fbpx
Таг: топловодна мрежа

таг: топловодна мрежа

ЕСМ чека дозвола од Град Скопје за да ги постави топловодните цевки на мостот „Беласица“

АД ЕСМ е подготвен по добиената дозвола од Градот Скопје да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок, велат од државната компанија. „Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе...

Пожар под мостот „Беласица“, во тек е увид на настанатата штета [Галерија]

Синоќа околу полноќ е пријавено дека настанал пожар под мостот на улица Беласица кај Ист Гејт Мол. Пожарникарите неколку часа ги гаселе огромните пламени јазици, а утрово мостот „Беласица“ е затворен за сообраќај на потегот од булеварот Гоце Делчев до улицата Никола Карев. „Полициски службеници излегле на местото на настанот, а сообраќајот бил пренасочен. Пожарот е изгаснат од екипи на...

Ќе се проширува парното во населбите Автокоманда, Маџари, Хиподром, Железара и Триангла

Постојната топловодна мрежа во скопските населби Автокоманда, Маџари, Хиподром, Железара и Триангла од подружница на АД ЕСМ - „Енергетика“ ќе се доградува и проширува со што поголем број на домаќинства и на деловни објекти ќе се приклучат на парно греење. За таа цел АД Електростопанство на Северна Македонија, ЕСМ, на почетокот на јануари годинава распиша оглас за склучување на договор...

Од утре започнува грејната сезона, БЕГ уверува дека системот е во целост подготвен за испорака на топлинска енергија

Од утре, 15 октомври, започнува грејната сезона 2020/2021 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува БЕГ. За домаќинствата и правните субјекти во Скопје кои се приклучени на централниот систем за топлинска енергија, утре почнува регулираниот период за редовна испорака на топлинска енергија, кој вообичаено трае до 15 април следната година. Од БЕГ велат...

И оваа грејна сезона БЕГ, а не Град Скопје, ќе ги снабдува скопјани со топлинска енергија

На прагот и на претстојнава грејна сезона, нема да се реализира најавеното преземање на топловодната мрежа од страна на Град Скопје од сегашниот снабдувач „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ“ (ДТБЕ), за што Градот чека судска разрешница. Сè уште остануваат низа правни лавиринти на релацијата меѓу Град Скопје, Регулаторната комисија за енергетика и Управниот суд, со што расте и неивесноста...

Парното нема да поскапи претстојнава сезона, Регулаторна незначително ги намали цените

И покрај барањата на Балкан Енерџи Груп (БЕГ) за поскапување на цената на парното греење за претстојната грејна сезона, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои вкупната цена на испорачаната топлинска енергија на трите компании во Скопје во просек незначително се намалува. Од РКЕ се огласија со соопштение во кое посочуваат дека сметките што ќе...

Управниот суд сè уште не донел одлука за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

Управниот суд сè уште нема донесено пресуда за тоа кој ќе управува со дистрибутивната мрежа на топлинска енергија во главниот град во иднина. АД Градски енергетски системи (ГЕС) на 3 декември 2019 година поднесе тужба против Решението на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за прекин на постапката за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија, но до денешен...

Регулаторна за 37 отсто ја намали цената за приклучок на системот за дистрибуција на парно

За 37 отсто се намалува надоместокот за приклучување на системот за дистрибуција на топлинска енергија, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Ова е една од главните измени во Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија што ги одобрија регулаторите, а кои треба да го поттикнат приклучувањето на што поголем број на новоизградени објекти на системот...

Лани имало 2.000 нови приклучоци на парно во Скопје, но нема развој на дистрибутивната мрежа

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) лани регистрирала 2.000 нови приклучоци во трите системи за снабдување со топлинска енергија во Скопје. Според Годишниот извештај за работењето на РКЕ во 2019 година, бројот на потрошувачи на топлинска енергија се зголемил на 57.517, од кои над 53.000 се приклучени на системот на БЕГ. Станува збор за рекорден број на корисници на централното...

Уште се чека на Управниот суд да пресече кој ќе управува со топловодната мрежа во Скопје

Уште една грејна сезона помина во Скопје, а прашањето за тоа кој ќе управува со топловодната мрежа во главниот град во иднина останува отворено. Сè уште се чека донесувањето на пресудата на Управниот суд во однос на тужбата што ја поднесе АД Градски енергетски ресурси (ГЕС) на почетокот од декември минатата година, против Решението на Регулаторната комисија за енергетика...

МВР ги сумираше штетите од серијата земјотреси

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска излезе со збирна информација за штетите што ги предзвикаа серијата земјотреси што го погодија Скопје на 11 септември, од кои најсилниот беше со магнитуда од 5,3 степени според Рохтеровата скала, пријавени во Единицата за команда и известување во СВР Скопје. Според податоците на МВР, земјотресот предзвикал штети во станбени објекти, пукање на цевки од парно...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...