fbpx
Таг: Томислав Николиќ

таг: Томислав Николиќ

Патријархот Иринеј ја освети црквата која ја градеше фондацијата на Николиќ

Патријархот на Српската православна црква Иринеј денеска го освети Храмот на светиот маченик Димитриј во Бајчетина чиј ктитор е претседателот на Србија, Томислав Николиќ. Изградбата на црквата која е во родното место на Николиќ, започна во 2013 година и чини како што наведуваат медиумите, околу милион евра. Николиќ за претседател на Србија беше избран во 2012 година. Црквата е богата со...

„Вечерње новости“: Николиќ ќе биде шеф на советот за соработка со Русија и со Кина

Претседателот на Србија во заминување, Томислав Николиќ, по истекот на мандатот на крајот на мај, ќе премине на нова функција - шеф на Националниот совет за соработка со Русија и со Кина, објави денеска белградскиот весник „Вечерње новости“. Весникот пишува дека српската влада во наредните две недели би требало да донесе официјална одлука за новата функција на Николиќ. Се наведува...

Вучиќ и Николиќ договорија примопредавање на 31 мај

Претседателот во заминување и новоизбраниот претседател на Србија, Томислав Николиќ и Александар Вучиќ, ќе го извршат примопредавањето на должноста на 31 мај, кога Вучиќ ќе ја положи и заклетвата, а инаугурацијата на новиот претседател ќе биде помеѓу 15 и 20 јуни. Ова беше договорено вчера попладне, на состанок помеѓу Николиќ и Вучиќ, кој според пишувањата на српските медиуми, траел повеќе...

Полицијата го проверува работењето на фондацијата на сопругата на Томислав Николиќ

Инспектори на Министерството за внатрешни работи за економски криминал од минатата недела го проверуваат работењето на фондацијата на Драгица Николиќ, сопругата на актуелниот претседател на Србија, Томислав Николиќ, поради сомневање дека наместо на градилишта, половина милион евра завршиле во нечии џебови. Според пишувањата на белградскиот весник „Блиц“, проверката следува по пријавата на еден изведувач дека му е побарано да врати...

Николиќ по претседателската функција ќе оди во пензија

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, изјави дека на 31 мај годинава, кога му истекува претседателскиот мандат, ќе поднесе барање за пензионирање, но наведе дека тоа не значи дека нема да се занимава со политика. За белградски „Курир“, Николиќ рече дека не вагал, ниту договарал дали и која функција ќе ја добие по мандатот, но дека едно е сигурно - „пензија...

Николиќ: Бели може да им ги замрси конците на сите претседателски кандидати, освен на Вучиќ

Претседателот на Србија во заминување, Томислав Николиќ, изјави дека претседателскиот кандидат Лука Максимовиќ, кој се претставува под псевдонимот Љубиша Прелетачевиќ - Бели, е социолошки феномен кој може да им ги замрси конците на сите други претседателски кандидати, освен на лидерот на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ. - Победник на овие избори дефинтивно ќе биде Александар Вучиќ. Другите, кои себеси...

Вучиќ: Нема да има вонредни парламентарни избори заедно со претседателските

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема да има вонредни парламентарни избори заедно со претседателските бидејќи, како што рече, за тоа нема причина. Вучиќ, кој ќе биде кандидат на владејачката коалиција на претседателските избори, за Радиотелевизија на Србија (РТС) рече дека не постојат причини за одржување на вонредни парламентарни избори. - Србија е стабилна економија. Потребен е пораст, сериозност,...

Николиќ се откажа од кандидатурата за претседател на Србија и го поддржа Вучиќ

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, вечерва изјави дека нема повторно да се кандидира за таа функција и дека со актуелниот премиер, Александар Вучиќ, кој ќе биде кандидат на владејачката коалиција, се договорил и во иднина заедно да ја водат државата. - Се договоривме и понатаму заедно да ја водиме државата. За функциите ќе се договориме по победата на Вучиќ на...

Александар Вучиќ и официјално кандидат за српски претседател

Едногласно вечерва Главниот одбор на Српската напредна странка (СНС) го прифати предлогот на партиското претседателство, сегашниот премиер на Србија, Александар Вучиќ, да биде кандидатот на СНС на претстојните претседателски избори во Србија. Вучиќ изјави дека решил да ја прифати кандидатурата оти цврство верува дека „На србија и се неопходни работи, инвестиции, нови болници и иднина“. Обраќајќи се пред членовите на...

Николиќ сè уште чека договор, Вучиќ и натаму молчи

Претседателот на Србија Томислав Николиќ, по синоќешната неофицијална најава дека има намера повторно да се кандидира за шеф на државата, денеска изјави дека и понатаму чека договор со премиерот на земјата, Александар Вучиќ, кого врвот на неговата партија - Српската напредна странка (СНС) го предложи за претседателски кандидат. Вучиќ сè уште не излегол со став околу ова прашање. - Јас...

