fbpx
Таг: Тиранска платформа

таг: Тиранска платформа

Бушати: Имаше договор со Груевски кој беше одбиен од причини неповрзани со Албанија

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, кој престојува во Вашингтон, негира дека постои „тиранска платформа“ и дека Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија. Бушати, кој беше гостин на тинк-тенкот „Германски Маршалов фонд“, одби да одговори на прашањето од американските експерти што значи изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за единство на Косово и Албанија, пренесе „Македонската радио-телевизија“. – Не...

Собрание: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно си реплицираа и си контрареплицираа

Како што почна, така и заврши четиринаесеттото продолжение на конститутивната седница на Собранието, во реплики и во контрареплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. По паузата за ручек во 15 часот, ниту еден од пратениците на СДСМ не се јави за збор. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ повторно расправаа за тиранската платформа, протестите, државните симболи, а беа спомнати и последиците по економијата од приватизацијата. Пратеникот на...

ВМРО-ДПМНЕ: Народот бара избори, кризата наметната од СДСМ мора да заврши

Оваа криза наметната од СДС мора да заврши, народот бара избори, на кои ќе се изјасни и ќе знае за што гласа, стои во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Алудирајќи на премиерот на Албанија, Еди Рама, од партијата велат дека човекот што стои зад тиранската платформа продолжува да ја промовира соросовата политика на предизвикување на конфликти, со уште поопасни ставови како...

Рама: „Тиранската платформа“ е мит креиран од политичарите

„Тиранската платформа“ е мит креиран од македонските политичари со лош вкус, а Европа ќе доживее кошмар ако Балканот полуди поради одложувањето на ЕУ-агендата и стане сива зона во која други „актери“ ќе имаат поголемо влијание од ЕУ, порачува албанскиот премиер Еди Рама во интервју за европското издание на влијателниот американска магазин „Политико“. Рама порачува дека не е за обединување на...

ВМРО-ДПМНЕ: Нови парламентарни избори заедно со локалните се решение за кризата

Македонија е заглавена во криза затоа што СДС сака да ја измами изборната волја на граѓаните и да го занемари гласот на мнозинството граѓани кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, стои во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека „криминогеното раководство на СДС“, за да се спаси од затворски казни, подготвено е да дојде на власт по секоја цена, независно што...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев за лична амнестија е решен да го промени името на државата по грчки терк

„Криминалецот Заев за својата лична амнестија за криминалите што ги сторил е решен Македонија да ја направи двојазична, да ги прогласи за геноцидни сопствениот народ и држава, да го промени името на државата по грчки терк и во крајна фаза да ја федерализира Македонија“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „криминалецот Заев сето ова...

ВМРО-ДПМНЕ: Грижата на СДСМ за земјоделците е лицемерна

„Тиранската платформа за криминогеното раководство на СДС е поважна отколку судбината на земјоделците и иднината на Република Македонија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски. Од партијата велат дека грижата на СДСМ кон земјоделците е лицемерна и дека земјоделците знаат дека „единствено ВМРО-ДПМНЕ се грижи за нив и за подобрување на нивниот стандард“. „За...

Со бетонирани партиски ставови се оди на продолжението на собраниската седница

Пред почетокот на денешното 11. продолжение на конститутивната седница на парламентот, со вообичаените партиски соопштенија утрово се огласија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ бара „парламентот и Ѓорге Иванов да ја испочитуваат и да ја спроведат мнозинската волја на 700.000 граѓани, преточена во 67 пратенички мандати и да овозможат избор на нов собраниски претседател и нова влада, без одложување“. Партијата вели дека „Груевски...

ВМРО-ДПМНЕ: Народот храбро реши да се спротивстави на СДСМ

Граѓаните не се должни да се дел од валканите игри на „криминогеното раководство на СДС“, кое е нервозно бидејќи не може да ги реализира ветувањата и да ги исполни уцените, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Нивната нервоза е сè поголема и поочигледна. Сè почна да излегува на површина, предавството, пазарењето со националните и со државните интереси. Сè...

