fbpx
Таг: торнадо

таг: торнадо

Објектот на „Фајзер,“ погоден од торнадо, не е во Калифорнија и не произведува ковид вакцини

Силното торнадо ја погоди Северна Каролина, а не Калифорнија, како што невистинито се тврди во оваа објава. Во невремето не е комплетно уништена фабрика на „Фајзер“, туку  е сериозно оштетен магацин за специфични лекови кои се даваат на пациенти по пат на инфузии или инјекции. Исто така, овој објект не е на никаков начин поврзан со вакцините против ковид-19,...

Најмалку 23 лица загинаа од торнадо во САД

Во американската сојузна држава Мисисипи загинаа најмалку 23 лица, а четворица се водат за исчезнати во торнадото што зафати неколку населени места во централниот дел на САД, пренесува Гардијан. Огромни штети од торнадото и грмотевиците се регистрирани во малите градови Силвер Сити и Ролинг Форк, каде торнадото со брзина од над 110 километри на час предизвикало оштетувања на куќи...

Деветнаесет пожарникари работеле на санирање на штетите од невремето во Неготино

Деветнаесет пожарникари работеле синоќа до 23 часот на санирање на штетите од невремето во Неготино, кое беше проследено со силен ветер и поројни дождови. „Општина Неготино, од 16:10 до 16:30 часот, беше зафатена од силен ветер и поројни врнежи од дожд, се направени штети, паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци и слично. За...

Расте бројот на жртви од силните бури што погодија неколку американски држави

Во тек е потрагата по преживеани во делови од шест американски држави опустошени од силните торнада во кои загинаа најмалку 94 лица. Десетици се водат како исчезнати, а цели градови беа уништени откако неколку разорни торнада го погодија централниот и јужниот дел на Соединетите Американски Држави (САД) во петокот и саботата, пренесува „Би-би-си“. Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на...

Разорно торнадо однесе најмалку четири животи и остави пустош во Чешка

Силно торнадо придружено со град нанесе огромни штети во неколку села во Чешка и уби најмалку четири лица, а остави над 100 луѓе повредени. Во ужасното невреме вчеравечер, ветриштата откорнуваа цели дрва и покриви во југоисточните области Брецлав и Ходоњин, превртуваа автомобили и нанесоа други материјални штети, јави Би-би-си. Во најтешко погодените подрачја биле забележани ветришта од 220 километри на...

Во торнадо настрадаа мајка и ќерка

Во торнадо кое ноќеска ја погоди сојузната американска држава Луизијана, настрадале мајка и нејзината тригодишна ќерка, соопшти гувернерот на Луизијана, Џон Вел Едвардс. Торнадо со брзина од околу 180 километри на час го погоди селото Крукс Бриџ, околу 80 километри западно од Батон Руж, главниот град на Луизијана. Портпаролот на шерифот на оваа област, Џини Хигинс, изјави дека невремето го погодило...

Торнадо ја погоди Луизијана

Илјадници лица останаа без струја, а повеќе куќи се оштетени од силното торнадо што го погоди источниот дел од американскиот град Њу Орлеанс. Националната метеоролошка служба соопшти дека најмалку три торнада го погодиле југот на американската држава Луизијана. Невремето се случило синоќа, а властите се обидуваат да ја проценат штета. Локалните медиуми јавуваат дека има повредени, но властите сè уште не го потврдиле...

Пет лица загинаа при торнадо во Алабама и во Тенеси

Торнадото кое помина низ американските сојузни држави Алабама и Тенеси усмрти најмалку пет лица, а причинета е голема материјална штета. Американските власти соопштуваат дека има голем број на повредени. Три лица загинале во округот Џексон во Алабама, а уште две лица во округот Полк во Тенеси. Во округот Де Калб целосно е уништена детска градинка која била затворена во моментот на невремето,...

Жртви и голема материјална штета од невремето во Рим

Човечки жртви и голема материјална штета се последиците од силниот ветер проследен со бура и торнадо кои синоќа го погодија Рим. Во местото Ладисполи, на 30 километри од Рим, едно лице загинало кога врз него се урнал дел од зграда, а десетина се повредени. Има голем број паднати дрва и уништени продавници, но најголемите штети се на железничката станица, каде се урнала...

Три жртви и голема материјална штета од силното невреме во Грција

Тројца грчки граѓани го изгубија животот на Пелопонез, а една жена од Солун се води за исчезната во невремето и по обилните дождови што вчера ја зафатија Грција. Во невремето се поплавени огромен број места низ целата земја, причинети се катастрофални материјални штети, а дел од градовите, селата и од автопатите се блокирани и привремено отсечени. Во Солун ситуацијата беше особено лоша...

Две лица загинаа во торнадо во Оклахома, САД

Две лица загинаа во силните торнада што ги зафатија регионите од јужниот дел на американската сојузна држава Оклахома, пренесуваат американските медиуми. Торнада биле регистрирани и во државите Ајова и Небраска, но засега нема податоци за тоа колку лица се повредени и колкава е материјалната штета.

Бурите во САД однесоа 43 животи

Во серијата бури што го зафатија јужниот и југозападниот дел на САД загинаа најмалку 43 лица, разурнати се повеќе згради и отежнат е сообраќајот за милиони лица за време на празничниот викенд. Најмалку 11 лица настрадаа во Тексас, во подрачјето Далас, при ударот на серија торнада. Уништени се цркви, автомобили, а урнати се дрвја во зона долга 64 километри. Претставниците проценуваат дека...

Шест лица загинаа во невреме во САД

Најмалку шест лица загина, повеќе десетици се повредени, а две се водат за исчезнати во невремето и во торнадото што во средата го зафатија истокот на САД, јавуваат локалните медиуми. Неколку населби се во урнатини во налетот на торнадото, кое опустоши неколку сојузни држави. Опасноста и понатаму е присутна, имајќи предвид дека други силни торнада им се закануваат на Тенеси, Алабама, Кентаки и на...

Торнадо широко една милја го погоди Тексас

Торнадо широко една милја го погоди Северен и Централен Тексас, соопшти Националната метеоролошка служба, додавајќи дека на некои места паѓал град со големина на тениска топка. Повеќе од 30.000 луѓе во Тексас останале без струја, а најлоша е ситуацијата во Остин, каде 7.600 луѓе останале без електрична енергија. Агенцијата за вонредни ситуации во округот Џонсон наведе дека засега нема повредени иако бурата однела...

САД: Четворица загинати во торнадо во Мисисипи

Најмалку четири лица загинаа во торнадото што ја погоди сојузната американска држава Мисисипи. Како што јавуваат американските медиуми, најтешко погодено е гратчето Колумбија, во округот Мерион, каде бурата со себе носела автомобили и покриви од куќи. Според првичните извештаи, многумина се повредени, но засега не се знае точната бројка. https://www.youtube.com/watch?v=5ThYjzi85hk

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...