fbpx
Таг: Траекторија

таг: Траекторија

Контраспин: Кирацовски како Крале Марко на Косово Поле

Пратеникот Александар Кирацовски мотивиран од застарувањето на делото против Николa Груевски „Траекторија“ и мотивиран (дури сега?) од бегството, што и двете за него биле „луксуз“ што не смее да се дозволи, ѝ соопштува на јавноста дека ќе предложи измени на закон со кој кривични дела направени од избрани и именувани функционери нема да застарувале. Според повеќе аргументи овој предлог...

Груевски се спаси за „Траекторија“ – предметот застарел (хронологија + „бомба 14“)

Поради апсолутна застареност на основата за кривично гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Траекторија“, тој нема да одговара за малверзации во врска со автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, констатираше судијата. Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе бидат платени од државниот буџет. Адвокатот назначен по службена должност да го брани Груевски, Горан Кркински,...

Продолжуваат судските рочишта за „Траекторија“, „Тарифа“ и „Тенк“

Во Кривичниот суд денеска се одвиваат рочишта за предметите „Траекторија“ „Тарифа“ и „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба...

Судењето за „Траекторија“ продолжува на 4 септември

Со преслушување на уште 20-тина „бомби“, приложени како доказ, денеска се одржа уште едно рочиште од случајот „Траекторија“, односно за изградбата на автопатите Кичево -Охрид и Миладиновци -Штип со кинески кредити, во кој обвинети се екс премиерот Никола Груевски, поранешниот вице премиер Владимир Пешевски, екс министерот Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски. Следното рочиште...

Денеска рочишта за „Траекторија“, „Труст“ и „Тарифа“

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, „Труст и „Тарифа“. Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија...

На рочиштето за „Траекторија“ се слушаа 30 „бомби“, судењето продолжува на 4 јули

о Кривичниот суд денеска на рочиштетот за предметот „Траекторија“ на СЈО беа пуштени 30 „бомби“ односно прислушувани разговори кои СЈО ги доставило како докази, а се однесуваат за периодот во јануари 2013 година. Во дел од разговорите во кои скоро сите ги води поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески се слушаа информации околу постапката за тендерската документација за...

Судењето за „Траекторија“ одложено за 29 мај

Адвокатот Димитар Дангов на денешното рочиште за предметот „Траекторија“ побара судењето да се одложи за 29 мај, бидејќи, како што рече, еден од обвинетите, Никола Груевски напладне ќе присуствува на соопштување на пресудата за предметот „Тенк“. Во случајот „Траекторија“ обвинети се Никола Груевски, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски поради тоа што во втората половина на 2012 година и...

Во Кривичeн суд Скопје денеска судења за „Монструм“ и „Траекторија“.

Во Кривичниот суд во Скопје ќе се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Монструм“ и „Траекторија“. На рочиштето за „Монструм“ исказ  треба да дадатт двајца обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. На претходното рочиште повеќе од пет часа исказ даваа обвинетите Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, кои се изјаснија дека не...

Одбиено барањето за изземање на судечкиот совет за „Траекторија“

Рочиштето за предметот „Траекторија“ на СЈО попладнево продолжи откако судијата Горан Бошевски соопшти дека е одбиено како неосновано барањето на одбраната за изземање на судечкиот совет и судиите поротници. Адвокатот Еленко Миланов, којшто го побара тоа рече дека одбивањето на барањето за изземање на судечкиот совет и отфрлањето на барањето за изземање на претседателот на Кривичен суд Иван Џолев...

Одбраната побара изземање на судиите во „Траекторијa“

Одбраната на обвинетите во судењето „Траекторија“, по обвинение на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на денешното рочиште побара изземање на Судечкиот совет, како и на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, и на судии од Апелацискиот суд. Адвокатот Еленко Миланов рече дека изземањето го бараат поради информации и изнесени од специјалната обвинителка Катица Јанева на една телевизија дека во снимените аудио...

Судења за „Траекторија“ и „Триста“ во скопскиот Кривичен суд денеска

Во Основен суд Скопје 1 (Кривичен суд) денеска треба да се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречени „Траекторија“ и „Триста“. На рочиштето за „Траекторија“, за договорот со кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс-министерот за транспорт...

Груевски, Јанакиески и Пешевски се изјаснија за невини во случајот „Траекторија“

Кривичниот суд го одби барањето на поранешниот премиер Никола Груевски „бомбите“ да не бидат докази во случајот со провизии од кинеските автопатишта со што започнаа воведните говори во случајот на СЈО „Траекторија“. Во судницата покрај Груевски присутни се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо...

Продолжува судењето на Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски за „Траекторија“

Во скопскиот Кривичен суд (Основен суд Скопје 1) денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот на СЈО „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО, тие во втората половина на 2012...

Груевски за „Траекторија“ ги спори СМС-пораките, СДСМ и СЈО можеле да ги менуваат

Поранешниот премиер Никола Груевски во продолжението на рочиштето за случајот „Траекторија“ побара од судот да ги отфрли СМС-пораките како недозволен доказ, бидејќи, како што рече, не може да се утврди нивната автентичност и оти многу лесно може да се манипулира нивната содржина. Тој рече дека е можно тоа да се правело и во СДСМ и во Специјалното јавно обвинителство...

Груевски стаса на рочиштето за „Траекторија“ дури откако тоа се одложи

Откако судијата Горан Бошевски на самиот почеток го одложи за денеска закажаното рочиште за случајот „Траекторија“ а потоа замина и обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, во Основен суд Скопје 1 со задоцнување стаса и поранешниот премиер Никола Груевски. Судијата Бошевски даде два предлога за следното продолжение на судењето - 31 јануари и 14 февруари, но не...

Јанакиески и Пешевски пристигнаа во суд, се чека Груевски

Во Основен суд Скопје 1 пред малку пристигнаа поранешните министер и вицепремиер Миле Јанакиески и Владимир Пешевски, а се чека и Никола Груевски, пред да почне судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, во кој се обвинети за злоупотреба на службената положба за незаконско склучување договори за изградба на автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип. Притоа,...

Груевски: СЈО потврди дека „бомбите“ може да се монтираат, сечат и лепат

Судењата за „Траекторија“ и за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 се политички монтирани случаи заради остварување политичка цел, изјави денеска доскорешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, откако во Основен суд Скопје 1 се одржаа кратки рочишта од двете судења. Во врска со денешното рочиште за „Траекторија“, Груевски како „исклучително интересен и фрапантен момент“ го оцени...

Судењето за „Траекторија“ одложено за 26 декември поради „Шамарите во Центар“

Судијата Горан Бошевски по кратка работа на денешното рочиште од судењето за случајот на СЈО, „Траекторија“, го прекина рочиштето откако беа слушнати барањата на одбраната на обвинетите. Следното рочиште ќе се одржи на 26 овој месец, а денешното беше прекинато бидејќи во судницата во 11.30 часот треба да продолжи судењето за случајот „Шамари во Општина Центар“. Денеска адвокатите на одбраната...

Дури 315 снимки и СМС-пораки во доказите на СЈО за „Траекторија“

Вкупно 315 снимки од прислушувани разговори и СМС-пораки се дел од доказниот материјал на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во случајот „Траекторија“, соопшти на денешното рочиште обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова. Најголем дел од тие снимки не се пуштени во јавност. Во овој случај, околку договорите за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, обвинети се поранешниот премиер и...

Груевски и Јанакиески денеска на две судења

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски, и пораншниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска поголем дел од денот ќе го поминат во Основен суд Скопје 1, поради неколку судења. Во 9.45 часот почнува рочиштето за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Траекторија“, во кој освен двајцата обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...