fbpx
Таг: ТНТ

таг: ТНТ

Пропаднаа две години работа, „ТНТ“ се враќа на почеток

Враќањето на почетна точка на случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство под името „ТНТ”, за уривањето на комплексот „Космос”, на стопанственикот Фиат Цаноски, го привлече вниманието на јавноста, бидејќи над две години се фрлија во вода. Со ова се допринесува кон зголемување на недовербата на граѓаните во ефикасноста на судството во оваа држава, која и онака е на алармантно...

Истекувањето на мандатите на членовите на поротата во „ТНТ“ и „Монструм“, (не)намерна грешка на судијата

За враќањето од почеток на некои предмети, како случаите „ТНТ” и „Монструм“, најголема вина носи судијата на предметите. Тој, кога го започнал судскиот процес, не водел сметка дека може да има членови на поротата чиј мандат може да истече, пишува „Порталб.мк“. Васко Тодоровски, директор на Здружението за истражување, анализа и развој „Зелена Лупа“, вели дека знаејќи ја практиката на судството...

Контраспин: Судот има преведувачи, но преводот на списите за „ТНТ“ може да ги застари кривичните дела

Адвокатот Даути дури и формално да е во право, де факто спинува, затоа што неговото право на употреба на албанскиот јазик во постапаката за ТНТ ќе доведе до прекршување на судење во разумен рок, облигација од ЗКП која судот мора да ја спроведе. За да ја спроведе, судот мора ги спречи злоупотребите на правата на странките во постапката. Злоупотребата,...

Апелација му го укина притворот на Груевски за „Космос“, СЈО бара нов притвор

Апелацискиот суд Скопје му го укинал притворот на избеганиот екс-премиер Никола Груевски за случајот „ТНТ“, а обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара повторно Кривичниот суд да му одреди притвор, иако Груевски од Македонија избега уште на 11 ноември минатата година и е во Унгарија, каде доби азил. Рустеми побара повторно одредување притвор, велејќи дека Груевски веќе еднаш...

Одложено судењето за „ТНТ“ бидејќи обвинетата била повредена од тепање

Марика Зафировска, една од обвинетите во предметот на СЈО „ТНТ“ за рушење на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, не дојде на денешното рочиште, бидејќи е на болничко лекување по физичкиот напад на 1 мај. Kако што кажа нејзиниот адвокат, таа и сопругот биле нападнати во викендичка во Куманово и приложи лекарска документација. Во судницата во Основниот суд Скопје 1 беа присутни...

Денеска ново рочиште за уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски

Случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство денеска ќе има ново рочиште во Основниот суд Скопје 1. Обвинети за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот, поранешен пратеник и партиски лидер Фијат Цаноски, се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски. Врховниот суд минатата недела донесе одлука да...

Врховен и Апелација одлучија да не се изземат судиите во „ТНТ“ и „Насилство“

Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната во предметот на Специјалното јавно обвинителство „ТНТ“ за изземање на в.д. претседателот на Апелациски суд Скопје, Лидија Димчевска и нејзиниот заменик, на 16 овој месец донел решение со кое барањето за иземање се одбива како неосновано. Решението преку Апелациски суд Скопје е доставено до Основниот суд Скопје 1. Како што соопшти овој суд, врз...

„ТНТ“ одложен за 4 мај, се уште нема одлука од Врховен суд за изземање на судиите

Во Кривичниот суд во Скопје за 4 мај се одложи новото рочиште од предметот на СЈО „ТНТ“, бидејќи, како што рече судијата Огнен Ставрев, се уште нема одлука за изземање на судиите, побарано од одбраната на обвинетите Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски. Одбраната на минатото рочиште побара изземање на судечкиот совет, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и...

Адвокатот на Груевски тврди дека ќе имало кривично дело ако не се срушел „Космос“

Ниту Никола Груевски, ниту Миле Јанакиески како ни Елисавета Најдовска и Насер Ралев кои ги застапувам не го извршиле кривичното дело кое им се става на товар. Ова на денешното рочиште за случајот „ТНТ“ го кажа адвокатот Димитар Дангов. - Груевски ниту самостојно, ниту во договор со Јанакиески не го поттикнале Тони Трајковски незаконски да го сруши објектот „Космос“. Одбраната...

