fbpx
Таг: Титаник

таг: Титаник

Груевски во Апелација: Се подготвувам да победам на избори, не да бегам

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во Апелацискиот суд изјави дека се подготвува да победи на избори, а не да избега од земјава. Груевски во Апелацискиот суд, каде на јавна седница се разгледуваат жалбите на дел од обвинетите и жалбите на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Титаник“, дојде половина час порано, придружуван од неговите адвокати Боро Тасевски,...

Судот не одобри притвори побарани од СЈО, се реши за мерки за претпазливост

Основен суд Скопје 1 вечерва ги соопшти одлуките за пет барања од СЈО, со напомена дека за другите ќе се решава и јавноста ќе биде информирана утре. Од петте одлуки соопштени кон крајот на денешниот ден, се гледа дека не е прифатено ниту едно од барањата за притвор, а во некои случаи наместо бараната мерка се изречени мерки на...

Новинарки од поранешна „А1-телевизија“ повикани на разговор во СЈО

Специјалното јавно обвинителство денеска ги поканило новинарките Сашка Цветковска и Наташа Стојановска на разговор во врска со нивната работа на сторијата „Списоци за обезбеден гласачи“, пишува „Нова ТВ“. Во сторијата пишуваше дека владејачката партија ги заплашува вработените во администрацијата да носат списоци со сигурни гласачи. Новинарките списоците ги добиле од анонимен извор, а на лицата на списоците им се јавуваа на...

Гордана Јанкулоска дојде на распит во СЈО

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во 13 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство. Пред да влезе таа не даде изјава за медиумите, но најави дека тоа ќе го стори по распитот. Јанкулоска е осомничена во случајот „Тврдина“ што СЈО го отвори за уништувањето на опремата од незаконското прислушување, како и во случајот „Титаник“ за изборни манипулации. Во СЈО денеска...

Груевски, Јанкулоска, Мијалков, Јанакиески, Заев од списокот на Иванов се преселија кај Јанева

Специјалното јавно обвинителство продолжува со истражните постапки против сите осомничени во петте случаи што ги отвори, соопшти денеска СЈО. Поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и на нивни соработници, за дел од осомничените во овие случаи беа запрени постапките, а дел поради помилувањето не беа официјално осомничени. СЈО поднело и предлог до Апелациониот суд Скопје да го...

Јанева закажа прес-конференција во 11 часот – обвиненија, нови истраги или нешто трето

Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес-конференција во просториите на СЈО, информираa утрово од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Во соопштението на СЈО не е неведено на која тема ќе биде прес-конференцијата. Специјалната обвинителка, минатата недела изјави дека ќе има проширување на истрагата за случајот „Титаник“, со нови осомничени. Во случајот „Титаник“, СЈО на почетокот на февруари отвори...

Гошева: Изјавите на Јанева се неприфатливи и неодговорни

Елена Гошева, претседателката на Уставниот суд, ги оцени изјавите на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, како неприфатливи и неодговорни. Според Гошева, таквите изјави на Јанева ја компромитираат нејзината улога во СЈО. – Изјавите на Катица Јанева насочени кон негирање и деградирање на постојните државни органи и институции во Република Македонија истакнувам дека се неприфатливи, неодговорни и компетенциите на ова лице...

Јанева: И претседателот и пратениците и уставните судии се избрани нелегитимно

Од доказите што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги има за случајот „Титаник“, произлегува дека самиот избор на претседател на државата, на уставните судии и на пратениците во Собранието е доведен во прашање и сите овие институции се нелегитимни, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева, запрашана за коментар за одлуката на Уставниот суд околу Законот за помилување. - Во случајот „Титаник“ се...

Миле Јанакиески на распит во Кривичниот суд

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, моментално е на распит пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1. Новинарите кои чекаат пред судот не го забележаа Јанакиески кога влегол  во судот, но како што јави репортерот на „Мета“, го забележале Јанакиески, кој со своите адвокати, меѓу кои е и Никола Додевски, адвокат на поранешниот премиер Никола...

Холивудскиот композитор Џејмс Хорнер загина во авионска несреќа

Холивудскиот композитор и автор на музиката за филмскиот хит „Титаник“, Џемјс Хорнер, загинал во авионска несреќа, што се случила вчера во Калифорнија, пренесуваат светските медиуми. Тој имаше 61 година. Според медиумите, Хорнер, кој бил обучен пилот, бил сам во мал приватен авион кој, од засега непознати причини, се срушил северно од Санта Барбара. Композиторот, кој е двоен добитник на престижниот „Оскар“,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...