fbpx
Таг: тешкакражба

таг: тешкакражба

Уапсени двајца скопјани кои се барале со судска наредба

Екипи на Секторот за внатрешни работи Скопје, постапувајќи по судска наредба, уапсиле двајца скопјани кои се барале за издржување затворски казни, информира полицијата. Во едниот случај, според полицијата, станува збор за Васил Е. (43), кој се барал за издржување затворска казна од три години поради тешка кражба. Предраг Ц. (35), пак, се барал поради издржување затворска казна од две години за...

Четворица осомничени за тешка кражба во Битола, меѓу нив и еден малолетник

Битолската полиција поднела кривична пријава против 20-годишниот С.Б. од Прилеп, 14-годишен малолетник, К.Д.Р. (24) од Битола и уште едно, засега непознато лице, кои се товарат за тешка кражба. Како што информираат од полицијата, осомничените, ноќта меѓу 9 и 10 август оваа година, провалиле во куќа на улицата Сремска Митровица во Битола и украле пари, златен и сребрен накит, во вкупна...

Од стан во Скопје украдени пари, златен накит и два пиштоли

Непознат сторител, вчера провалил во стан во Скопје и украл извесна сума пари, златен накит и два пиштоли, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, кражбата се случила во стан на улицата Иван Аговски, во населбата Карпош, сопственост на М.Н. (36). Крадецот влегол во станот, откако насила и со употреба на погоден алат ја отворил влезната врата. Тој, според полицијата, одзел златен...

Двајца велешани осомничени дека украле 61 лаптоп од училиште

Двајца велешани се осомничени дека на почетокот од минатиот месец од основото училиште „Кирил и Методиј“ украле 61 мини-лаптоп, соопшти полицијата. Секторот за внатрешни работи Велес, против осомничените В.П. (23) и М.Ѓ. (21) поднел кривична пријава, со која ги товари за тешка кражба. Според полициските информации, осомничените, ноќта меѓу 6 и 7 септември, успеале да провалат во основното училиште, отворајќи ја влезната...

Од куќа во Порој украден златен накит вреден 7.000 евра

Тешка кражба вчера е регистрирана во тетовското село Порој, каде непознат сторител успеал преку отворен прозорец да влезе во куќата на 38-годишен жител на селото. Според полициските информации, крадецот од куќата однел златен накит чија вредност била проценета на околу 427.000 денари или околу 7.000 евра. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Куферче со пари украдено од стан на скопјанец

Непознат сторител викендов провалил во стан на 68-годишен скопјанец и украл куферче, во кое имало поголема сума пари и лични документи. Како што информираат од полицијата, кражбата се случила во периодот меѓу петокот и неделата, во стан на улицата Кумровец. Крадецот со погоден алат и со употреба на физичка сила, провалил во станот и го одзел куферчето во кое, според...

Битолчанец осомничен за тешка кражба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднела кривична пријава против 21-годишниот битолчанец Е.М., кој се товари за тешка кражба. Според полицијата, осомничениот кон крајот на јуни, оваа година, провалил во куќа на улицата Јосиф Јосфовски во Ресен, од која украл 47.000 денари.

Ограбен стан во скопски Капиштец

Непознат сторител провалил во стан на 41-годишен скопјанец, во населбата Капиштец, од каде украл девизи, денари и златен накит, во вкупна вредност од 470.000 денари, односно околу 7.600 евра. Кражбата, според полициските информации, се случила во периодот меѓу 26 јули и 9 август. Крадецот во станот влегол со употреба на физичка сила и однел 100.000 денари, 700 евра, 200 австралиски...

Од стан во Дебар-маало украден накит вреден 6.000 евра

Непознат сторител деновиве провалил во дом на 46-годишен скопјанец и украл плен чија вредност била проценета на околу 360.000 денари, односно околу 6.000 евра. Според полициските информации, кражбата се случила во периодот меѓу петокот, минатата недела и вторникот неделава, во стан на улицата Орце Николов, во Дебар-маало, во центарот на Скопје. Крадецот од станот однел златен накит, вреден околу 6.000 евра. Полицијата...

Од куќа во Мородвис, крадец однел плен вреден повеќе од два милиони денари

Непознат сторител, меѓу средата и четвртокот оваа недела, провалил во куќа во кочанското село Мородвис и украл денари, девизи и француски монети, во вкупна вредност од 2,2 милиони денари или околу 37.000 евра. Според полициските информации, крадецот во куќата, сопственост на Н.С.(74), влегол откако насилно отворил еден од прозорците, а одзел 400.000 денари, 28.000 швајцарски франци, околу 1.000 евра и...

