fbpx
Таг: ТеутаАрифи

таг: ТеутаАрифи

Порталб: Касами со надеж во Хајрулахи за тужбата против Арифи

Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, се надева дека новиот обвинител на Вишото обвинителство Скопје ќе продолжи со случајот, откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) реши дека нема да истражува по тужбата поднесена од општина Тетово против поранешната градоначалничка Теута Арифи за договорите на дело склучени додека таа беше на чело на општината....

Порталб: Касами ја достави во Обвинителство тужбата против Арифи за велосипедската патека

Тужбата што градоначалникот на Тетово Билал Касами ја најави против поранешната градоначалничка Теута Арифи за велосипедската патека е поднесена во Обвинителство. Ова го потврдија од општинската канцеларија за односи со јавност и од Основното обвинителство, пишува Порталб.мк. „За овој случај овластивме адвокат, и тој ги води постапките. Предметот е во обвинителството, адвокатот продолжува да ги следи процедурите. Побаравме расчистување на...

Родова еднаквост во политиката: Од зборови да се прејде на дела, ред е на мажите да престанат со опструкции

По 73 години откако Вера Ацева беше првата градоначалничка на Скопје во далечната 1948, денеска Данела Арсовска официјално ќе почне да ја врши својата функција. Таа и градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска ја добија довербата на гласачите, кои на овие локални избори, од вкупно 297 кандидати за градоначалници, имаа можност да гласаат само 26 жени. Според активистките за правата...

Теута Арифи го призна поразот во Тетово и му честиташе на идниот градоначалник Билјал Касами

Досегашната градоначалничка на Тетово Теута Арифи на вечерашната прес-конференција изјави дека ДУИ не успеале да победат во општина Тетово. Според нејзините зборови, броењето на изборните резултати во вториот круг резултирал со тоа противкандидатот Билјал Касами од БЕСА да освои повеќе гласови и општина Тетово ќе биде раководена од Касами. „Му честитам за победата и му посакувам успешна работа, имајќи во предвид...

Прогласена тридневна жалост во Тетово

Советот на општина Тетово денеска прогласи тридневна жалост во Тетово по вчерашниот катастрофален пожар во ковид болницата, во кој животот го загубија 14 лица. Тетовската градоначалничка Теута Арифи на денешната прес-конференција рече дека откога ќе се знаат официјалните информации за жртвите, ќе се помогнат нивните семејства од итниот фонд на општината. Градоначалничката Арифи ги повика институциите што побрзо да ја...

Порталб: Општина Тетово во „офанзива“ со проекти во пресрет на локалните избори

Во последниот период, од јули наваму, односно три месеци пред локалните избори, Општина Тетово промовираше и финализираше неколку големи проекти, кои според ветувањата требаше да бидат завршени порано. Пред два дена беше пуштено во употреба долгоочекуваното основно училиште во Мала Речица, но само за прво одделение. Порталб ја праша градоначалничката на Тетово, зошто во толку краток временски период се промовираат...

Порталб: Тетовскиот стадион во катастрофална состојба, никој не ја презема одговорноста

Скршени стакла, расфрлени отпадоци насекаде и графити, сето тоа остава лош впечаток и праќа лоша порака, пишува Порталб.мк. Како што објави медиумот на албански јазик, ова се само дел од елементите што го идентификуваат градскиот стадион во Тетово, чија реконструкција актуелната градоначалничка на Тетово Теута Арифи ја ветува од 2013 година. Според Порталб, Арифи го повторила истото ветување и во...

Порталб.мк: Во Тетово плоштадот „Илирија“ не наликува на она што го вети градоначалничката Арифи

Проектот за плоштадот „Илирија“ е при крај, според Теута Арифи-градоначалничката на Тетово, но плоштадот во моментов не наликува на она што пред четири години го вети таа, пишува Порталб.мк. Недостигаат фонтани за пиење вода, 233 дрвени седишта, конструкции за паркирање велосипеди и корпи за отпадоци. Дали ќе се постават истите, општинските власти одбиваат да одговорат. Во период од четири години, зборовите...

