Денеска температурата до 28 степени, невообичаено топло за октомври


Скопје, 15 октомври, 2018 - 9:18 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло, во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен правец, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималната температура ќе се движи од 21 до 28 Целзиусови степени, што е невообичаено топло за средината на октомври.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево, со дневна температура до 25 Целзиусови степени.

Во наредните денови продолжува период на претежно сончево и релативно топло време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината. Извесно зголемување на облачноста ќе има од четврток.


Сончево и топло денеска


Скопје, 12 октомври, 2018 - 9:12 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Во североисточниот дел од земјава ветерот ќе се засилува и се очекува брзината на ветерот да достигнува до околу 40 километри на час.

Утринската температура се движеше од 1 до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 17 и 27 степени.

Во Скопје и околината слично време, со температура од 6 до 25 Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време, со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат бидат малку постудени, а дневните температури без позначителни промени.

Од среда се очекува постепен постепен пад на температурата на воздухот.


Претпладне променливо облачно време, попладне со локален дожд


Скопје, 2 октомври, 2018 - 9:42 (META) 

Времето претпладне ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 25 Целзисуови степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурите ќе се движат од 12 до 24 Целзиусови степени.

Од вторник времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло. Повеќе услови за локален дожд ќе има во среда и петок.


Времето денеска топло со температура до 32 степени


Скопје, 21 септември, 2018 - 9:31 (META) 

Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 14 степени, а дневната од 26 до 32 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 31 Целзиусов степен.


Температурата денеска до 31 степен


Скопје, 18 септември, 2018 - 9:26 (META) 

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со југоисточен ветер.

Дневната температура ќе биде во интервалот од 25 до 31 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб, претежно југоисточен, ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 29 Целзиусови степени.

Продолжува периодот на стабилно, суво и топло време. Утре на повеќе места ќе има појава на умерена облачност.


Сончево и суво време со северозападен ветер


Скопје, 14 септември, 2018 - 9:08 (META) 

Сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец ќе преовладува денеска во Македонија.

Дневната температура ќе се движи од 26 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 31 Целзиусови степени.

Во следниот период ќе продолжи периодот на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.


Сончево со температура до 32 степени


Скопје, 13 септември, 2018 - 9:00 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температура ќе се движи од 25 до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончeво, со слаб до умeрен североисточен ветер. Температура ќе се движи од 12 до 30 Целзиусови степени.

УВ индексот ќе биде 6.

Наредниот период од неколку денови ќе биде со стабилно и суво време, со благ пораст на дневната температура.


Времето сончево со умерена облачност


Скопје, 10 септември, 2018 - 9:14 (META) 

Сончево време со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Во Повардарието ветерот ќе биде засилен.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 Целзиусови степени, а дневните од 25 до 31 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време со умерен северозападен ветер и температура од 15 до 29 Целзиусови степени.

Во следните денови следува период на претежно стабилно, суво и релативно топло време, но локално не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд. Температурата ќе има тенденција на благ пораст.


Денеска сончево и топло, од понеделник пад на температурата


Скопје, 24 август, 2018 - 9:23 (META) 

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 26 до 36 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во сабота во попладневните часови времето ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.

Позначителна промена на времето се очекува во недела попладне и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме. Во понеделник и вторник дневната температура ќе опадне за шест до осум степени.


Сончево и топло време, со мала облачност


Скопје, 23 август, 2018 - 9:15 (META) 

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Дневната температура ќе се движи од 29 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје температурата ќе се движи од 16 до 33 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. За време на викендот во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена се очекува в понеделник, кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за десетина степени.