Прободен тинејџер во гостиварско Чегране


Тетово, 5 ноември, 2018 - 14:14 (META) 

Синоќа околу 21 часот, шеснаесетгодишник од гостиварското село Чегране, во салон за забавни игри, најпрво физички се пресметувал со седумнаесетгодишник од истото село, воедно и негов роднина, а потоа од панталоните извадил нож и му нанел убодна рана во левата нога, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово.

На местото на настанот е извршен увид и е пронајден шестаесетгодишникот. Неговиот нож е одземен за вештачење, а СВР Тетово работи на целосно расчистување на случајот.

 


Четиримина повредени во напад со нож во училиште во Русија


Москва, 18 април, 2018 - 10:21 (META) 

Средношколец стар 17 со нож нападнал соученичка и професорката по информатика, а потоа се обидел да се самоубие. Нападот се случил во едно од училиштата во градот Стерлитамак во руската република Башкортостан. Во инцидентот е повредена уште една ученичка, која по тревогата скокнала од прозорец. Повредени се вкупно четиримина, заедно со напаѓачот, јавија руските медиуми.

По нападот тинејџерот, кој во последно време на социјалните мрежи објавувал насилен материјал, меѓу кои и видео од масакрот во средно училиште во Колорадо и се заканувал дека ќе „елиминира луѓе“, се обидел да ја запали училницата.

Сепак, набргу е совладан и е во болнички притвор.


За исцртаните кукасти крстови во Прилеп осомничен 15-годишник


Прилеп, 7 март, 2018 - 9:40 (META) 

За исцртаните кукасти крстови на Меморијален музеј „11 Октомври 1941 година – Участакот“ во Прилеп, кој е заштитен со закон, и на уште неколку други објекти, кои беа забележани на 30 јануари годинава, прилепската полиција осомничи 15-годишен прилепчанец.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднела посебно Известување против 15- годишниот К.Д. од Прилеп за кривично дело Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, казниво по член 264 од Кривичниот законик на Република Македонија.


Малолетник и 19-годишник ги испишале графитите во Битола


Битола, 22 јануари, 2018 - 14:10 (META) 

На разговор во полициска станица во врска со графитите со говор на омраза што беа испишани во петокот на Широк Сокак во Битола, битолската полиција повикала еден малолетник и еден 19-годишник.

Случајот потоа бил расчистен и било утврдено дека младите битолчани ги испишале графитите, и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени пријави.


Уапсен шести осомничен за нападот во лондонското метро


Лондон, 21 септември, 2017 - 16:20 (META) 

Британската полиција уапси 17-годишно момче поради поврзаност со минатонеделниот терористички напад во лондонското метро, пренесуваат британските медиумите.

Тинејџерот е шестиот уапсен во врска со бомбашкиот напад, кој се случи на 15. септември во близина на метро-станицата Парсонс грин, а во кој беа повредени 30 лица, јавува „Би-би-си“.

Сите шестмина уапсени се задржани и остануваат во притвор во полициска станица во јужен Лондон.

Началникот на одделот за борба против тероризмот во Скотланд јард, Дин Хајден изјавил дека истрагата се одвива многу брзо.

„Досега се уапсени шест лица, а продолжуваат претресите на уште пет локации. Инспекторите се обидуваат да ги утврдат сите детали и сите факти поврзни со нападот“, изјавил Хајден.


Тинејџер пукал во школо кај Москва, четворица се повредени


Москва, 5 септември, 2017 - 13:32 (META) 

Московската полиција уапси тинејџер кој пукал и фрлил димна бомба во училиште во московскиот регион и притоа ранил четири лица, јавуваат руските медиуми.

Според првичните информации, 15-годишникот фрлил димна бомба во училницата и пукал во воздух, соопшти портпаролот на руското Министерство за внатрешни работи.

Четири лица се хоспитализирани, а според информациите на новинската агенција ТАСС, станува збор за тројца ученици и за еден наставник.

Во тек е истрага за инцидентот, а полицијата го испитува тинејџерот.

Според едната верзија, инцидентот настанал откако ученикот влегол во расправија со соученик, а според другата, откако почнал да се расправа со еден од наставниците.

Учениците се евакуирани од училиштето откако се дознало дека тинејџерот поставил и експлозив во објектот.

Неименуван полициски извор наведува дека тинејџерот веќе подолго време се подготвувал за нападот, објавувал фотографии од оружје на своите профили на социјалните мрежи, а денеска напишал „Избришете го мојот живот“.


Тинејџер направил профил на покојник на „Фејсбук“, па им пишувал на роднините


Тетово, 31 јули, 2017 - 14:22 (META) 

Тинејџер од Тетово влезе во полицискиот билтен бидејќи направил лажен профил на „Фејсбук“ со податоци од покојник, па потоа преку него им пишувал на роднини и на пријатели на починатото лице.

СВР Тетово поднел известување за кривично дело злоупотреба на лични податоци против 15-годишникот, откако на 5 јули еден тетовец утврдил дека е направен лажен профил на неговиот покоен татко и го пријавил случајот. По пријавата, полицијата во соработка со „Телеком АД“ – Скопје, утврдила од која  ИП-адреса е отворен лажниот профил, по што е извршен претрес во домот на малолетникот.


Тинејџер украл „ауди а4“


Скопје, 19 декември, 2015 - 12:23 (META) 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д. (18) од Скопје поради соменевање дека украл автомобил марка „ауди а4“, за што му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Од МВР информираат дека осомничениот го украл возилотo од улица Македонска преродба, по што се упатил кон Охрид.

„На патот кон Охрид, на Стража, движејќи се со одземеното возило, му пукнала гума, а зад него се случила сообраќајна незгода, при што истиот застанал за да им укаже помош на лицата, а тие го обвиниле дека бил причинител за настанатата сообраќајна незгода, по што сите заедно заминале во полициската станица во Струга. Откако пристигнале во полициската станица, од полициски службеници по извршената проверка било констатирано дека по возилото се трага бидејќи било предмет на извршено кривично дело – кражба“, информираат од МВР


Полицијата уби малолетен Афроамериканец во Сент Луис


Сент Луис, 20 август, 2015 - 11:01 (META) 

Американската полиција уби уште еден Афроамерикански малолетник во текот на рацијата во сверниот дел на градот Сент Луис, во сојузната држава Мисури.

Група гневни луѓе се собрала на местото на инцидентот, а некои од демострантите скандирале „Животот на црнците значи“, парола која стана позната во текот на протестот против убиството на Афроамериканскиот тинејџер Мајкл Браун во соседниот град Фергусон.

Началникот на полицијата на Сент Луис, Сем Дотсон, на конференцијата за новинари рекол дека собраните граѓани ги удирале полицајците со цигли и шишиња и притоа тие употребиле солзавец за растерување на собраните.

Девет лица се уапсени поради попречување на сообраќајот и поради спротивставување при апсење, соопшти полицијата.

Дотсон соопшти дека полицијата пребарувала една зграда од која истрчале двајца Афроамериканци од кои еден се свртел и вперил оружје кон полицајците при што тие отвориле оган и испукале четири куршуми.

Момчето кое е идентификувано како 18 годишниот Мансур Бал-Беј им подглегнал на повредите, додека другото момче побгнало.