fbpx
Таг: титула

таг: титула

Најголем дел од невработените магистри и доктори на науки се од областа на правото

Во Агенцијата за вработување на РСМ, според последната евиденција за невработени лица, има 623 невработени магистри на науки, како и 19 невработени доктори на науки. Мета.мк веќе објави дека се забележува тренд на опаѓање на бројот на магистри и на доктори кои бараат работа. Побаравме одговори од одговорните во Агенцијата, што прават тие за да им помогнат на невработените...

Кралицата Елизабета го прогласи за витез стогодишниот капетан Томас Мур

Денес во замокот во Виндзор, кралицата Елизабета официјално го прогласи за витез стогодишниот воен капетан Томас Мур, информираше royal.uk. Во април, ветеранот од Втората светска војна, капетанот Сер Том Мур покрена иницијатива за собирање средства за хуманитарни организации кои и помагаат на Националната здравствена служба во борба против корона вирусот. За таа цел, тој пешачеше во својата градина со првична...

Пратениците расправаа за укинување на титулата национален уметник

Пратениците попладнево расправаа за предлог-законот за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија во прво читање со кого е е предвидено во иднина да се укине доделувањето на оваа титула која се состои од доживотен паричен надомест од две просечни месечни плати. Заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски, образложувајќи ја потребата за укинување на Законот, соопшти дека...

Укината титулата национален уметник, прифатени оставките на Мизо и на Грозданов

Владата на вчерашната 16. седница ги прифатила оставките на директорот на Дирекцијата на технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, како и на Цветко Грозданов, генералниот директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, информираше владината прес-служба. Разрешени се и Муедин Кахвеџи, директор на Педагошка служба, Весна Хорватовиќ од должноста директор на Бирото за развој на образованието и Костадин Богданов...

Ракометарите на „Вардар“ пристигнаа на плоштадот Македонија, славењето почна

Десетици илјади граѓани денеска се собраа на плоштадот Македонија во Скопје, каде ги пречекаа европските шампиони во ракомет, ракометарите на „Вардар“. Час и половина ечеа навивачки и патриотски песни, а се вееја знамињата на ракометниот клуб „Вардар“, на Македонија и со сонцето на Вергина. Ракометарите пристигнаа во 13.45 часот со двокатен автобус во боите на клубот. Тие беа придружувани од полиција, а...

Камион пропадна во фонтаната на плоштадот Македонија

Додека течат подготовките за пречек на ракометарите на „Вардар“ на плоштадот Македонија, камион пропадна во т.н. сува фонтана. Засега не е познато како се случил овој инцидент, ниту во чија сопственост е камионот. Таканаречената сува фонтана во употреба беше пуштена пред помалку од две години, а Градот Скопје и тогашната Влада за неа потрошија 2,5 милиони евра. На плоштадот Македонија во...

Светскиот шампион Нико Розберг се пензионира од Формула 1

Светскиот шампион во Формула 1, Нико Розберг, денеска објави дека се пензионира од Формула 1 и дека неговата одлука е конечна и веднаш стапува на сила, јавува „Би-би-си“. Триесет и едногодишниот Германец својата прва шампионска титула ја освои во неделата, завршувајќи ја трката за Големата награда на Абу Даби на втората позиција, пред неговиот тимски колега од „Мерцедес“, Луис Хамилтон. „Јас...

Хашим Тачи е прогласен за почесен доктор на науки на ДУТ

Со одлука на Сенатот на Државниот универзитет Тетово, косовскиот претседател Хашим Тачи вечерва беше прогласен за почесен доктор на науки. Титулата му ја додели ректорот на Универзитетот во Тетово, Вулнет Амети, каде по тој повод се одржа свечена церемонија. Тачи изјави дека е горд на признанието, за кое, како што рече, биле заслужни сите Албанци од Косово. - За добивањето на оваа...

Аутсајдерот Лестер, нов шампион на Премиер-лигата

Екипата на Лестер ја освои шампионската титула во Премиер-лига, што во Англија, но и во целиот свет се коментира како еден од најголемите спортски настани на сите времиња. Шансите за Лестер, кој сезонава влезе во Премиер-лигата, да ја освои титулата беа 5.000 спрема 1, но екипата имаше само три порази во лигата, што англиските медиуми го опишуваат како „бајка“ и...

Пекинг е нова претстолнина на милијардерите

Њујорк повеќе не е претстолнина на милијардерите, бидејќи таа „титула“ ја презеде Пекинг. Во главниот град на Кина сега живеат 100, а во Њујорк 95 милијардери покажуваат податоците на компанијата „Хурун“ од Шангај, која ја објавува годишната листа. Пекинг минатата година доби нови 32 милијардери, а Њујорк само четворица. Москва е на трето место на таа листа со 66, Хонг Конг...

Ѓоковиќ триумфираше на турнирот во Доха

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја освои титулата на АТП-турнирот во Доха, Катар, откако во денешното финале го совлада вториот носител, шпанецот Рафаел Надал, со убедливи 2 - 0 во сетови. Српскиот тенисер двата сета ги доби убедливо, првиот со 6 - 1, а вториот со 6 - 2 во гемови. Со триумфот во Доха, Ѓоковиќ се наметнува како еден од...

Хокеарите на Чикаго блекхокс го освоија купот „Стенли“

Хокеарите на Чикаго блекхокс го освоија купот „Стенли“, откако ноќеска со 2-0 го совладаа тимот на Тампа Беј лајтнинг и со вкупен резултат од 4-2 во победи, ја добија финалната серија во НХЛ. За Чикаго блекхокс ова е шеста титула во нивната клупска историја. Погодоците за шампионскиот тим ги постигнаа Данкан Кит, во 37. и Патрик Кејн во 55. минута од натпреварот. Трофејот...

Ѓоковиќ ја одбрани титулата на мастерс-турнирот во Индијан Велс

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја одбрани титулата на мастерс-турнирот во Индијан Велс, совладувајќи го во финалето Рожер Федерер, со 2-1 или по сетови 6-3, 6-7 и 6-2. За Ѓоковиќ ова е четврти триумф на турнирот во Индијан Велс. Тој титулата најдобар ја понесе во 2008, 2011, 2014 и, сега, во 2015 година. Финалето се играше 2 часа и 17 минути, а...

Федерер го предаде мечот, титулата во Лондон за Ѓоковиќ

Рожер Федерер и се извини на публиката што го откажа финалето
Новак Ѓоковиќ го освои Мастерс-купот во Лондон откако Рожер Федерер, поради болка во грбот, реши да не настапи на финалето и го предаде мечот. Швајцарецот излезе пред публиката и се извини што ги разочара, но истакна дека тој и неговиот тим донеле одлука дека е преголем ризик тој да настапи во финалето. - За жал, не сум подготвен да го...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...