ВМРО-ДПМНЕ: Излезот се нови избори и изјаснување на народот за тиранската платформа

Излезот од ваквата ситуација во која криминогениот СДСМ ја доведе државата е еден. Нови парламентарни избори! Само така граѓаните јасно и недвосмислено ќе може да се изјаснат околу тиранската платформа. Само така граѓаните на Република Македонија нема да се чувствуваат измамено, порача ВМРО-ДПМНЕ во своето редовно утринско соопштение. Партијата со многу остар тон, својот политички противник го става во редот...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се обидоа да изведат државен удар во Собранието

Зоран Заев и „злосторничкото здружение околу него“ вчера се обидоа да изведат државен удар, да спречат дискусија во законодавниот дом и да ги замолкнат сите што говорат против тиранската платформа, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Криминалецот Заев и злосторничкото здружение околу него е избезумено. Ветуваа двојазичност, дебати за химната, грбот и за знамето. Ветуваа промена на банкнотите, двојазични...

ВМРО-ДПМНЕ: Само народот на избори одлучува во каква земја сака да живее

„Само народот на Република Македонија може да одлучува во каква земја сака да живее, дали сака суверена и унитарна Македонија која се гордее со мултиетничноста или федерализирана, бинационална држава“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата нагласуваат дека „ваквата одлука народот ја носи на избори, а не со подметнати постизборни платформи изготвени и потпишани во туѓи држави.“ „Јавноста...

Ѓорчев: Изјавите на Бушати и на Рама задираат во нашиот суверенитет

„Јавноста во Македонија секој ден е сведок на негаторски изјави кои задираат во внатрешните прашања и во суверенитетот на земјава. Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, препорачува тиранската платформа да била инкорпорирана, вклучена и составен дел од Уставот на Република Македонија, а албанскиот премиер Еди Рама, без попис лицитира со бројки од 35 отсто албанско население во Македонија“, реагираа...

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните нема да дозволат Македонија да биде водена од тиранска влада

„Со секој изминат ден станува сè појасно дека граѓаните нема да дозволат Македонија да биде водена од тиранска влада која ќе реализира тирански платформи“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека народот на 11 декември не гласал ниту за нов закон за јазици со кој албанскиот ќе стане официјален јазик на цела територија, ниту...

Рама: Платформата е напишана во Македонија, јас олеснував во комуникацијата

Албанците ниту биле, ниту се, ниту ќе бидат проблем во Македонија, а обвинувањата околу т.н. „тиранска платформа“ се политичка игра, вели премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за порталот „Дијалог плус“ (dialogplus.ch), јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Рама во интервјуто додава дека Македонците многу добро знаат дека Албанците се конститутивен фактор во земјата, чии права не може да...

Хоџа: Не постои тиранска платформа, средбите со лидерите на албанските партии се рутина

Генералниот директор за политички прашања при Министерството за надворешни работи на Албанија, Ферит Хоџа, прашан за наводната интервенција на Тирана во платформата на албанските партии во Македонија, изјавил дека „не постои тиранска платформа“, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Тој додал дека средбите со албанските политички лидери од регионите каде што живеат Албанци, било во Македонија, Прешево или Црна Гора,...

ВМРО-ДПМНЕ: Тиранската платформа е дело на Еди Рама и е подметната како кукавичко јајце

„Секојдневно се нижат искази и докази дека тиранската  платформа е дело на Еди Рама и дека таа има цел да ја турне Македонија во уште подлабока криза и да ја редефинира во согласност со визиите на соросовите играчи на Балканот“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „аболираниот криминалец Зоран Заев е само уценет човек,...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да одговори зошто Заев не се појави пред обвинителство

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е во работен престој на Малта и заедно со партиска делегација ќе учествува на конгрес на Европската народна партија каде присутни ќе бидат функционерите од политичкиот естаблишмент на Европската Унија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. - СДСМ и медиумите под контрола на Бихаќка со емитувањето на лажни вести, покажуваат невидена...

ВМРО-ДПМНЕ: Народот се чувствува навреден и изигран од СДСМ

Народот се чувствува навреден и изигран од страна на СДСМ, кој пред изборите најавуваше план за живот, а по изборите започна да реализира план за разнебитување на Македонија, базиран на неуставната тиранска платформа, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата уште еднаш го повторуваат ставот дека единствено решение за излез од политичката криза, за која го обвинуваат...

Димовски: Потребни се нови избори затоа што бројките не гарантираат стабилно Собрание

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги почитува Уставот, деловникот за работа на Собранието и законите, но ќе се бори за да ги зачува државните и националните интереси, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во вестите на телевизија „Сител“ . Според Димовски, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е да има предвремени парламентарни избори затоа што, како што вели, бројките и соодносот во Собранието не гарантираат стабилно...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...