fbpx
Таг: Тетово Транспорт

таг: Тетово Транспорт

Порталб: Автобуските постојки во Тетово останаа недовршени

Автобуските постојки во Тетово сè уште не се опремени со столчиња. Од претпријатието „Тетово Транспорт“ минатиот месец ветија дека првата работа што ќе ја направат по преземањето на сопственоста над постојките ќе биде нивното опремување со столчиња. Денес постојките се во сопственост на претпријатието, но и понатаму нема места каде патниците може да седнат. За да не чекаат стоејќи,...

Не е точно дека Тетово има купено електричен автобус, како што пренесоа медиумите

Не е вистина веста дека Јавното претпријатие „Тетово транспорт“ има набавено електричен автобус, кој ќе биде промовиран денеска. Претпријатието издаде соопштение во кое истакнува дека ќе се промовира електричен автобус, а не дека купило, како што објавија медиумите, пишува Порталб.мк. Компанијата во своето соопштение не посочи дека се работи за набавка на нов автобус. Јавното претпријатие „Тетово транспорт“ завчера преку...

Автобуските постојки во Тетово немаат столчиња, граѓаните импровизираат поставувајќи мебел од дома (ВИДЕО)

Тетовските автобуси по многу пречки и одложувања сега сообраќаат низ градот, а бројот на граѓани кои ги користат се зголемува редовно. Меѓутоа, граѓаните ги чекаат автобусите на нозе, бидејќи на постојките нема столчиња, пишува Порталб.мк. На некои станици, како на пример кај постојката во близина на тетовскиот Суд, граѓаните често самоиницијативно поставуваат столчиња од домашниот мебел. Недостатокот на столчиња директно го...

Навршуваат два месеци од прекинот на јавниот превоз во Тетово, граѓаните бараат да се врати

Поминаа околу два месеца откако јавниот превоз во Тетово се прекина, што според општинските власти, беше направено поради неправилности во претпријатието. Денеска, по толку време, граѓаните бараат враќање на истиот, а тетовскиот градоначалник вели дека претпријатието има акциски план кој наскоро ќе биде споделен со јавноста, додека в.д. директорот на јавното сообраќајно претпријатие не одговара на телефонските повици и...

По само 4 месеци од воведувањето, во Тетово времено е укинат јавниот превоз

Општина Тетово времено го укина јавниот превоз во градот по само 4 месеци откако истиот беше воведен, а за којшто беа набавени и нови автобуси. Новото општинско раководство вели дека ќе треба да се среди хаосот што владеел во јавното претпријатие „Тетово Транспорт“. Се работело без да се платат придонеси за вработените, а фирмата работи нерегистрирана. Локалните власти велат дека...

Порталб: Во јавниот превоз во Тетово во функција само линијата број 1

На граѓаните и натаму им е нејасно како сообраќаат автобусите во Тетово. Од вчера повторно има промени. Сега се скратени линиите на јавниот превоз на Тетово, односно на услуга на граѓаните ќе биде само линијата број 1, која ќе кружи на секои 15 минути од 6 часот наутро до 20 часот навечер. Директорот на ЈП „Тетово Транспорт“ за Порталб.мк...

Порталб: Од денеска започна да функционира јавниот превоз во Тетово, возењето сé уште е бесплатно

Денеска почнаа да сообраќаат редовните автобуски линии во Тетово, со распоред од понеделник до сабота, во периодот од 06 до 20 часот. Билетите сé уште не се во продажба, затоа возењето сé уште е бесплатно, но според ЈП „Тетово транспорт“ билетите ќе бидат готови набргу. Порталб.мк испрати прашања до ова претпријатие во врска со работата на автобусите, но одговорот...

Порталб: Тетово без посебна лента за автобуси, јавниот превоз може да го отежни сообраќајниот метеж

Општина Тетово нема изнајдено решение за сообраќајниот метеж што со години го спречува слободното движење на возилата. Проблемот ќе биде отежнат кога во сообраќај ќе се воведат и автобусите како дел од градскиот превоз, за кои не е обезбедена посебна лента или барем не е планирано ефикасно организирање на сообраќајот. Одлуката за купувањето на автобусите ќе биде бесмислена ако...

Порталб: За 9 дена Тетово треба да има пет градски автобуси, aко не ги донесат ќе има казни

Остануваат девет дена од крајниот рок кога петте автобуси за јавен превоз треба да пристигнат во Тетово. Претседателот на Советот на општината, Беким Мемети, за „Порталб.мк“ изјави дека автобусите ќе пристигнат на време бидејќи во спротивно, ќе има казни за соодветната компанија. „Рокот од датумот на потпишување на договорот до датумот на испорака на автобусите е шест недели, тие сè...

