fbpx
Таг: термоелектрани

таг: термоелектрани

ТЕЦ „Битола“ лани бил најголемиот загадувач со сулфур диоксид и честички во Западен Балкан

Термоелектраната во склоп на РЕК „Битола“ во 2022 година била најголемиот загадувач со сулфур диоксид и честички прашина на целиот Западен Балкан. Емисиите од оџаците на ТЕЦ Битола се скоро дуплирани споредено со 2021 година, иако поради пожарот на трансформаторот во третиот блок, тој беше вон употреба цела година и електраната работеше со намален капацитет, соопштуваат од Еко-свест. Според новиот...

Блокот 1 во РЕК „Битола“ е во функција, наредната недела плански ќе се исклучи вториот блок

Блок 1 во РЕК „Битола“ од вчера попладне е повторно ставен во функција и произведува електрична енергија. Од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека постројката била синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем во 17:43 часот и испорачува струја. „Блокот беше плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста на постројката. Минатата година, за...

ТЕЦ „Неготино“ се ремонтира, ќе биде приклучен на мрежа на почеток на декември

Во ТЕЦ „Неготино“ завршуваат сервисните и ремонтните активности и електраната се подготвува за враќање на мрежа на почетокот на декември, информираат од АД ЕСМ. „Проверките и санирањата ги изведуваат вработени во термоелектраната, домашни стручни лица и стручен тим од Украина, односно од производителот на опремата вградена при изградбата на термоелектричната централа“, се наведува во соопштението на АД ЕСМ. Тие додаваат дека...

Политиките за животна средина и клима високо целат, но малку се имплементираат

Европските директиви кои ги засегнуваат прашањата од животната средина и климатските промени се генерално имплементирани во домашното законодавство, но и понатаму недостасува ефикасна имплементација. Сè уште не е донесен Законот за климатска акција, најголемите енергетски капацитети работат без А-интегрирани дозволи, амбициозните климатски политики не се во согласност со актуелните активности, принципот загадувачот плаќа не се спроведува доследно и нема...

РЕК „Битола“ од синоќа почна да работи со два блока

РЕК „Битола“ двојно го зголеми капацитетот за производство на струја откако синоќа во 22:51 часот Блокот 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на земјава, информираат од владината прес-служба. Од Владата информираат дека во РЕК „Битола“ во моментов се во функција два од трите блока, откако беше завршен ремонтот на Блок 1 после 23 дена, во рекордно краток рок. Блок 1...

ЕУ знае колкави ѝ се емисиите на стакленички гасови за лани, Македонија има најнови податоци за 2019 година

Во Европската Унија на квартално ниво редовно се објавуваат податоците за емисиите на стакленички гасови, кои предизвикуваат влијателни дебати меѓу државните раководства, невладините организации и граѓаните за создавање на нови, поцврсти и навремени мерки за намалување на влијанието на климатските промени. Во Македонија, последните податоци за емисиите на стакленички гасови на национално ниво се објавени за 2019 година, а...

Загадениот воздухот во регионот предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број на предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување на јавното здравје. Затоа е неопходно итно да се подобри квалитетот на воздухот и јавното здравје, преку надградба на здравствените системи. Ова го изјави Европскиот фонд за Балканот при овомесечната имплементација на третата фаза од кампањата „Обединет Балкан...

Рестрикции на струја ќе нема, во јануари во целосен погон ТЕЦ Неготино и РЕК Битола

ТЕЦ Неготино и РЕК Битола е предвидено во текот на јануари да работат со целосниот капацитет со којшто располагаат за производство на електрична енергија. Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека во текот на најладниот месец ќе проработи вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок на РЕК Битола. Според Ковачевски, со максимално ангажирање на сите производни капацитети во...

Наместо печки на дрва, сончевите колектори се спас од аерозагадувањето и за поевтина струја

Меѓународната енергетска криза, која што влијаеше на енормно зголемување на цените на електричната и топлинската енергија, го вклучи „црвениот аларм“ кај граѓаните во земјава. Прашањата за висината на сметките за струја од 1 јануари 2022 година, пропратени со шпекулациите дека ќе има рестрикции на електрична енергија, ги стимулираа граѓаните есенва да се пренасочат кон набавка на печки на дрва,...

Балканот се обединува за чист воздух: итно да се затворат електраните на јаглен

С. Македонија и годинава, ќе биде дел од регионалната кампања „Обединет Балкан за чист воздух“, со цел да се подигне свеста на граѓаните во регионот за причините и последиците од аерозагадувањето, можните начини за подобрување на квалитетот на воздухот и борбата за поздрава животна средина преку регионална солидарност. Оваа година, кампањата, во која земјава е дел со преку Air Care...

