѓаните од зголемен ризик од повеќе аспекти, меѓу кои се и интензивните контакти со други луѓе и потенцијално губење или кражба на нивните пари. „Особено апелираме да се воздржувате од подигање готовина...

Рапидно растат онлајн плаќањата: Лани вкупно 133,7 милиони евра – за 18 отсто повеќе од 2017-та

Граѓаните лани потрошиле вкупно 133,7 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 23,8 милиони евра (17,8 проценти) во однос на претходната година, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Дури 64 отсто од вредноста на онлајн трансакциите реализирани со платежни картички издадени во Македонија се одлеале во странство, односно се реализирани кон трговци надвор од Македонија, додека 36 отсто од трансакциите...

НБМ со „денаризација“ ќе се бори против „евроизацијата“ на Македонија

Владата и Народната банка подготвија Стратегија за денаризација на Македонија во која се утврдени мерки за намалување на евроизацијата на земјата. Во стратегијата се вели дека одржувањето висока стапка на евроизација, како типичен феномен за транзициските економии и земјите во развој, е долгорочна карактеристика и на македонската економија. „Препознавајќи ги негативните ефекти од евроизацијата и ризиците врзани со неа, Народната...

Кирија за стан во центарот на Скопје, колку за три стана во Струга

Огромни разлики во висината на месечните закупнини на станови има во Скопје и во Македонија воопшто, кои во зависност од општината во просек варираат од 87 денари до 306 денари за еден станбен квадрат, покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот јули-септември, годинава. Пресметката покажува дека за стан од 60 квадрати...

Платежните картички најмногу се користат за повлекување пари од банкомат

Анализите за користењето на платежните картички покажуваат дека и покрај нивната зголемена употреба во последниот период, навиките на домашните потрошувачи отстапуваат од навиките на корисниците во ЕУ,  се вели во новата публикација, Информацијата за движењата во платниот промет во 2016 година на Народна банка. Платежните картички во Македонија сè уште најмногу се користат за повлекување готовина од банкоматите, за разлика од европските...

Бугарски државјанин осомничен за фалсификување платежни картички

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи (МВР), поднело кривична пријава против 37-годишниот бугарски државајнин К.З.З. поради сомневање дека изработил и употребил лажна платежна картичка. Како што информираат од МВР, осомничениот „со намера да прибави противправна имотна корист“, во текот на овој месец „прибавил банкарски податоци од вистински платежни картички и со нив извршил повеќе...

Утре ќе се пуштат во оптек апоените од 200 и од 2.000 денари

Утре (15 декември), Народна банка ќе ги пушти во оптек двете нови книжни пари во апоени од 200 и од 2.000 денари, а ќе ја повлече банкнотата од 5.000 денари. Воведувањето на двата нови апоени од 200 и од 2.000 денари, пак, е прва промена што се спроведува по период од 20 години. „Ваквата одлука е донесена врз основа на истражувања и...

Вашингтон воведува нови економски санкции за Пјонгјанг

САД воведуваат нови економски санкции кон Северна Кореја за дополнително да ѝ го ограничат пристапот до меѓународниот финансиски систем, поради „заканата“ што ја претставува режимот во Пјонгјанг. Американското министерство за финансии оцени дека Северна Кореја е центар за перење пари и најави дека ќе преземе мерки за ограничување на меѓународните финансиски трансакции со таа земја. Новите санкции треба да го спречат Пјонгјанг да ги користи...

Девизните резерви во јануари намалени за околу 14 милиони евра во однос на декември

Девизните бруто-резерви на крајот на јануари изнесуваат 2.246.900.000 евра, што претставува намалување од 14.800.000 евра во однос на декември 2015 година, соопшти Народната банка во најновиот извештај. Намалувањето кај девизните резерви се должи на интервенциите на Народна банка на девизниот пазар и на трансакциите за сметка на државата, во услови на зголемување на пазарната вредност на резервите, како резултат на пресметаните...

Пад на девизните резерви од 100 милиони евра на квартална основа

Состојбата на девизните бруто-резерви на крајот од второто тримесечје на 2015 година изнесуваше 2.254.800.000 евра, што претставува пад од 100 милиони евра, на квартална основа, пишува во кварталниот извештај на Народна банка. - Намаленото ниво на девизните резерви се должи на нето-продажбата на девизи од страна на НБРМ, нето-одливите на средства врз основа на трансакции за сметка на државата, во...

Прометот на македонската берза е намален за 72,61 процент

Прометот на македонската берза е намален за 72,61 процент, стои во месечниот извештај на Македонска берза. Има пад и на бројот на трансакции од 34,56 проценти. Во јули биле реализирани 909 трансакции и промет од 119.787.481 денари. Според извештајот, само 3 проценти од инвеститорите се странски физички и правни лица, а остатокот од 97 проценти се домашни вложувачи.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...