Почнува судењето „Титаник 3“ за функционери на ДУИ

Во Основен суд Скопје 1 денеска ќе почне судењето на случајот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 3“ за изборни нерегуларности. Овој случај е првиот на СЈО во кој се обвинети функционери на ДУИ - Ејуп Алими и Исмет Гури. СЈО ги товари за уништување изборен материјал. Во истиот суд денеска ќе продолжи судењето за случајот „ТНТ“, во врска со уривањето на...

Груевски од судот бара да не го малтретираат со секојдневни судења

„Понеделник, вторник, среда… секој ден сум на судење. На Зоран Заев судот му закажува на два месеци, мене секој ден. Ова веќе не е судење. Ова е фарса. Ова е малтретирање - се побуни обвинетиот експремиер Никола Груевски кај судијата Огнен Ставрев во Основниот суд Скопје 1, кој го премести денешното рочиште за предметот на СЈО „ТНТ“ за една...

Цаноски бара отштета од 55 милиони евра за урнатиот „Космос“

Бизнисменот Фијат Цаноски по завршувањето на првото рочиште од судењето за случајот „ТНТ“ денеска изјави дека очекува судот да донесе праведна одлука и обвинетите кои „и нанеле голема штета на Македонија" да бидат осудени. Во процесот за уривањето на комплексот „Космос“ на Цаноски, покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), главни обвинети се поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола...

Почна судењето за „Космос“, Груевски и Јанакиески велат дека не се виновни

Во Основниот суд Скопје 1 претпладнево почна судењето за случајот ТНТ покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кое главни обвинети се поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски. Покрај нив, обвинети се уште четири лица за уривањето на комплексот...

Судењето на Груевски, Јанакиески и Трајковски за „ТНТ“ закажано за 24 јануари

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспрот и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски на 24 јануари треба да седнат на обвинителна клупа и за случајот „ТНТ“, за кога е закажно првото рочиште за овој предмет на Специјалното јавно обвинителство. Засега е неизвесно кој судија ќе го суди предметот,...

Јанакиески го прашува СЈО зошто ги повредило неговите права на приватност

По одлуката на Апелацискиот суд Скопје, со која ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) против решението на Кривичен суд, со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“, со писмо до јавноста, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е обвинет во дава случаи, обвини дека СЈО ги прекршило неговите...

Апелација дозволи „бомбите“ за „ТНТ“ и за „Топлик“ да се користат како доказ

Апелацискиот суд Скопје ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство против решението на Кривичен суд, со кое се забранува користењето на „бомбите“ како доказ во случаите „ТНТ“ и „Топлик“. Првообвинет во „Топлик“ за случајот „Сончев град“ е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, а предметот „ТНТ“ се однесува на уривањето на станбениот комплекс „Космос“ и провобвинет е поранешниот...

Костовски: Објектот на Цаноски беше дивоградба и тоа го потврдија три вештачења

Работата на СЈО е селективна и има цел да крева димни завеси секогаш кога матичната партија и Зоран Заев прават пазари со националните и со државните интереси, а во таа насока се и селективните и тенденциозни обвиненија што ги креира за функционери од ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска пред просториите на СЈО, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. - Работата на СЈО нема никаква врска со...

Груевски, Јанакиески и Рангелова дојдоа во судот за случајот „шамари“

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се појави на судското рочиште за случајот во јавноста познат како „шамари“, кој Специјалното јавно обвинителство на 15 септември го поведе за насилства во Општина Центар, како и за нарачаните шлаканици за градоначалникот Андреј Жерновски. Покрај Груевски, во судницата се појавија и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката...

Трајковски: Јанева за „Космос“ презентираше обвинувања и манипулации без докази

Катица Јанева срамно и непрофесионално игнорираше десетици решенија, вештачења и судски пресуди во корист на Општина Гази Баба, кои јасно докажуваа дека објектот „Космос“ на Фијат Цаноски е дивоградба, рече градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, на денешната прес-конференција. Според Трајковски, специјалната јавна обвинителка Јанева пред месец и половина во јавноста презентирала обвинувања и манипулации, без никаков доказ за дивоградбата „Космос“ и...

Груевски, Јанкулоска, Мијалков, Јанакиески, Заев од списокот на Иванов се преселија кај Јанева

Специјалното јавно обвинителство продолжува со истражните постапки против сите осомничени во петте случаи што ги отвори, соопшти денеска СЈО. Поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и на нивни соработници, за дел од осомничените во овие случаи беа запрени постапките, а дел поради помилувањето не беа официјално осомничени. СЈО поднело и предлог до Апелациониот суд Скопје да го...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...