Томислав Николиќ повторно во трка за претседател на Србија

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ одлучи да се кандидира на претстојните претседателски избори иако кандидатурата ја најави и премиерот и лидерот на Српската напредна странка (СНС), Александар Вучиќ. Како што пренесоа српските и руските медиуми, Николиќ тоа го објавил на својот 65 роденден. Тој порано изјави дека не е изненаден со тоа што претседателството на СНС, едногласно го поддржa Александар Вучиќ, но избегна...

Вучиќ ја обвини Приштина за неуспехот на дијалогот и ги повика Србите да останат мирни

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ја обвини делегацијата на Косово за неуспехот на последната рунда од дијалогот во Брисел и по тој повод побара реакција од високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини. Вучиќ ги повика Србите на Косово да останат мирни, да веруваат во својата држава и да не го напуштаат Косово,...

Вучиќ и Тачи разговарале да продолжи дијалогот помеѓу Белград и Приштина

Српскиот премиер, Александар Вучиќ, разговарал денеска преку телефон со косовскиот претседател, Хашим Тачи, за да продолжи бриселскиот дијалог помеѓу Србија и Косово, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Според пишувања на „Блиц“, Вучиќ и Тачи се договориле Белград и Приштина да го продолжат дијалогот, бидејќи разговорот бил единствен начин за решавање на несогласувањата. „Вучиќ и Тачи се договориле и двете страни активно...

Вучиќ и Николиќ заедно ќе одат во Брисел на продолжението на дијалогот со Приштина

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека на продолжението на дијалогот со Приштина, закажно за вторник следната недела, во Брисел, покрај него ќе учествува и претседателот на земјата, Томислав Николиќ. Вучиќ додаде дека очекува и другата страна, односно Косово, да ги испрати своите највисоки претставници. „Се надевам дека ќе има доволно разум и рационален пристап да не се повторни...

Николиќ: Испраќањето војска на Косово е заклучок на Советот за национална безбедност

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, ги отфрли обвинувањата дека „ѕвечка со оружје“ и додаде дека неговата изјава за испраќање војска на Косово е заклучок на Советот за национална безбедност. - Ние не ѕвечкаме со оружје туку на тоа предупредивме доколку биде загрозен српскиот народ на Косово и Метохија. Србија ќе ги одбрани Србите. И тука постои согласност помеѓу владата и...

Николиќ: Ако бидат загрозени Срби, ќе испратиме војска на Косово

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, вели дека Србија е подготвена да испрати вооружени сили на Косово и Метохија доколку биде загрозено српското население. - Ако бидат убиени Срби, да – рече Николиќ на прашањето дали Србија е подготвена да испрати војска на Косово и Метохија. Николиќ по седницата на Советот за национална безбедност, одржана во Генералштабот на војската на Србија, рече...

Николиќ во Белград го прими Крајишник, остри реакции од српските НВО

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, денеска во Белград го прими Момчило Крајишник, еден од воените лидери на босанските Срби и осуденик на Хашкиот суд за воени злосторства, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. За време на средбата, Крајишник му ја додели на Николиќ плакетата „Октомвриска споменица на Република Српска 1991 година“, што предизвика остри реакции кај српските невладини организации. Како...

Николиќ: Не познавам човек кој би бил подобар претседател на Србија од мене

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, изјави дека до Божиќ ќе ја соопшти конечната одлука дали ќе биде кандидат на претседателските избори, но и дека не познава човек кој би ја вршел таа функција подобро од него. По повод најавувањето на кандидатура на народниот правобранител Саша Јанковиќ, Николиќ рече дека не мисли дека омбудсманот е сериозен кандидат. - Кандидат може да биде...

Омбудсманот Саша Јанковиќ потврди дека ќе се кандидира за претседател на Србија

Српскиот народен правобранител, Саша Јанковиќ, денеска изјави дека ќе се кандидира за претседател на Србија, кога ќе бидат распишани изборите, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. - Ќе бидам кандидат на граѓаните. Како и досега, ќе си ја работам својата работа строго според законите и Уставот. Во Србија треба да постои ред, а не неизвесност и страв – изјави Јанковиќ. Тој оцени...

Николиќ: Србија ѝ пружа рака на Хрватска

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека Србија јасно го има зацртано својот европски пат и нема да одговори на провокациите, додавајќи дека Србија ѝ пружа рака на Хрватска и ја повикува на разговор. По повод хрватската блокада на отворањето на поглавјето 26 во преговорите помеѓу Србија и ЕУ, Николиќ, на состанокот на министерскиот совет на Организацијата за црноморската економска соработка...

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...