fbpx
Таг: товарни возила

таг: товарни возила

МВР испрати 98 товарни возила на вонреден технички преглед

Речиси 100 камиони и комбиња биле исратени на вонреден технички преглед  за време на вчерашната акциска контрола на МВР за казнување возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. „При контролата 98 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 31 товарно моторно возило, 19 за техничка неисправност...

Забрана за камиони кај Маврово и Стража, остатоци од снег на коловозите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со среден интензитет паѓа во Битола, Крива Паланка, Делчево, Демир Капија, Удово, Гостивар, Крушево, Павлешенци, Кочани, Делчево, Смојмирово, Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар. АМСМ информира дека на регионалниот пат од село Рогачево до граничен премин Јажинце поради силен...

ССМ: На отворено да се работи до 17 часот и да се зголемат контролите на градилиштата

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара да се почитуваат мерките на Владата за заштита од загадениот воздух што почнаа вчера. Лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот, да се зголемат инспекциските контроли на градилиштата и да се ограничи до 50 отсто употребата на службените возила. Според ССМ, секоја институција треба да дејствува во својот домен. - Министерствата за животна средина и за...

Сообраќајот се одвива во зимски услови, забрани за камиони и блокирани патишта

Поради врнежите од снег, забрана за сообраќај за тешки товарни возила е воведена на планинските превои Плетвар, Стража, Пресека и на патниот правец од Маврово кон Дебар и обратно, а патниот правец Македонски Брод - село Здуње, на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид возила, соопшти утрово Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на државните патишта се...

Забраната за товарни возила за влез во Грција сè уште важи

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на места со остатоци од снег, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека, како и на патниoт правец Маврово - Дебар, каде за другите возила задолжително е користење на зимска опрема. Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, не...

АМСМ: Забрана за тешки товарни возила на Стража, Маврово и на патот Тетово – Попова Шапка

На планинските превои Стража и Маврово превентивно се воведува забрана за тешки товарни возила, а забрана за тешки товарни возила и за автобуси е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува задолжително носење зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Магла...

АМСМ: Забрана за тешки товарни возила на патот Охрид – Ресен

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози, а поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Охрид - Ресен преку планинскиот премин Буково, информираат од АМСМ. Забраните за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево и крак Маврово - Дебар, кои беа воведени...

Тргната забраната за товарни возила на Стража

Денеска сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. Од 7.30 часот се укинуваат забраните за тешки товарни возила на Стража, кракот кон Маврово и на Пресека. Намалена видливост поради магла има во Битола и во Македонски Брод до 100 метри и на Плетвар до 50 метри. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на...

Скопската обиколница утре ќе биде отворена за сообраќај

Скопската обиколница утре ќе биде отворена за сообраќај, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Обиколницата нема да се користи за снимање на филм поради најавените врнежи од дожд. Тешките камиони и шлеперите ќе можат да го користат овој алтернативен пат и да ги растоварат патиштата што поминуваат низ градот.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...