fbpx
Таг: Тирана

таг: Тирана

СДСМ ја осуди изјавата на дебарскиот градоначалник

„Ја осудуваме провокативната реторика во изјавата на градоначалникот на општина Дебар, Ружди Лата, која не е во духот на заедништвото, интеграцијата и меѓусебното почитување на граѓаните. Избраните и именуваните функционери мора да бидат свесни за одговорноста што ја имаат пред Уставот, законите и пред граѓаните на Република Македонија. И Лата, како и сите други носители на државни функции, мора...

Земјотресот што се почувствува во Македонија имал епицентар северно од Тирана

Силниот земјотрес што во 15.53 часот се почувствува во западниот дел на Македонија, имал епицентар на 55 километри северно од Тирана, односно на 32 километри источно од градот Леж. Магнитудата изнесувала 5,2 степени, а хипоцентарот, односно длабочината на земјотресот, бил на 10 километри под површината, се дознава од веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот во Скопје беше почувствуван како хоризонтален, а...

„Илинден“ од Тирана ја осуди изјавата на албанската пратеничка Месила Дода

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана преку соопштение попладнево остро ја осуди, како што ка нарекува, антимакедонската изјава на Месила Дода, пратеничката од Партијата за правда, интеграција и единство во албанскиот парламент. При посетата на Пешкопеја, Месила Дода рече дека Република Македонија е Илирида, ги повика политичките партии на Албанците во земјава самите да конституираат свој парламент, а отиде дотаму што се закани со...

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го поддржиме Заев, ако се откаже од редифинирање на државата

„Време е за искреност. Време е СДСМ да покаже дали е за унитарна и единствена Македонија или е за Македонија скроена по платформата од Тирана. Време е СДСМ да покаже на дело дали љубовта кон татковината е поголема од желбата за власт по секоја цена“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ. Во него се додава дека...

По заканите, ЕУ-амбасадорката во Тирана под 24-часовна полициска заштита

По најновите закани кон шефицата на Мисијата на ЕУ во Тирана, Романа Влахутин, таа и нејзиното семејство се под 24-часовна полициска заштита, јави австрискиот весник „Стандард“. Заканите се засилени во последниот период, откако Хрватката Влахутин продолжи со интензивните напори за судски реформи во Албанија, каде корупцијата е раширена. Влахутин е претседавач на специјалната извршна комисија, во која се и амбасадорот на САД, Доналд...

Илјадници граѓани излегоа на протест организиран од опозицијата во Албанија

Илјадници граѓани се собраа денеска на протест во Тирана кој го организираше лидерот на опозицијата Лулзим Баша. Повеќе граѓани говореа на протестот изразувајќи ги нивните грижи и причини за да протестираат против актуелната власт. Некои од нив имаа говори кои се однесуваа на даночната реформа и ароганцијата на владата, додека Баша повика на техничка влада, затоа што, како што...

„Транспаренси интернешнел“: Албанија е една од четирите најкорумпирани земји во Европа

Во извештајот на „Транспаренси интернешнел“ објавен во средата се вели дека Албанија прави напори за борба против корупцијата, но сепак е една од четирите земји со најкорумпирана политичка класа во Европа. Податоци покажуваат дека за разлика од Косово, Шпанија и од Молдавија, каде што корупцијата се смета за еден од трите главни проблеми, во Албанија тоа не е случај. „Транспаренси интернешнел“...

Координативна конференција против тероризмот на Балканот

Клучни претставници на меѓународни и на регионални институци и високи претставници на влади од Југоисточна Европа, меѓу кои и од Македонија, првпат во тој формат се собраа денеска во Тирана во обид да ја унапредат соработката во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам. Како што соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), кој го организираше овој собир, а чиј домаќин е...

Албанија изгласа пакет закони клучни за почеток на преговори со ЕУ

Албанскиот парламент го одобри пакетот закони со кои се отвори патот за спроведување судски реформи кои се клучни за почетокот на преговорите за влез на Албанија во Европската Унија. Законите беа усвоите без опозицијата, која го бојкотираше гласањето. Реформите во судството едногласно беа одобрени во јули и се во насока на искоренување на поткупот, а треба да обезбедат и политичка независност на...

Албански уметници со протестен концерт против изградба на хидроцентрали

Протестен концерт на 29 октомври во Валбона, а на 30 октомври во Тирана, против изградба на 14 хидроелектрични централи, ќе одржат познатите албански пејачки Еда Зари и Елина Дуни. Ова е првпат во Албанија уметници да протестираат против економските политики на власта. Преку пораката „Заштита на нашата земја, вода, воздух и живот“, пејачките ги повикаа и другите колеги да...

