fbpx
Таг: Тоа се вашите пари

таг: Тоа се вашите пари

Реакција на Општина Велес: Вложуваме напори да ги исполниме барањата на жителите

Агенцијата „Мета“ објави видеосторија со наслов „Велес: Десет села отсечени од цивилизацијата и од буџетот“ за проблемите и за тешките услови за живеење на жителите од околните села поради лошата патна инфраструктура. Во сторијата прашавме каде се трошат парите на жителите и зошто локалната власт секоја година ги ветува, но не ги гради патиштата до нивните села. Во времето на подготовката...

Скопје: Наши пари за нивни скапи проекти и за политички поени

Три проекти на три скопски општини ги обединува едно -  сите имаат првенствено декоративна функција. Паркот на езерата во Аеродром, Боемската улица во Центар и плоштадот Делфина, иако во различни општини, имаат заеднички именител – висока цена и постојано фалење со тоа зошто и колку многу наши пари потрошиле нивните ментори. Општините во Скопје во последниве години вложија многу пари во разубавување на јавните простори,...

Велес: Десет села отсечени од цивилизацијата и од буџетот

Илјада жители од десетина велешки села и во 21 век живеат отсечени од цивилизацијата. Со години бараат да им се асфалтираат полските патишта што се планираат во буџетите на Општината. Тие беа планирани и во годинешниот буџет. Наместо 16.800.000 денари за изградба и за реконструкција на локални патишта и на улици, локалните власти, за деветте месеци од годинава, за тоа потрошиле само...

Битола: Златниот рид стана мрачна населба

И по пет години од најавата на проектот Златен рид, каде требаше да никне најлуксузниот кварт во Битола, со хациенди, згради, градинки и со други институции, таа населба со градот е поврзана само со козји патеки. Како и зошто се потрошени 2,5 милиони евра од парите на битолчани што беа наменети за изградба на инфраструктура? Ги прашал ли некој граѓаните? Финансиското работење на Општината е...

Тетово: Дводецениска жед за вода

Како градоначалничката Теута Арифи се буди и се мие без вода? За кога ветува дека ќе го реши „еднаш засекогаш“ проблемот со водата? Сите градски власти досега потфрлија во обидите да обезбедат вода, а сега има и друг проблем – тетовската водоводна мрежа се распаѓа. Две децении, милиони евра од граѓаните се собрани за непотрошена вода, а граѓаните чешмите ги заменија...

Василево: Четири години за четири километри

Четири години по ред, локалниот пат Чанаклија – Нова Маала во општина Василево е во плановите и парите се одвојуваат во буџетот на Општината. Останаа четири километри пат – четири километри секојдневно малтретирање за жителите на овие места, кои никогаш не открија каде и како секоја година исчезнуваат нивните пари. - Моите пари ме болат - вели еден од анкетираните жители,...

Прилеп: Дом за стари лица како дом за казненици

Замрзнатата и блокирана сметка ги остави без греење, без доволно храна и грижа 128 станари во Домот за стари лица во Прилеп. На штитениците, кои и самите плаќаат за услугите, им се закануваат извршни решенија за наплата на долгови. Анализите покажуваат дека, всушност, Домот за стари лица и последните две години трошел многу повеќе отколку што приходувал, а при тоа бројот...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...