fbpx
Таг: Тодор Петров

таг: Тодор Петров

Вистиномер: Тодор Петров спинува за постоењето на лаборатории за биолошко оружје во Украина

Објавата на СМК и Тодор Петров дека САД поседуваат биолабаратории во Украина, којашто стана многу вирална и популарна на социјалните мрежи, особено на оние канали каде што секојдневно се споделуваат дезинформации и шпекулации поврзани со руската инвазија на Украина, е класичен спин во обид  да се одбрани рускиот терор во Украина. Оваа конспирациска теорија ја шират руските пропагандисти уште...

Вистиномер: Со стара фотографија се шири дезинформација за сквернавење на споменикот на децата бегалци

Постот што го рецензираме, а кој се повикува на Фејсбук објава на Тодор Петров, ја дезинформира јавноста преку стара фотографија. Доколку отидете на Фејсбук профилот на Петров, ќе видите дека еден ден откако тој реагирал за контејнерите и „сквернавењето на споменикот“, потоа објавил фотографии дека контејнерите со ѓубре биле отстранети. Но, доколку ги погледнете убаво двете фотографии, ќе забележите...

Обвинителството ги отфрли кривичните пријави на Тодор Петров против уставни судии

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ги отфрлило кривичните пријави поднесени против судии од Уставниот суд од страна на Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес (СМК). Петров ги товари судиите дека ја злоупотребиле службената положба и направиле самовластие со тоа што не постапиле по трите иницијативи што гој ги поднел, со кои барал поништување на законот за Специјалното јавно...

Тодор Петров со иницијатива до Уставниот суд го оспори изборот на Џафери за спикер

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров поднел иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Тој од судот барал да ја поништи одлуката за изборот на Џафери за претседател на Собранието, која беше објавена во „Службен весник“. Петров за телевизија „Телма“  изјавил дека очекува судот да ја прифати неговата иницијатива. Шефот на кабинет...

СНС Македониум: Тодор Петров е портпарол и активист во сенка на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров, наместо да ги застапува националните интереси, стана портпарол и активист во сенка на ВМРО-ДПМНЕ, вели за „Мета“ заменик-претседателот на новоформираниот Семакедонски национален совет - Македониум, Никола Ставрески. Тој вели дека Семакедонскиот национален совет - Македониум е национална и непартиска организација, а разликата меѓу нив и СМК е што тие работат тимски и...

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Тодор Петров за Изборниот законик

Уставниот суд на денешната седница не ја прифати и не поведе постапка по иницијативата за утврдување на уставноста и на законитоста на дел од измените на Изборниот законик, донесени во ноември минатата година, а во согласност со Договорот од Пржино. Иницијативата беше поднесена од претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров, кон крајот на минатата година, кратко по донесувањето...

Поднесено обвинение за физичкиот напад врз Тодор Петров

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Кривичниот суд поднело обвинителен предлог против три лица кои се товарат за физичкиот напад врз претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров. Инцидентот се случи на 27 февруари годинава, по церемонијата на осветување на темелите на 55-метарскиот крст кој треба да биде поставен во општината Бутел. Како што информираат од Јавното обвинителство, обвинетите...

На протестот пред МВР побарана одговорност од Спасовски и најавени нови „иницијативи“ на СМК

Околу илјада граѓани денеска се одзваа на повикот на Светскиот македонски конгрес (СМК) и излегоа на протест пред зградата на МВР за да искажат револт против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој според СМК,  дозволил лица предводени од ДУИ да ги запоседнат темелите на крстот во Бутел. Пред МВР се носеа транспаренти на кои што пишуваше „Оливер, зошто земаш плата“,...

Кривична пријава за тројца осомничени за напад врз Тодор Петров

Три лица добија кривична пријава од МВР затоа што на 27 февруари годинава во угостителскиот објект „Казабланка“ физички го нападнале Тодор Петров. По извршените консултации со јавен обвинител, Единицата за насилен криминал, во текот на денот, ќе поднесе кривична пријава против Е.Б., А.Е. и А.Б. поради основано сомневање дека извршиле насилство, казниво по член 386 од Кривичниот законик. „На 3 март 2016 година, во Полициската станица Бит-пазар, беа...

МАЕИ: Претепувањето на Петров е антимакедонски чин

Претепувањето на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, за партијата на Македонците во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), е антимакедонски чин и варварски акт со кој се сака да се внесе страв меѓу Македонците. „Македонска алијанса за европска интеграција, како и Македонците во Албанија се шокирани од вчерашното бруталното насилство врз претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор...

Рангелова до Спасовски и до СДСМ: На 5 јуни народот ќе ви покаже дека не ве трпи

Дали Едмонд Темелко, единствениот градоначалник Македонец надвор од земјава, е поголема безбедносна закана за Република Македонија од насилниците што вчера брутално го претепаа претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, прашува Даниела Рангелова, пратеничка и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПMНЕ. Таа на денешната прес-конференција рече дека Оливер Спасовски, незаконски, без наредба на судот и во договор со Катица Јанева, наложил Едмонд...

Тодор Петров претепан по осветувањето на крстот во Бутел

Тодор Петров, претседателот на Светски македонски конгрес, еден од донаторите на крстот чии темели утрово беа осветени во општината Бутел, бил претепан од непознати лица, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Како што јавуваат медиумите, Петров бил претепан по завршувањето на настанот на кој тој одржа говор. Во моментов тој се наоѓа на Ургентниот центар, каде му се вршат компјутерски испитувања, по кои ќе...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...