fbpx
Таг: Тереза Меј

таг: Тереза Меј

Меј и Корбин одговараа на прашања за Брексит, но без меѓусебно соочување

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Брексит може да биде „приказна за успех“ и дека референдумот ја решил дебатата меѓу приврзаниците за останување во ЕУ и тие што се за излез од неа. Меј синоќа изјави дека ги распишала предвремените избори затоа што опозициските партии се „обиделе да го осуетат процесот“ на излегување на Британија од Европската Унија. Лидерот на опозициската Лабуристичката...

Во Манчестер уапсено едно лице поврзано со нападот

Полицијата во Манчестер уапси 23-годишен маж во јужниот дел на градот поради сомневање дека е поврзан со нападот во кој беа убиени најмалку 22 лица. Претходно британската премиерка Тереза Меј изјави дека безбедносните служби го знаат идентитетот на осомничениот бомбаш самоубиец. Таа додаде дека властите се уште не се подготвени да го објават идентитетот на напаѓачот. Според нејзините зборови, напаѓачот сам...

Јункер и Меј следната недела во Лондон ќе разговараат за подготовките за Брексит

Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, в среда ќе отпатува за Лондон, на разговори со премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, околу подготовките за преговорите за излегувањето на земјата од Европската Унија (Брексит). Портпаролката на ЕК, Мина Андреева, денеска соопштила дека заедно со Јункер во Лондон ќе отпатува и главниот преговарач на ЕУ за Брексит, Мишел Барние. Таа додала...

Британскиот парламент го поддржа предлогот на Меј за предвремени парламентарни избори

Со 522 гласови „за“ и со 13 „против“, пратениците во Долниот дом на Парламентот го поддржаа предлогот на премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, да се одржат предвремени парламентарни избори на 8 јуни. Меј вчера повика на одржување на предвремени парламентарни избори за да се обезбеди стабилност во текот на преговорите за Брексит. Изборите ќе се одржат речиси една година по референдумот за истапување на...

Тереза Меј повика на предвремени избори во Британија на 8 јуни

Премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, денеска изненади со повик за одржување предвремени парламентарни избори на 8 јуни, велејќи дека го сменила ставот да не се одржуваат такви избори за да се обезбеди стабилност во текот на преговорите за Брексит. За да се одржат предвремени избори, во Долниот дом на Парламентот на утрешната седница ќе мора ваквото решение да се...

Граѓаните на ЕУ и во следните пет години ќе можат слободно да влегуваат во Британија

Слободното влегување на државјаните на ЕУ во Велика Британија ќе биде на сила уште најмалку пет години, соопшти британската премиерка Тереза Меј. Премиерката на Велика Британија изјави дека Британците мора да ги стават под контрола своите граници, но дека тоа не значи забрана за слободен влез на граѓаните на ЕУ. На Велика Британија ќе ѝ требаат најмалку три години за целосно да се...

Меркел: Најпрво фокус на условите за Брексит, а потоа за односите помеѓу Лондон и Брисел

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека Европската Унија ќе изгуби силен и важен играч, откако денеска британската премиерка Тереза Меј и официјално го прогласи излегувањето на Велика Британија од Европската Унија во согласност со членот 50 од Лисабонскиот договор. - Германија ќе вложи напори за време на преговорите за Брексит, да се гарантира дека излезот на Велика Британија од ЕУ ќе има...

Mej: Брексит е историски момент, нема враќање

Британската премиерка Тереза Меј денеска и официјално го прогласи излегувањето на Велика Британија од Европската Унија во согласност со членот 50 од Лисабонскиот договор. - Во согласност со желбата на народот, Велика Британија ја напушта Европската Унија. Ова е историски момент и повеќе нема враќање - изјавила Тереза Меј во обраќањето во британскиот парламент. Откако соопштила дека и официјално почнал Брекист,...

Британската премиерка го потпиша писмото со кое ќе почне Брексит

Британската премиерка Тереза Меј денеска го потпиша писмото што ќе го предаде во Брисел и со кое Велика Британија и официјално ќе ги почне преговорите за Брексит, покажува сликата објавена од нејзината канцеларија. На сликата, која ја објави Даунинг стрит, Меј го потпишува писмото со кое се активира член 50 од Лисабонскиот договор и кое утре попладне ќе му биде предадено...

Британскиот парламент ѝ даде зелено светло на Меј да ја почне процедурата за Брексит

Британскиот парламанет го усвои законот за Брексит и ѝ даде зелено светло на премиерката Тереза Меј да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор и да ја почне процедурата за излегување на Велика Британија од Европската Унија, јавува „Би-би-си“. Меј, која беше именувана за премиер на Велика Британија кратко по референдумот на кој Британците гласаа за излегување на земјата од...

