fbpx
Таг: трагедија

таг: трагедија

Обвинителството бара притвор за таткото што си ја претепа до смрт двегодишната ќерка

Основното јавно обвинителство Кичево донело наредба за спрoведување истражна постапка против Ф.Д (29), за кривично дело – убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. МВР денеска соопшти дека тој се сомничи дека на 18 декември крвнички ја претепал својата двегодишна ќерка, која по 21 ден борба за живот, починала...

Четиринаесет лица изгореа живи, а никој за тоа не одлежа ниту еден ден затвор, кажаа протестирачите во Тетово

„Четиринаесет изгубени животи, вистината да излезе на виделина“,„Четири несреќи, 97 загинати, 0 осудени“, „Правда, а не пазарење“, „Правдата е лажна вест во оваа држава“. Ова се само дел од транспарентите со кои повеќе од стотина граѓани денеска во Тетово го искажаа својот револт поради тоа што, како што велат, нема правда и одговорност за четиринаесетмината луѓе кои живи изгореа...

Величење и поддршка на малолетниот убиец – како содржините на ТикТок го претставија масакрот во Србија?

„Само гениј може да убие 9 лица на млади години, тој е гениј“. Ова го пишува на видео на социјалната мрежа ТикТок, испишано над фотографии од 13-годишниот К.К. од Србија, обвинет за убиство на вкупно 9 лица – осуммина ученици и човек од обезбедувањето на училиштето. Видеото има речиси 620.000 прегледи и над 90.000 допаѓања. Корисничката сметка од која е објавено...

Момчето што уби соученици во Белград имало список, план и молотови коктели, уапсен е и неговиот татко

Србија прогласи тридневна жалост по вооружениот напад во кој 14-годишен ученик уби осум ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и рани четири момчиња, две девојчиња и наставничка. Претставникот на Министерството за внатрешни работи на Србија, Веселин Милиќ, на прес- конференција изјави дека ученикот од седмо одделение Коста К., во 8.42 часот самиот повикал полиција и кажал...

Домашно куче „бул мастиф“ усмрти дете, во Градска болница донесено без знаци на живот

Домашно куче од расата „англиски бул мастиф“ вчера усмрти осумгодишно дете, откако поради тешките повреди искрварило до смрт, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). Трагедијата се случила во населбата Пинтија, Кисела Вода. Неофицијално, станува збор за раса „англиски бул мастиф“. Како што објавува МВР, вчера, во 18:25 часот, од градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај...

Една година од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица

Денеска се одбележува точно една година од несреќата во која трагично загинаа 45 патници, во најголем дел македонски државјани, кои патуваа со автобус на „Беса транс“ што изгоре на автопатот „Струма“ во Бугарија, близу Перник. Спасени беа седум лица, а беа сместени во медицинскиот центар „Пирогов“ во Софија. Истрагата за несреќата не е завршена во Бугарија. Се чекаат одговори од...

Една година од трагичниот настан во тетовската Модуларна болница: Погледот на јавноста свртен кон судот

Осум жени и шест мажи на возраст од 29 до 78 години, пред една година го загубија животот во трагичен настан, откако избувна пожар во тетовската Модуларна болница каде што се лекуваа од ковид-19, со надеж дека еден ден ќе закрепнат и ќе се вратат кај своите семејства. Се спасија 12 други пациенти, заедно со двајца лекари и четири...

Филипче: Двајцата пациенти од Бугарија префрлени на Клиниката за пластична хирургија

Пациентката на 17 годишна возраст и пациентот на 49 годишна возраст, кои беа повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот „Струма" во Бугарија, претпладнево се префрлени на лекување во клиничкиот центар „Мајка Тереза" во Скопје, информира Министерството за здравство. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, ги пречека пациентите и во изјава за медиумите истакна дека двајцата се стабилни,...

Венко Филипче си поднесе оставка од функцијата министер за здравство

Министерот за здравство Венко Филипче понудил пишана оставка до премиерот Зоран Заев поради катастрофалниот пожар во ковид-болницата во Тетово, во кој загинаа 14 лица. Тој ова го соопшти пред малку во своето обраќање од Владата. Освен Филипче, и заменик-министерот за здравство Илир Хасани поднесе оставка од функцијата.  Исто така оставка поднесоа и двајцата директори на болницата во Тетово Флорин...