Украдени 80 автомобилски гуми од скопска фирма

Меѓу четвртокот и петокот минатата недела, на улицата 1632 во Скопје, непознат сторител извршил тешка кражба во фирмата „Мото центар“, од која однел околу 80 користени гуми, соопшти полицијата. Вкупната материјална штета, според полициските информации, била проценета на околу 300.000 денари, односно околу 5.000 евра. Полицијата засега нема осомничено лице за тешката кражба.

Од куќа на кумановец украдени пари и накит во вредност од 1,9 милиони денари

Непознат сторител од куќа на 33-годишен кумановец украл девизи и златен накит, чија вкупна вредност била проценета на околу 1,9 милиони денари, односно околу 31.000 евра. Според полициските информации, кражбата се случила во периодот меѓу 25 јуни и 11 јули. Крадецот во објектот провалил насила, со помош на погоден алат и одзел 20.000 евра и разновиден златен накит. Од полицијата засега немаат...

Куфери со облека и лаптоп украдени од автомобил на српски државјанин

Меѓу вторникот и средата неделава, непознат сторител извршил тешка кражба во автомобил со српски национални ознаки, кој било паркиран на улицата Филип Втори Македонски во Скопје. Според полициските информации, од автомобилот, марка „шкода октавија“, биле украдени три куфери во кои имало облека и лаптоп, во вкупна вредност од 225.000 денари. Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на крадецот.

Украдени компјутери од училиште во Скопје

Десет куќишта од компјутери и два преносни компјутери минатата недела биле укардени од основно училиште во Скопје. Како што информираат од полицијата, кражбата се случила меѓу петокот и саботата минатата недела, во основното училиште „Лирија“ на улицата Цветан Димов. Компјутерите биле украдени од кабинетите по историја и по биологија, а нивната вредност е проценета на околу 21.000 денари. Полицијата засега нема осомничено лице...

Штипската полиција сомничи шестмина за тешки кражби

Штипската полиција ќе поднесе пријави против шест лица, на возраст од 17 до 40 години, поради сомневање за сторени повеќе кражби и тешки кражби. Според полициските информации, дел од осомничените се товарат дека краделе нафта од автобуси и од камиони, а неколкумина од нив се осомничени дека од стан и од куќа украле мобилни телефони, катализатор за автомобил и пари. Еден...

Од стан на тетовец украдени златен накит и пари

Разновиден накит, денари и девизи, вчера биле украдени од станот на 55-годишен тетовец, информира полицијата. Вредноста на украдениот плен била проценета на околу 480.000 денари или околу 7.800 евра. Според полицијата, од станот бил украден разновиден златен накит, 2.400 евра, 42.000 денари и 1.000 долари. Полицијата засега нема осомничено лице за тешката кражба.

Украдени пушки и пиштоли од магацин на „Македонски шуми“

Непознат сторител од магацин на „Македонски шуми“, односно Шумското стопанство „Караџица“, украл неколку парчиња оружје. Како што информираат од полицијата, случајот бил пријавен вчера, а станува збор за украдени пушки и пиштоли. Кражбата се случила на неутвреден датум, во периодот меѓу 4 и 17 јуни. Полицијата засега нема осомничени и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопјанец пријавил кражба на накит вреден 5,5 милиони денари

Скопојанец вчера пријавил дека непознат сторител провалил во неговиот стан на улицата Јуриј Гагарин, во населбата Козле, и украл разновиден златен накит, информираат од полицијата. Според пријавата на скопјанецот В.В. (65), вкупната вредност на накитот што го однел крадецот била околу 5,5 милиони денари. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Четири момчиња осомничени за разбојништво и за тешка кражба

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против четири момчиња, од нив двајца малолетници, осомничени дека пред една недела нападнале и ограбиле две лица на улицата Лазар Личеновски, во центарот на градот, информираат од полицијата. Според пријавата, Д.Ф. (20), Д.Е. (20) и двајцата малолентици, на 16-годишна возраст, се товарат за кривичните дела разбојништво и тешка кражба на дрзок начин....

Двајца малолетници осомничени за кражби во цркви и манастири

Струмичката полиција до локалното Основно јавно обвинителство поднела известување против двајца малолетници од селото Лубница, осомничени дека кон средината на април извршиле серија кражби во цркви и во манастири, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, малолетниците се товарат за шест тешки кражби во цркви и во манастири на подрачјето на Радовиш и за одземање моторно возило. Осомничените на 12 и на...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...