fbpx
Таг: Тереза Меј

таг: Тереза Меј

Четириесет пратеници од редовите на Ториевците се против Меј

Четириесет пратеници од Конзервативната партија на Тереза Меј одлучија да потпишат писмо во кое се наведува дека не ја поддржуваат британската премиерка. По вонредните избори од 8 јуни, Меј се бори да го сочува авторитетот во партијата. Како што јавува весникот „Сандеј тајмс“, потребно е уште осум конзервативци да им се приклучат на 40 пратеници за да се покрене постапка...

Британија е подготвена и да не постигне договор со ЕУ

Британската премиерка Тереза Меј вели дека владата се подготвува за секое сценарио во преговорите со Брисел, вклучувајќи ја и можноста да завршат без договор со Европската Унија. Меј во говорот на собирот на конзервативците во Манчестер рече дека длабоко во интересите на Британија е преговорите да успеат и да резултираат со нови односи меѓу Обединетото Кралство и ЕУ. И Британија и ЕУ...

На аеродромот „Хитроу“ ќе се гради трета писта

Британскиот министер за сообраќај, Крис Грејлинг, најави дека во првата половина од следната година, Велика Британија официјално ќе одобри изградба на третата писта на аеродромот „Хитроу“. Според него, заминувањето на авиокомпанијата „Монарк ерлајнс“ во стечај не е сигнал за поголеми проблеми во британскиот авиосектор. Заминувањето во стечај на авиокомпанијата предизвика откажување на голем број резервации. Британската премиерка Тереза Меј лани одобрила 22 милијарди долари за проширување...

Барние: Лондон да ги почитува прописите на ЕУ во транизицискиот период

Велика Британија, која побара двегодишен транзициски период за излегување од Европска Унија, ќе мора да се придржува до сите европски прописи во тој период, изјави главниот преговарач на Европска Унија за Брексит, Мишел Барние. - Ако идејата е Велика Британија во овој период и понатаму да биде дел од единствениот пазар, тогаш мора да се зачуваат сите европски прописи и финансиски...

Трамп смета дека не е време за разговори со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека не е време за разговори со Северна Кореја и дека сите опции се отворени за одбрана на САД и на нејзините сојузници. Трамп вчера телефонски разговарал со премиерите на Австралија и на Велика Британија, Малком Трнбул и Тереза Меј, за последната нуклеарна проба на Северна Кореја, соопшти денеска Белата куќа, јавуваат светските агенции. Претседателот на...

Меј заплакала кога ги слушнала изборните резултати

Британската премиерка Тереза Меј не сакаше да каже уште колку ќе остане на власт откако го изгуби парламентарното мнозинство, но откри дека пуштила солза откако ги слушнала резултатите од изборите во јуни. - Гледам дека имаме многу работи да завршиме, а јас како премиер сакам да продолжам да работам за да го смениме живот на луѓето на подобро – рече...

Британската премиерка Меј под притисок за ублажување на мерките за штедење

Водечки британски министри вршат притисок на премиерката Тереза Меј да ги ублажи мерките за штедење и да ги укине органичувањата за платите на вработените во државните служби, пишуваат британските медиуми. Весникот „Обсервер“ денеска пишува дека министерот за здравство, Џереми Хант, лобира да се укине ограничувањето за зголемување на платата од еден отсто за вработените во националната здравствена служба. „Телеграф“, пак,...

Тереза Меј постигна договор со партијата од Северна Ирска за поддршка на владата

Британската премиерка Тереза Меј денеска постигнала договор со Демократската унионистичка партија на Северна Ирска за поддршка на партијата на нејзината малцинска влада пред гласањето за важните закони во британскиот парламент. Портпаролот на Дауининг стрит потврдил дека договорот меѓу конзервативците и унионистите е потпишан, јавуваат британските медиуми. Конзервативците на Тереза Меј го изгубија апсолутното мнозинство во Долниот дом на британскиот парламент на предвремените...

Меркел го поздрави предлогот на Меј за правата на европските граѓани по Брексит

Германската канцеларка Ангела Меркел го поздрави предлогот на британската премиерка Тереза Меј, која на првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија во Брисел изјави дека државјаните на земјите од ЕУ што живеат во Велика Британија ќе можат да останат во земјата и по нејзиното излегување од Унијата. „Тоа е добар почеток. Но, нормално има уште многу прашања“, изјавила доцна...