Порталб.мк: Тетовци сѐ уште чекаат петте градски автобуси да почнат да сообраќаат низ градот

И покрај тоа што се ветуваат веќе осум години, тетовските пет автобуси што се набавија пред два и пол месеци, ја затекнааа Општина Тетово „неподготвена“, како во однос на документацијата така и во инфраструктурата. Градоначалничката Теута Арифи изјави дека последните подготовки се во тек и дека се надева дека овој проект ќе се финализира наскоро, пишува Порталб.мк. Петте автобуси што...

Порталб: Се очекува рушење на објектите за да се гради булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово

Најголемиот дел од сопствениците на објектите што треба да се урнат за изградба на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово се согласија на ова. Но, во моментов има три лица со коишто сè уште нема договор. За нив, оформена е посебна комисија составена од општински советници. Од друга страна, тетовската градоначалничка Теута Арифи очекува во текот на пролетта да се...

Порталб: Автобуски постојки поставени, но автобуси во Тетово сѐ уште нема

Со иронија, сарказам и шеги, некои граѓани од Општина Тетово на социјалните мрежи го коментираат поставувањето на автобуските станици за јавен превоз во Тетово, имајќи предвид дека автобуси сè уште нема, пишува „Порталб.мк“. Овие постојки се наоѓаат на неколку локации во градот, почнувајќи од универзитетскиот пат до центарот. Во меѓувреме, Теута Арифи за „Порталб.мк“ вети дека пред Нова година ќе...

Порталб: Во Тетово одредени локациите за над 40 постојки, но автобуси сè уште нема

Во Општина Тетово автобуси за јавен превоз нема. Сепак, локациите за автобуски постојки се одредени, и тоа предвидени се вкупно 45 локации низ целата општина. Постапката за набавка на пет автобуси е вратена на точката нула, пишува „Порталб.мк“. Тетово е познат како град со преоптоварен транспорт и инфраструктура, додека слободни јавни простори има многу малку. Така, изборот на локациите за...

Порталб: Пропадна тендерот за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово, распишан нов

Општина Тетово ја поништи постапката за јавна набавка на пет автобуси за организирање на јавниот превоз, кои градоначалничката Теута Арифи ги ветува девет години наназад. Причината поради која пропадна тендерот е „недостаток на понудувачи кои ги исполнуваат условите“, пишува „Порталб.мк“. Веднаш по поништување на постапката за набавка на петте автобуси, истата беше повторно објавена. Понудите од заинтересираните компании во втората...

Општина Тетово ќе ги затвори сите пазари поради корона вирусот

На состанок со Штабот за управување со кризи на Општина Тетово било одлучено да се заострат мерките за спречување на коронавирусот на територијата на оваа општина. Една од мерките што е донесена од општинските власти е затворање на сите пазари на нејзината територија, јавува „Порталб.мк“. Заострените мерки за спречување на коронавирусот ги најави тетовската градоначалничка Теута Арифи преку видео -...

Тетово: Дводецениска жед за вода

Како градоначалничката Теута Арифи се буди и се мие без вода? За кога ветува дека ќе го реши „еднаш засекогаш“ проблемот со водата? Сите градски власти досега потфрлија во обидите да обезбедат вода, а сега има и друг проблем – тетовската водоводна мрежа се распаѓа. Две децении, милиони евра од граѓаните се собрани за непотрошена вода, а граѓаните чешмите ги заменија...

Тетовци нудат предлози и бараат решенија од властите за проблемите во градот

Формирање центар за бесплатна правна помош за жртви од семејно насилство, општинска помош за поставување спомен-плочи на загинати бранители и цивили од воениот конфликт од 2001 година, мерки за заштита од загадување на воздухот. Ова се само дел од предлозите и од барања на тетовци кои денеска беа упатени до локалната самоуправа на форумот организиран од Националниот демократски институт. Градоначалничката...

Тетовци немаат капка вода, властите со оптимистички изјави дека проблемот ќе се реши

Министерот за животна средина, Нурхан Изаири, и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, денеска го посетија новиот водоснабдителен систем, кој сè уште се гради на падините на Шар Планина. И двајцата оценија дека проектот за нов водовод ќе заврши за неполн месец. - Проектот за нов водоснабдителен систем, според договорот, требаше да биде изграден до крајот на декември годинава. Но, градежните...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...