Илјадници граѓани на протест во Тирана поради законот за отпад

Илјадници граѓани активисти на еколошки движења вчера одржаа протест пред седиштето на владата во Тирана, од каде го изразија своето незадоволство од законот со кој се доволува увоз, складирање и рециклирање на отпад од странство во Албанија. Учесниците на протестот извикуваа пароли против складирањето отпад од странство во земјата и изразија стравување дека Алабнија би можеле да се претвори во депонија за странски смет. Протестот е...

Скопје и Тирана се збратимија

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денеска во Тирана потпишаа спогодба за соработка меѓу двата града, со што тие официјално се збратимија. Градовите ќе разменуваат искуства и експерти во областа на комуналната инфраструктура, сообраќајот, одржливиот развој, заштитата на животната средина, социјалната заштита, културата, спортот и во сите други области што се од значење и...

Весникот „Илинден“ повторно и во печатена форма

Весникот „Илинден“, гласило на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, повторно, покрај во електронска, излегува и во печатена форма. Тоа е овозможено со финансиската помош на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Торонто, Канда. Весникот ќе продолжи да се дели низ Албанија, но да се дистрибуира и во дијаспората, секаде каде што живеат Македонци. „Сакаме да веруваме дека примерот на ММДЧП...

Студентите во Тирана протестираат против новите образовни реформи

Неколку стотици студенти денеска, во Тирана, излегоа на протест против образовните реформи кои резултираа со отфрлање на студенти, кои имаат највисок просек по завршување на средно школо, уште во првата фаза на упис на факултетите. Студентите се жалат на променетите правила кога станува збор за упис на универзитетите по измените на Законот за високо образование оваа година. Според новите правила, факултетите одделуваат...

Весникот „Илинден“ прославува четири години постоење

Весникот на Mакедонците во Република Албанија, „Илинден“, со пригоден текст потсетува на четиригодишнината од постоењето. Првпат се појави во 2012 година, кога беше испечатено првото издание. - Нашата мисија е да го одржуваме и поттикнуваме македонскиот идентитет во Република Албанија, за преку културен израз, Македонците целосно да го остваруваат. Сакаме да веруваме дека ваквата активност ќе биде соодветно поддржана од државните...

Друштвото „Илинден” ги стимулира децата во Албанија за изучување на македонскиот јазик

Македонското друштво „Илинден“ од Tирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, на децата што ги посетуваат бесплатните курсеви по македонски јазик во село Требиште, им подарија пакетчиња за новогодишните и за божиќните празници. „Македонско друштво „Илинден“ и на овој начин ги стимулира најмладите да се залагаат за чувањето на македонскиот јазик, македонската култура, традиција и обичаи во областа Голо Брдо“,...

Македонците во Албанија на конференција по повод годишнина од падот на комунизмот

Македонците во Албанија беа дел од Меѓународна научна конференција, организирана во Тирана, по повод 25-годишнината од падот на комунизмот во оваа земја. На конференцијата се проговори и за Македонците преку статијата „Културните и политичките организации на Македонците од Албанија 1991-2014“, презентирана од проф. д-р Катерина Тодороска и од Естела Ѓурѓај. Притоа, беше покажан интерес за ова прашање од професорите на Универзитетот...

Македонците во Тирана, концентрирани во централната општина

Македонците во Тирана се концентрирани во централната општина, које е една од десетте во албанскиот главен град и според тамошната номенклатура, го носи бројот 1. Ова за „Мета“ го тврди претседателот на Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај, кој денска оствари средба со градоначалничката на оваа општина, Тренделина Јаку. - Ја информиравме градоначалничката за активностите на друштвото. Таа ја нагласи...

Тројца мажи убиени во Тирана

Во престрелка со огнено оружје во центарот на Тирана, убиени се тројца мажи. Пукањето се случило ввчеравечер, на централниот булевар Зога и Пара. Било стрелано од автоматска пушка врз џип „туарег“, во којшто биле тројца мажи. Еден од нив бил убиен на самото место, додека другите двајца се ранети при обид да побегнат со возилото, а починале на пат кон болница. Полицијата во Тирана уапсила...

Џозефина Топали ја осуди изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за Македонија

Поранешната претседателка на парламентот на Република Албанија, Џозефина Топали, во својот говор ја осуди изјавата на премиерот Еди Рама дека неговата земја ќе стави вето за влез на Република Македонија во НАТО. - Изјавата на Рама е неприфатлива и тоа директно ќе влијае на прашањето за членство на Албанија во структурите на Европската унија. Албанија сè уште не е таква...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...