fbpx
Таг: тим

таг: тим

Тим од МВР ќе помага на бугарските колеги во истрагата за причините за автобуската несреќа, информираше Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека тим од МВР веќе се упатиле кон Бугарија, за да помогнат во истрагата за несреќата. „По телефонскиот разговор со мојот бугарски колега Бојко Рашков, тим на Министерството за внатрешни работи предводен од помошник директорот на униформирана полиција, а составен од претставници на Секторот за сообраќајната полиција и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и...

Oбвинителите на СЈО се враќаат во матичните обвинителства

Советот на јавни обвинители денеска на седница го констатираше прекинувањето на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, откако во саботата беше разрешена нивната шефица Катица Јанева. Претседателот на Советот, Ацо Колевски, по седницата изјави дека досегашните обвинители на СЈО треба да се вратат во нивните матични јавни обвинителства. Предметите на СЈО ги презеде Јавното обвинителство, а државниот јавен обвинител Љубомир...

Владата формираше тим за борба против криминалот и корупцијата, ќе го раководи Спасовски

Владата на денешната седница донесе одлука за формирање на оперативен тим за борба против криминалот и корупцијата, кој ќе биде составен од највисоките претставници на институциите од извршната власт. Со оперативниот тим ќе раководи заменик претседателот на владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во оперативниот тим ќе членуваат министерката за правда Рената Дескоска, заменик министерот за внатрешни работи...

Хан: Ги цениме напорите новата влада да допре до Грција и до Бугарија

Важно е да се пронајде согласно решение за спорот околу името и патот кој што ќе води напред и ЕУ е подготвена да го помогне овој процес кој се води во Обединетите нации и да ги олесни контактите ако е тоа потребно, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. Еврокомесарот Хан во интервју за „Јуропеан вестерн балканс“ (European Western...

Јанева на „Фејсбук“ објави фотографија со целиот тим на СЈО

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска на својот фејсбук-профил објави фотографија со целиот тим во новите простории во кои СЈО се пресели на почетокот на овој месец. Јанева денеска го објави вториот шестмесечен извештај за работата на СЈО и ги поднесе до судот првите две обвиненија. Едното е за уништување на документација поврзана со опремата од нелегалното прислушување, а другото...

СЈО: Од медиумите дознаваме за кривичната пријава против тројца наши обвинители

Досега никој од тимот на Катица Јанева не бил повикан на разговор во Основното јавно обвнителство, велат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за „24 Вести“. Специјалното јавно обвинителство од медиумите дознало дека се поднесени кривични пријави против тројца обвинители од тимот на Јанева. Тие се сомневаат дека некој се обидува да му наштети на новото обвинителство бидејќи од внатрешниот распит на...

Аневски: Јанева разреши две обвинителки од својот тим

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, разрешила две обвинителки од својот тим, соопшти денеска претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, по завршувањето на денешната седница. Како што рече Аневски, Јанева на своја иницијатива ги отстранила обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева и им рекла да ги вратат предметите и токените, да ги исчистат бироата, да ги напуштат канцелариите и да се...

Тимот на Јанева комплетиран, со работа ќе почне в понеделник

Дванаесеттемина избрани обвинители од тимот на Катица Јанева денеска во Советот на јавни обвинители дадоа свечена заклетва, со што и официјално од понеделник ќе почнат со работа по наводите што произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори. На свечената седница, обвинителите се заколнаа дека ќе работат одговорно и чесно, во согласност со Уставот, законите и со ратификуваните меѓународни договори, а претседателот на Советот на...

Јанева доставила предлог со намален број обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, до Советот на обвинители доставила нов предлог со помал број помошници-обвинители од претходно побараните 14. Ова неофицијално го потврдија од Советот пред почетокот на седницата, на која ќе се расправа за изборот на тимот на Јанева. Од Советот на обвинители не кажуваат за колку обвинители станува збор, а претседателот Петар Аневски, кратко, пред почетокот на седница,...

Советот на обвинители закажа итна седница за тимот на Јанева

Советот на јавни обвинители за денеска, во 16 часот, закажа седница на која точка на дневен ред ќе биде тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, дознава „Мета“. Според наши извори, обвинителите на Јанева ќе бидат единствена точка на дневен ред на седницата. Дали членовите на Советот ќе расправаат за избор на другите седум обвинители од тимот на Јанева или, пак, ќе...

ДУИ го претстави тимот за изборите догодина

Демократската унија за интергација (ДУИ) денеска на Скопски саем ги претстави членовите на партијата што ќе ја водат кампањата на ДУИ на предвремените параламентарни избори закажани за април следната година. Пред околку 1.200 членови на партијата, се обрати претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој го претстави актуелниот министер за економија, Беким Незири, за шеф на изборниот штаб. „Македонија е во многу тешка...

Политичките партии во Клубот на пратеници ја решаваат новата криза

Во 14 часот, во Клубот на пратеници во Скопје, почна средбата на претставниците на политичките партии со надеж дека ќе го решат застојот во преговорите за изборниот законик. Изјава даде само претставникот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој рече дека на средбата нема да разговараат за ништо друго додека не го решат прашањето со изборот на тимот на специјалната јавна обвинителка, Катица...

Адвокатите и судиите поделени околу тимот на Катица Јанева

Тимот кој специјалната обвинителка, Катица Јанева, го избра да работи со неа на материјалите што произлегуваат од прислушуваните разговори, предизвика различни реакции кај адвокатите и кај поранешните обвинители. Дел од нив се резервирани, а дел задоволни од изборот и очекуваат резултати. - Одличен е тимот, тоа се луѓе кои работеле на помали случаи и поради (партиска) неисполнителност не им било дозволено да одат напред...

Обвинителите за Кежаровски, „Маѓар телеком“, Ангел и за Ставриќ во тимот на Јанева

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го состави тимот од 14 јавни обвинители што ќе работат со неа на решавање на случаите од прислушуваните материјали што ги објави СДСМ. Се работи за Артан Ајран, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стевчо Дончев, Трајче Пеливанов и Фатмир Фетаи. Дел од...

Специјалната обвинителка го состави својот тим, чека амин од Советот на обвинители

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, денеска на прес-конференција соопштила дека го составила тимот на јавни обвинители што ќе ѝ помагаат во решавањето на наводите од содржината на снимките од „бомбите“ на опозицијата, јавува „Нова ТВ“. Јанева соопштила дека до Советот на јавни обвинители ќе ги предложи имињата на 14 обвинители кои ќе бидат дел од нејзиниот тим во Специјалното обвинителство. Како што...

ВМРО-ДПМНЕ одбива специјалниот обвинител да формира сопствен тим

Владејачката партија одбивала специјалниот обвинител да формира сопствен тим со кој би работел, објави „Нова“. Порталот пишува дека најмалку десет обвинители се потребни во тимот на специјалниот обвинител затоа што голема е веројатноста да има потреба од покренување истражни дејства и во странски држави. Настрана тоа, ако тој обвинител е сам, нема да биде возможно никаква работа да заврши без...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...