Горниот дом ѝ постави нови услови на Меј за Брексит

Британскиот Горен дом на лордовите денеска гласаше за измена на планот на премиерката Тереза Меј, со кој таа ќе може да ги почне преговорите за напуштање на Европската Унија. Како што се наведува, Меј ќе може да го направи тоа само ако вети заштита на три милиони граѓани на ЕУ, кои живеат во Велика Британија. Со 358 гласови „за“ и со...

Повеќе од еден милион потписи на петицијата против посета на Трамп на Лондон

Повеќе од еден милион граѓани на Велика Британија се потпишаа на петицијата против официјална државничка посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија и средба со кралицата Елизабета Втора. Бројот на лица што се потпишуваат на петцијата постојано се зголемува, откако Трамп на 27 јануари го потпиша указот со кој им за забранува влез во САД на државјани на седум земји...

Трговската и воената соработка во фокусот на разговорите помеѓу Меј и Ердоган

На средбата помеѓу британската премиерка Тереза Меј и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, се разговарало за унапредување на соработката во областа на воената индустрија и на трговијата. Тие, исто така, се договориле да формираат работна група за зајакнување на билатералната трговија по излезот на Велика Британија од Европската Унија. По состанокот, Ердоган изјавил дека се надева дека обемот на трговската размена...

Трамп: Рано е да се разговара за укинување на санкциите за Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска, ден пред очекуваниот телефонски разговор со Владимир Путин, даде завиен одговор на новинарско прашање дали ќе ги укине санкциите на Русија. - Слушнав дека е договорен разговорот. Ќе видиме што ќе се случи. Што се однесува до санкциите, многу е рано да се разговара за тоа - рече Трамп на заедничката прес-конференција со британската...

Меј му порача на Трамп „да се чува од Путин“

Британската премиерка Тереза Меј е првиот странски лидер што пристигна во официјална посета на новиот американски претседател, Доналд Трамп. Шегувајќи се дека „спротивностите се привлекуваат“, премиерката го повика Трамп да ги обноват „посебните односи“ на Велика Британија и на САД и заеднички да го водат новиот свет. Сепак, таа го предупреди Трамп „да се чува од Владимир Путин“, пренесува „Индипендент“. - Пред нашите...

Британскиот Врховен суд ѝ ги врза рацете на Тереза Меј за Брексит

Британскиот Врховен суд пресуди дека владата не може да ја почне процедурата за излегување на Велика Британија од ЕУ без претходно да гласање во парламентот. Судската одлука ѝ ги врзува рацете на британската премиерка Тереза Меј, која не може да ја почне процедура за излегување од ЕУ додека не добие согласност од парламентот. Како што наведува „Би-би-си“, се очекува пратениците за напуштањето...

Тереза Меј е првиот странски лидер кого Трамп ќе го прими в петок во Белата куќа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, в петок во Белата куќа ќе се сретне со британската премиерка Тереза Меј, соопшти портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер. Тој додаде дека Тереза Меј ќе биде првиот странски лидер кого Трамп ќе го прими, откако стапи на должноста претседател. Меј денеска за „Би-би-си“ изјави дека со Трамп ќе разговараат за слободната трговија меѓу Велика Британија...

Тереза Меј нема долго да остане на власт, оцени Сорос

Американскиот милијардер и инвеститор, Џорџ Сорос, изјавил дека британската премиерка Тереза Меј нема долго да остане на сегашната функција. Тој за „Блумберг њуз“, на вечерата приредена на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, рекол дека тешко може да се очекува Меј да остане на власт, имајќи ги предвид поделбите во незиниот кабинет. Премиеркта на Велика Британија во вторникот ги претстави плановите за...

Лондон ќе ги зачува врските со европските разузнавачки служби по Брексит

Британската премиерка Тереза Меј денеска соопшти дека официјален Лондон не планира да ги прекине врските со европските разузнавачки служби, туку дека планираат и понатаму да разменуваат информации. - Откако ќе излеземе од ЕУ, ќе одржуваме тесни контакти со нашите европски сојузници по линијата на надворешната политика, како и во областа на борбата против криминалот и тероризмот. Со оглед на тоа...

Кралицата Елизабета ќе го покани Трамп да ја посети Велика Британија

Кралицата Елизабета ќе го покани новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, да ја посети Велика Британија следната година, за да ги потврдат блиските врски меѓу двете земји, јавуваат светските медиуми. Договорите за посета на претседателот Трамп на Велика Британија ќе почнат наскоро, за посетата да се реализира во јуни или во јули следната година. По победата на претседателските избори, Трамп ја...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...