fbpx
Таг: тимнаобвинители

таг: тимнаобвинители

Специјалното обвинителство во маѓепсан политички круг

Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева, иако беа инаугурирани од Собранието пред повеќе од четириесетина дена, сè уште не можат да почнат со работа поради спорот околу бројот на обвинители, а нема официјални информации ниту дали Јанева ги добила бараните финансии за работа од Владата. Во моментов спорот меѓу Советот на обвинители и Катица Јанева е статус кво. Решението, ако...

Ден на политички одлуки, посети, седници, закони – ќе бидат ли доволни 24 часа?

Безмалку сите настани што внесоа напнатост на политичката сцена изминатава недела ќе се прелеат во денешната агенда. Посета на високиот комесар за проширување и меѓусоседска политика на ЕУ, Јоханес Хан. Иако нема официјално објавен распоред на средби, Хан сигурно ќе се сретне со шефовите на четирите најголеми политички партии. Свечената седница на Советот на јавни обвинители, на која избраните седуммина помошници-обвинители од тимот...

Партиите се договорија за тимот на Јанева, преговорите на работните групи продолжуваат

Денеска, точно напладне, продолжуваат преговорите на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино за изборните закони, откако утринава тие се договорија да го деблокираат спорот за специјалното обвинителство. Имено, како што дознава „Мета“, во 1 часот по полноќ, четирите политички партии потпишаа писмо кое треба да го испратат до министерот за правда, Аднан Јашари, кој треба да...

Колку Зврлевски е неполитички обвинител, кажаа Јанкулоска и Ставрески во „бомбата“

Републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој изјави дека за него специјалното обвинителство е политичко обвинителство, во една од „бомбите“ на опозицијата беше споменат од двајца политичари, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и поранешната министрека за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на кои, според снимката, им завршил работа и отфрлил кривична пријава поднесена против Ставрески. Во аудиоснимката што опозицијата ја објави на 15 февруари,...

Јанева утре ќе ги достави документите што ѝ ги побара Советот на обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, најдоцна утре ќе ги достави сите документи, односно работен, персонален и финансиски план, што ѝ ги побара Советот на јавни обвинители за да донесе одлучка по предлогот на Јанева за нејзиниот тим од 14 помошници, соопштија денеска од канцеларијата на специјалната обвинителка. Седницата на Советот на јавни обвинители на која треба да се изберат обвинителите што...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...