fbpx
Таг: топлинска енергија

таг: топлинска енергија

ЕСМ: Ако надвор е поладно, радијаторите дома ќе ви бидат потопли

Испораката на толинска енергија преку системот за централно греење со кој управува ЕСМ Снабдување со топлина, се одвива во согласност со одредбите од мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија и Правилата за снабдување со топлинска енергија одобрени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Ова е наведено во соопштението од ЕСМ, од каде што...

ЕСМ: Започна санацијата на цевководот под мостот Беласица

Успешно се отстранети оштетените цевки кои се дел од цевководот кај мостот Беласица и донесени се нови, чие поставување е започнато, информираа денеска од Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ). Од ЕСМ велат дека поставувањето на новите цевки и комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа, а институцијата ветува максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок. Додека...

Нема парно греење во Кисела Вода, дефект ја прекина испораката на топлинска енергија

Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа утрово предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, информираат од ЕСМ Дистрибуција. „Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензивно работат на  лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран. Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно...

ЕСМ: Започна грејната сезона

Денеска започна грејната сезона за потрошувачите на подрачјето на град Скопје со кој управува ЕСМ. Од ЕСМ соопштија дека топланите стартувале со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите во 06:00 часот, а производството запрело во 10:00 часот. „Во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ По направениот дневен прекин на испорака...

ЕСМ: Во 235 згради во Скопје нема услови за почеток на грејната сезона

Во 235 згради во Скопје не се обезбедени услови за почеток на грејната сезона преку централното парно греење, информираат од ЕСМ. Од компанијата која стопанисува со системот за топлинска енергија во главниот град посочуваат дека овие 235 станбени објекти имаат дефекти во внатрешна инсталација, екипите на ЕСМ немаат пристап до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици. Од ЕСМ...

ЕСМ доби лиценца за производство на топлина во Скопје во наредните 10 години

Државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) преку „ЕСМ производство на топлина“ ја доби лиценцата од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) за производство на топлинска енергија во наредните 10 години, информираа денеска од РКЕВУ. „Одлуката следува откако компанијата поднесе барање и ги достави соодветните документи согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со што утврдивме...

Започна испораката на октомвриските сметки за парно греење

Изработени се фактурите за топлинска енергија за октомври и во тек е нивна достава, информираше денеска новиот снабдувач ЕСМ Снабдување со топлина. Потрошувачите ќе ги добијат сметките во следниве денови, на ист начин на достава како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата за електронска фактура, истата ќе ја добијат во електронска форма, додека останатите потрошувачи ќе добијат...

Скопје со три системи на парно греење што се неповрзани, граѓаните плаќаат различни сметки [инфографик]

Три системи на централно парно греење има во Скопје, кои со години наназад чекаат на меѓусебно поврзување за да се обезбеди рационалност во производството на топлинска енергија, еднакви месечни сметки за парно кај граѓаните, но и можност да се искористи целосниот инсталиран капацитет на топланите во Скопје, што во моментов не е случај. Моменталната состојба укажува дека двата системи што...

Топлото време и штедењето нè спаси од увоз на скапа струја, топланите пробно ќе работат на дизел

Милиони евра се заштедени во текот на октомври и првата недела од ноември како последица на зголеменото производство на електрична енергија од домашните енергетски капацитети, штедењето на струја од граѓаните и институциите и топлото време периодов. АД ЕСМ планира да почне со увоз на струја од странство по цена од 215 евра за мегават час за периодот од 7...

Бектеши: Eлектраната ТЕ-ТО ќе почне да работи на 1 ноември

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека од 1 ноември ќе започне со работа когенеративната електрана ТЕ-ТО во Скопје, која ќе произведува електрична и топлинска енергија. Тој додаде дека граѓаните не треба да се грижат, односно дека топлинска енергија за скопските потрошувачи во претстојнава грејна сезона ќе има. Она што засега останува нејасно е што предвидува договорот меѓу ТЕ-ТО...

