fbpx
Таг: Трајко Вељаноски

таг: Трајко Вељаноски

Вељаноски: Македонија посветува максимално внимание на регионалната соработка

„Досега Македонија има шест препораки за почнување на преговорите со ЕУ, но поради еден апсурден билатерален спор и непочитување на принципот на солидарност од нашиот јужен сосед, ние сме блокирани во нашите евроатлански интеграции. Сепак, ние како држава не се откажуваме од региналната соработка со сите држави во регионот и тоа на сите полиња“, рече претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски,...

Вељаноски повика на единство и на обединување како на Илинден

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска пред споменикот на претседателот на првиот президиум на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, во Скопје, повика на единство и на обединување и порача дека за Македонија останува приоритет членството во НАТО и во ЕУ и вложувањето за развој на државата. - Како прв меѓу еднаквите пратеници, уште еднаш повикувам на обединување на сите...

Вељаноски: Од „балкански“ треба да преминеме кон „нордиски“ менталитет

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска се обрати на Третата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што се одржува во Софија. Тој пред присутните рече дека во изминатите две декади регионот поминал низ значајни промени, дека се постигнати значајни реформи кои обезбедиле демократизација и имплементација на европските стандарди. - Но, морам...

Иванов, Вељаноски, Заев и ВМРО-ДПМНЕ го честитаа Денот на сесловенските просветители

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. „Одбележувајќи го големиот празник 24 мај, ја славиме историската и епохална мисија на солунските браќа. Големите просветители ја составија првата словенска азбука - глаголицата. Со помош на глаголицата тие ја препеаја Библијата на старословенски насочувајќи дека...

Вељаноски и Хајндл согласни дека е потребна итна реализација на Извештајот на Прибе

Сите политички субјекти треба да го тргнат личниот интерес на страна и да го стават во преден план интересот на државата за доброто на граѓаните, како и да се преземат итни и решителни чекори за реализирање на забелешките од Извештајот на Прибе со цел земјата да се врати на патот на евроатлантските интеграции. Ова е заедничкиот став од средбата...

ДИК бара одложување на изборите поради несразмерност на бројот на гласови во изборните единици

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) ќе побараат од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, измени во Изборниот законик. Измените се бараат поради тоа што имало несогласувања во бројот на гласачите во три изборни единици - тројката, четворката и шестката. ДИК заклучиле дека има отстапувања од најмалку пет проценти во бројот на гласачите во овие изборни единици. Имено, според Законот за избори,...

Вељаноски упати покана до меѓународната заедница за следење на изборите

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Илка Канерва, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт и до претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Р. Тарнер, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници во Собранието, да ја известат...

Вељаноски се спротистави на одлуката на Иванов за аболиција

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, преку писмо го извести претседателот Ѓорге Иванов дека ја одбива аболицијата. - Никогаш не сум побарал од Вас никаква аболиција, од едноставна причина што навистина нема за што да ме аболирате. Истовремено, како што тоа го истакнав во моето соопштение до јавноста во средата, на 13 април, најенергично се спротиставувам на Вашата одлука за аболиција. Но,...

Вељаноски го потпиша решението и ги распиша изборите

Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, денеска ги распиша изборите, информираат од неговиот кабинет. Во соопштението од кабинетот на Вељаноски пишува дека тој решението го доставил до Државната изборна комисија како орган за спроведување на изборите, до Министерството за правда и до Министерството за надворешни работи. „Почитувани граѓанки и граѓани, верувам дека сите субјекти вклучени во изборниот процес ќе придонесат...

Вељаноски денеска треба да ги распише изборите

Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на РМ, денеска треба да ги распише предвремените парламентарни избори, кои е предвидено да се одржат на 5 јуни. „Во согласност со одлуката за распуштање на Собранието, јас, како претседател, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување избори, одлучив решението за распишување на предвремени парламентарни избори да го потпишам на 15 април, а...