Амбасадорите Галовеј и Гир изразија сочувство за жртвите во трагедијата во Тетово

Трагедијата која синоќа се случи во Тетово, пожарот во ковид-центарот и загинувањето на најмалку 14 лица, е топ тема во регионот, а изрази на сочувство до граѓаните пристигнуваат од сите страни. Амбасадорот на Европската Унија во државата Дејвид Гир напиша дека нивните мисли се со луѓето од Тетово. „Нашите мисли утрово се со луѓето во Тетово после трагичниот пожар во модуларната...

Бројката на загинати во автобуската несреќа се зголеми на 14, а шестмина се борат за живот

По завршување на синоќешната вонредна владина седница по повод тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово, премиерот Зоран Заев соопшти дека бројката на загинати се зголеми на 14, а шестмина се борат за живот. Телата на загинатите се дадени на обдукција на Институтот за судска медицина каде што се врши идентификација. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека истрагата за причините...

Владата донесе одлука 14 и 15 февруари да бидат денови на жалост

Владата на вонредна седница донесе одлука 14 и 15 февруари да бидат денови на жалост поради тешката сообраќајна несреќа која се случи на патниот правец Скопје - Тетово. Премиерот Зоран Заев по завршување на седницата соопшти дека бројката на загинати се зголеми на 14, а шестмина се борат за живот. „Автобусот се движел на релација Скопје-Тетово, несреќата е кај село Ласкарци. Неутврдени...

Владата финансиски ќе го помогне семејството Зулбеари

Поттикната од трагичниот настан во тетовската населба Поток, во кој семејството Зулбеари во пожар ги загуби мајката и четирите малолетни деца, што длабоко ја потресе целата македонска јавност, Владата денеска ја свика 51. седница и донесе заклучок за доделување на еднократна парична помош, информираат од таму. „Покрај паричната помош во висина од 300 илјади денари за семејството Зулбеари, на седницата...

Скопје се потсетува на жртвите на катастрофалниот земјотрес пред 54 години

Со низа настани, денеска Скопје се потсетува на една од најголемите трагедии во неговата историја - катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година. На денешен ден пред 54 години Скопје беше разурнато од земјотрес со сила од 9 степени според Меркалиевата скала (магнитуда од 6,1 степени), во кој загинаа 1.070 луѓе, а околу 4.000 беа повредени. Потресот уништи 15.800...

Бројката загинати во шумските пожари во Португалија достигна 62 лица

Неконтролираниот шумски пожар што го погоди централното подрачје на Португалија од вчеравечер досега одзеде 62 човечки живота и повреди десетици луѓе. Стихијата медиумите од Европа ја нарекоа најголемата трагедија од шумски пожари во последните години. Владата на Португалија веќе прогласи тридневна жалост. Најмалку 54 луѓе се повредени во пожарот, вклучувајчи осуммина пожарникари и едно дете. Четворица од пожарникарите се во критична состојба денеска,...

Загинаа најмалку 43 лица во шумски пожар во Португалија

Најмалку 43 лица загинаа синоќа во шумски пожар во околината на португалскиот град Леириа, во центарот на земјата. – Се соочуваме со ужасна трагедија. Можно е оваа бројка да се зголемува. Ова е најголемата трагедија во последно време во поглед на шумските пожари - изјави  португалскиот премиер Антонио Коста, во седиштето на португалската цивилна заштита во Лисабон. Најмалку 59 лица се...

Нова бегалска трагедија во Егејско Море

Нова бегалска трагедија се случи во водите на Егејско Море. Изутринава својот живот при транспорт од Турција го изгубија 20 бегалци при потонување на гумени чамци што ги пренесувале кон грчкиот брег. Трагедијата се случила во раните утрински часови, во близина на островите Фармакониси и Калолимнос, кога два чамци се превртеа на патот кон копното. Грчката крајбрежна полиција засега спаси околу шеесетина...

Најмалку 14 мигранти загинале во несреќа на пругата Велес – Скопје

Најмалку 14 илегални мигранти загинале откако синоќа во нив удрил воз на пругата Велес - Скопје, пренесуваат медиумите. Трагедијата, според првичните информации, се случила во близина на стојалиштето Пчиња, кога меѓународен воз налетал на 50-члена група што се движела во правец кон Белград. Како што пренесува „24 Вести“, теренот каде се случила несреќата бил непристапен и спасувачките екипи и полицијата таму пристигнале со...

Владата одлучи дека проблемот со специјализантите ќе го реши по изборите

Владата на денешната седница ја разгледала Информацијата од Министерството за здравство, во врска со специјализантите по медицина, кои со сопствени средства ја плаќаат специјализацијата, а кои се работно ангажирани...