ЕСМ бара конечни понуди за набавка на гас од три компании за скопското парно во ноември

На една недела од 1 ноември, од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека од три компании ќе бараат да ги допрецизираат своите информации кои ги испратиле како понуди за набавка на гас за работењето на скопските топлани во ноември. АД ЕСМ преку ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје ќе бара од трите компании да достават конечни понуди за набавка на...

ЕСМ ќе купува гас за шест месеци за да работи скопското парно, дизелот засега е алтернатива

Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) утре очекува да пристигнат повеќе понуди од заинтересирани компании за набавка на природен гас за производство на топлинска енергија во Скопје. Ќе се набавува гас за работењето на топланите „Исток“, „Запад“ и „Север“, но се чекаат понуди за гас и за функционирањето на комбинираната електрана ТЕ-ТО. За ова денеска информираше директорот на АД ЕСМ...

На три пункта во Скопје граѓаните ќе ги потпишуваат новите договори за парно со ЕСМ

За да се регулира потрошувачкиот однос на снабдувачот со потрошувачите утврден во Правилата за снабдување со топлинска енергија, потребно е да се склучи договор за снабдување со топлинска енергија, а за таа цел потрошувачите на чиe име се води парното греење во домот/објектот, потребно е да се обратат во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, каде во...

Скопјани ќе добијат парно греење од утре, ќе се греат на максимални 21 степен

Централното парно греење во Скопје ќе започне со работа од утре (15 октомври) според сите критериуми и услови за загревање на просториите како и во минатите години. Домовите и работните простории ќе се загреваат на максимални 21 степен. За ова денеска информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Од РКЕ информираат дека ги издале трите лиценци на...

Преземањето со управување на системот за парно во Скопје е легално

По проверка на законската регулатива може да се констатира дека постапките на Владата и одлуките на Економско-енергетскиот совет се целосно законски покриени, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Економско-енергетскиот совет при Владата, соопшти синоќа дека се донесени две клучни одлуки за претстојната сезона есен-пролет 2022/2023 г., при што, посебен акцент...

ТЕ-ТО да ги грее скопјани со гас од Србија, а струјата да му ја продадеме на Белград

С. Македонија и Србија разговараат за договор за снабдување на земјава со природен гас за непречено функционирање на комбинираната електрана ТЕ-ТО во Скопје. Владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов на денешната прес-конференција информираше дека со северниот сосед се разговара за увоз на неопходните количества на природен гас, кои ќе бидат потребни за работење на ТЕ-ТО и скопските топлани во...

Владата одобри 18 милиони евра за непречено греење на Скопје

Владата вчера соопшти дека одобрила 18 милиони евра, односно 1,1 милијарда денари на АД „Електрани на Северна Македонија“ за набавка на енергенси пред почетокот на грејната сезона во Скопје. Во соопштението не е прецизирано за кои енергенси станува збор, само се вели дека со овие средства ќе се осигура дека скопјани ќе имаат топли радијатори за време на грејната...

Сè додека не се издаде нова лиценца, БЕГ има обврска да произведува топлинска енергија

Сè додека не се издаде нова лиценца, БЕГ има обврска да ја врши дејноста производство на топлинска енергија, децидни се од Регулаторната комисија за енергетика и од Владата. Од Регулаторна комисија прецизираа дека вршењето на јавната дејност производство на топлинска енергија од регулиран производител е прецизно дефинирана во Законот за енергетика каде основниот императив на вршителот на јавна дејност е...

БЕГ: Немаме обврска да продолжиме со производство на топлинска енергија

„Балкан Енерџи Груп“ (БЕГ) – Производство смета дека нема ниту правен основ да располага со топланите, ниту обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона. Тие, исто така, сметаат дека немаат доволно финансии да набават гориво за производство на топлинска енергија. Ова го соопшти денеска компанијата откако викендов вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави дека...

Руски, азербејџански гас или мазут – на што Скопје ќе се грее претстојнава грејна сезона?

Пазарот на природен гас во Северна Македонија е либерализиран, па затоа трговците на големо самите можат да се договараат од каде ќе набават гас. Вака отприлика би звучел поедноставено одговорот од Министерството за економија на прашањето на Новинската агенција Мета за тоа дали земјата планира увоз на руски гас за претстојната грејна сезона од што зависи загревањето на домовите...

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...