Вељаноски: Не постои уставна можност да се свика Собранието

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, преку соопштение информираше дека добил иницијатива со која се бара свикување на итна седница на Собранието за поведување постапка за утврдување на одговорноста на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Вељаноски рече дека со Уставот не постои можност за повторно свикување на Собранието. „Во консултација со стручната служба на Собранието, а во согласност со едногласната одлука на Уставниот...

Решението за распуштање на Собранието, Вељаноски ќе го потпишe на 15 април

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, донесе одлука решението за распуштање на Собранието да го потпише на 15 април. Како што се вели во соопштението од кабинетот на Вељаноски, оваа одлука е донесена за изборите на 5 јуни да бидат фер и демократски. „Во согласност со одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, јас, како претседател на Собранието, водејќи се врз...

Вељаноски го распушти Собранието, избори на 5 јуни

Спикерот Трајко Вељаноски вечерва го распушти Собранието без да ги изгласа оставките на техничките министри и на дополнителните заменици министри од редовите на СДСМ. На седницата не беа присутни пратениците од опозицијата. Вељаноски им се заблагодари на сите колеги и им посака среќа. - Поминавме тешки премрежиња, но во овој мандат имавме многу успеси. На сите ви посакувам среќа на личен...

Вељаноски: Собранието ќе се распушти на 7 април

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, во интервју за телевизијата „Нова“ вели дека Собранието ќе се распушти на 7 април и дека изборите ќе се одржат на 5 јуни. - На 7 април веќе ќе биде распуштено Собранието, значи на 6 април може да работи до полноќ во согласност со одлуката за измена на одлуката за распуштање на...

Вељаноски ги констатираше оставките на министрите и на замениците на ДУИ

Претседaтелoт нa Сoбрaниетo, Трaјкo Вељaнoски, нa денешнaтa пленaрнa седницa, ги кoнстaтирaше oстaвките нa министрите и на зaмениците министри нa Демoкрaтскaтa унијa зa интегрaцијa (ДУИ). Вo текoт нa денoт се oчекувa Вељaнoски дa свикa нoвa седницa и нa дневен ред дa се стaви тoчкaтa за избoр на нoвите министри, кoи вчерaвечер ги предлoжи ДУИ. Фестим Халили е предложен за заменик претседател на...

Вељаноски: Ако партиите се договорат, можно е одложување на изборите

Кога четворицата лидери го ставиле потписот на Договорот во Пржино, веројатно имале предвид дека 24 април е изводлив датум за одржување предвремени избори, вели претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, за „Гласот на Америка“. Запрашан дали е можно одложување на изборите на 24 април, под кое било сценарио, тој додава дека сè е можно ако се договори. - Но, не е...

Делегација на Собранието ќе присуствува на молитвениот појадок во Вашингтон

Делегација на Собранието, предводена од претседателот Трајко Вељаноски, престојува во Вашингтон, каде што ќе учествува на 64. Молитвен појадок, традиционален, национален американски собир. Во состав на делагацијата се потпретседателот на Собранието, Рената Десковска, и Павле Саздов и Нора Алити. Делегацијата на Собранието во текот на својот престој во Вашингтон ќе учествува на неколку настани поврзани со појадокот, а ќе оствари и...

Иванов и Вељаноски упатија честитки по повод празникот Богојавление – Водици

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, и до сите верници од православна вероисповед. „Одбележувајќи го денот, на кој според преданијата свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, го славиме крштевањето како една од светите...

Груевски ја доставил оставката до Вељаноски

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, соопшти дека денеска му била доставена оставката од премиерот Никола Груевски и дека тој ќе постапи во согласност со уставните, законските и со деловничките права и обврски. „Истовремено, имајќи ги предвид преземените политички обврски на лидерите на најголемите политички партии во Република Македонија во согласност со договорот од 2 јуни 2015 година и...

Груевски денеска ќе ја депонира оставката во Собранието

Премиерот Никола Груевски, во синоќешното обраќање до јавноста, соопшти дека денеска наутро до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе ја депонира оставката на функцијата премиер. - Утре до претседателот на Собранието ќе го испратам писмото со оставката на функцијата претседател на Владата, која ќе биде активирана на 100 дена пред изборите. Оваа оставка ја претставува силата на нашето убедување и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...