Активистичка акција во Тетово: Автобуси духови поставени пред новите автобуски станици

Со акцијата „За прв пат во светот, автобус дух!“, група активисти во Тетово поставија автобуси духови пред автобуските станици за чекање, коишто неодамна беа поставени во градот од Општина Тетово. „Поаѓајќи од досегашното искуство, се поставува прашањето дали автобуските станици ќе ги дочекат автобусите. Токму затоа, група активисти од Тетово, поставија автобуси духови пред станиците за чекање, кои ќе им...

Порталб: Пропадна тендерот за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово, распишан нов

Општина Тетово ја поништи постапката за јавна набавка на пет автобуси за организирање на јавниот превоз, кои градоначалничката Теута Арифи ги ветува девет години наназад. Причината поради која пропадна тендерот е „недостаток на понудувачи кои ги исполнуваат условите“, пишува „Порталб.мк“. Веднаш по поништување на постапката за набавка на петте автобуси, истата беше повторно објавена. Понудите од заинтересираните компании во втората...

Општина Тетово ги разгледува понудите на компаниите за набавка на градски автобуси

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Се разгледува документацијата на заинтересираните компании за купување на новите автобуси за јавен градски превоз во Тетово, што се ветуваат веќе неколку години од Општина Тетово, велат од локалните власти. Доцнењето на постапката за избор на најповолен понудувач е поради парламентарните избори во земјава, пишува „Порталб.мк“. Општината не дава точен датум кога треба да заврши разгледувањето на понудите. Општина Тетово...

Распишан тендерот за набавка на градски автобуси за Тетово, повикот трае до 15 јули

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Тетово наскоро треба да добие нови градски автобуси со кои ќе може да профункционира јавниот превоз во градот. Општина Тетово го распиша повикот за доставување понуди од заинтересираните компании за набавка на автобуси за јавен превоз. Тендерот е отворен за доставување на понуди до 15 јули, а процесот на понудување и избор на фирмата ќе се спроведе преку процедури...

Јавен превоз лани користеле 72 милиони патници, продолжува трендот на опаѓање (инфографик)

Со јавен превоз во сите градови од земјава лани биле превезени 72.040.000 патници, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со линиите од градскиот превоз во 2019 година патувале 42.404.000 патници, додека автобусите од приградските линии превезле 29.636.000 патници. Во овие бројки се вклучени податоците од главниот град, но и од градско-приградскиот превоз што се одржува во Куманово, Велес,...

Проектната документација за набавка на градски автобуси за Тетово е во завршна фаза

Постапката за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово е во завршна фаза во делот на подготовка на проектната документација, што значи дека општината сè уште нема поднесено барање за кредит во Светска банка, пишува „Порталб.мк“. Подготовката на проектната документација доаѓа откако претходно беше одобрена техничката документација, која вчера беше објавена на владината седница што се одржа во Тетово. „Преку...

Error 1200: Најголемиот проблем на “градоначалникот“ во Тетово (видео)

Че Тим ТВ со поддршка на „Порталб.мк“ продолжува да го третира проблемот со немањето јавен превоз во Тетово. Засега, ова веројатно е најголемиот проблем на нашиот “градоначалник“. Иако градот Тетово со околината има над 100.000 жители, јавниот превоз и понатаму останува едно од неисполнетите ветувања за оваа општина. Градоначалничката Теута Арифи во два последователни мандати вети дека ќе се реши...

Општина Тетово по вторпат формира претпријатие за јавен превоз, но автобуси нема

Иако сè уште нема автобуси ниту организиран јавен превоз, Општина Тетово по вторпат го основа претпријатието за јавен превоз „Тетово Транспорт“. Ова претпријатие веќе има директор, но се очекува истото да „заживее“ кога Тетово ќе има возила за превоз. Дотогаш, жителите на градот повторно ќе чекаат на јавен превоз, пишува „Порталб.мк“. Во ноември 2014 година, Советот на општина Тетово донесе...

Јавното претпријатие за јавен превоз „Тетово транспорт“ функционира само на хартија

Јавното претпријатие за јавен превоз „Тетово транспорт“, функционира само на хартија. Ова претпријатие се формираше пред една година за, како што посочија општинските власти, да се намали големото аерозагадување во градот, но и поради потребата од ваков превоз, со оглед на фактот дека Тетово е втор по големина град во Македонија, по фреквенција на луѓе и на возила. Студентите велат дека се...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...