Балканските екологисти бараат затворање на термоелектраните на јаглен на Балканот

Што поскоро да се затворат термоелектраните на јаглен во регионот, а граѓаните да учествуваат во одлучувањето е фокусот на регионалната кампања „Обединет Балкан за чист воздух“, која ќе се одржи втора година по ред. Целта на кампањата која почнува од 20 декември, е да се подигне свеста на граѓаните во регионот за причините и последиците од аерозагадувањето, можните начини за...

Набавени 90.000 тони јаглен за РЕК Битола, повикот ќе биде отворен во текот на целата грејна сезона

Од првично планираните 900.000 тони јаглен за набавка за потребите на РЕК Битола на распишаниот јавен повик, досега е договорено купувањето на 90.000 тони од Албанија. АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека ќе го потпишат договорот за набавка на овие количества јаглен, ќе го засилат ископот на сопствен јаглен и со тоа ќе го осигураат производството на...

ЕСМ: РЕК „Битола“ од синоќа работи со два блока, има доволно јаглен

РЕК Битола фото: ЕСм
АД ЕСМ информира дека од синоќа во 2:45 часот Блокот 2 во РЕК „Битола“ е синхронизиран во електроенергетскиот систем на земјава. Производството на електрична енергија продолжува и од Блокот 1, така што најголемиот енергетски капацитет во земјава од денеска практично работи со два од трите блока. „На депонијата за јаглен во РЕК „Битола“ во моментов има доволно јаглен за континуирано...

КОП26: Над 40 земји се заложија да запрат со производство на струја од јаглен, но има и несогласувања

На Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП26) во Глазгов повеќе од 40 земји од светот се согласија на постепен прекин на производството на електрична енергија од јаглен. Поголемите економии ќе треба да го направат ваквиот прекин во текот на следната деценија, додека помалите земји имаат обврска да престанат со производството во 2040-тите години, пишува Гардијан. Договорот посредуван од Обединетото...

Аерозагадувањето од индустријата на годишно ниво во ЕУ предизвикува стотици милијарди евра штети

Загадувањето на воздухот од индустријата на годишно ниво предизвикува штети од стотици милијарди евра во земјите-членки на ЕУ, јавува Еуроактив. Податоците на Европската агенција за животна средина покажуваат дека во 2017 година штетите по животната средина и здравството се проценило дека изнесуваат помеѓу 277 и 433 милијарди евра. Ваквите штети се еднакви на околу 2-3 проценти од вкупниот бруто-домашен производ...

Струјата нема да поскапи во земјава, но РЕК „Битола“ ќе го зголеми производството и ќе се увезува јаглен

Нема причина за паника меѓу македонските граѓани во однос на цената на електричната енергија за претстојните месеци, смируваат од Регулаторната комисија за енергетика и Електрани на Северна Македонија. На европско ниво, цената на струјата на холандската берза се искачила од 16 евра за мегават час во јануари до 98 евра за мегават час на крајот од септември, јавува Политико. Претседателот...

Бугарија планира да ги затвори рудниците на јаглен до средината на 2025 година

Преодната влада во Бугарија го изготви Националниот план за опоравување и отпорност, којшто предвидува затворање на рудниците за јаглен во земјата до средината на 2025 година, објавува Капитал.бг во својата опсежна анализа од областа на енергетиката. Овој документ всушност ја предодредува одлуката за прекинување на користењето на јагленот како енергенс во производството на енергија. За сметка на термоелектраните, планирано е...

Анѓушев: Ако се изградат уште 200 мали хидроцентрали, бенефитот за државата ќе биде околу 360 милиони евра

Многу е мала бројноста на капацитетите во државата кои ги користат обновливите извори на енергија за производство на струја, па поради тоа и нивното учество во вкупно произведената енергија во државава е ниско. Постојат услови за зголемување на бројот на овие капацитети и нивната изградба треба што повеќе да се стимулира и поддржи од сите фактори во државава, затоа...

„Еуроактив.рс“: Термоелектраните во Србија се меѓу најголемите загадувачи во Европа

Српските електрани на јаглен со децении го загадуваат регионот со огромни количества на отровни гасови, што предизвика предвремна смртност на населението на Западен балкан и на ЕУ. Отровните емиии од електраните со кои управува Електростопанство на Србија (ЕСС) ги надминуваат за шест пати дозволените вредности според домашните и меѓународните закони, објави порталот „Еуроактив Србија“. Според податоци од информативниот канал на...

Германија од 2021 година почнува да ги гаси термоелектраните на јаглен

Германија ќе им исплати на енергетските концерни 317 милиони евра за гаснење на термоелектраните кои го користат јагленот како гориво, објави во вторникот Сојузната агенција за мрежна инфраструктура, најавувајќи значаен исчекор кон затворање на постројките на јаглен и преминување кон чистите извори на енергија. Како што пренесува деловниот портал SEEbiz.eu, според планот кој го објави оваа Агенција, енергетски компании со...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...