Еден загинат и десет повредени при удар на комби во пешаци пред џамија во Лондон

Едно лице загинало, додека десет се повредени утрово кога комби ударило во пешаци во близина на џамија во северниот дел на Лондон. Случајот, како што јавуваат светските агенции, го истражуваат припадници на британската антитерористичка единица. Комбито ударило во муслимански верници, во моментот додека тие излегувале од утринската рамазанска молитва од џамијата во Финсбури парк. Најголемата британска мулсиманска организација случајот го оцени како...

Меј нареди истрага за причините за пожарот во зградата во Лондон

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денеска нареди истрага за причините за пожарот во зградата во западен Лондон, во кој загинаа 17 лица, јавуваат светските агенции. Меј својата одлука ја објави по нејзината посета на местото на пожарот, за време на која британската премиерка не даде изјава за медиумите. Според командирот на лондонската полиција, Стјуарт Канди, во болница на лекување се...

Меј до Заев: Новата Влада отвора пат за напредок на Република Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет, на која британскиот амбасадор ја поздравил определбата на новата Влада кон реформските процеси, како и конструктивните и инклузивни политики. Гарет, во име на британската премиерка Тереза Меј му врачи и честитка на премиерот Заев, за неговото стапување на должност претседател на Владата на Република Македонија, со...

Стурџен повика на пауза на Брексит, а преговорите со ЕУ почнуваат за една седмица

Првата министерка на Шкотска, Никола Стурџен, повика на „кратка пауза“ во процесот Брексит, односно излегувањето на Велика Британија од ЕУ, за да се отвори простор за општ став за овој голем чекор. Таа бара поединечните влади на земјите што го сочинуваат Обединетото Кралство и главните политички партии да учествуваат рамноправно во процесот. Формалните преговори помеѓу Британија и ЕУ почнуваат на 19 јуни. Но, Стурџен...

Меј го изгуби мнозинството, но нема да поднесе оставка

На вонредните парламентарни избори во Велика Британија, Конзервативната партија на премиерката Тереза Меј освоила 42,4 отсто од гласовите, додека опозициските лабуристи добиле 40,2 отсто, јави „Би-би-си“. Според овие, неконечни резултати, ниту една партија нема да може да има мнозинство во парламентот од 650 места. Меј не планира да поднесе оставка и покрај доживеаното фијаско, јавуваат британските медиуми. На трето место се...

Конзервативците водат на изборите во Британија, но немаат апсолутно мнозинство

Владејачката конзервативна партија на британската премиерка Тереза Меј ќе освои 314 пратенички места, додека опозициските лабуристи ќе имаат 266, покажуваат првите анкети од предвремените парламентарни избори што се одржаа во Велика Британија, пренесува „Би-би-си“. Сепак, во овој случај конзервативците би имале помалку од досегашните 330 мандати во парламентот кој брои вкупно 650 места и останува неизвесно дали партијата на Меј...

Во Британија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори

Во Велика Британија денеска се одржуваат вонредни парламентарни избори, на кои доминантна тема се Брексит и здравството. Премиерката Тереза Меј ги распиша изборите за да го зајакне легитимитетот во преговорите со Европската Унија за излегувањето на Британија од ЕУ. Меј и лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, вчера се вратија на клучните теми на изборите, бидејќи изминатите денови безбедноста беше...

Меј се залага за тешки разговори со земјите кои финансираат тероризам

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека Лондон треба да одржи „тешки разговори“ со тие што финансираат тероризам и еекстремизам, вклучајќи ги и странските влади и сојузници, доколку е неопходно. - Тешки разговори се потребни поради целото прашање со финансирањето тероризам и екстремизам. Мора да имаме тешки разговори со сите со кои е потребно да разговараме – рече Меј, одговарајќи на...

Иванов упати сочувство до кралицата Елизабета Втора и го осуди нападот во Лондон

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска упати сочувство до британската кралица Елизабета Втора по повод терористичкиот напад во Лондон, во кој загинаа седум лица, а 48 беа повредени. „Со шок и со огорченост ја примив веста за терористичкиот напад во Лондон, во кој животот го загубија голем број невини лица и каде има голем број повредени. Во овие мигови на...

Заев до Меј: Македонија решително стои до Британија против насилството и тероризмот

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, денеска испрати телеграма со сочувство дo премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, по синоќешниот терористички напад во Лондон, во кој животите ги загубија седум лица, а 48 се повредени. „Во име на граѓаните на Република Македонија, на Владата на Република Македонија и во мое лично име изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во ужасниот...

Меј најави ревизија на британската стратегија за борба против тероризмот

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, осудувајќи го терористичкиот напад во кој загинаа седум лица, а 48 беа повредени, рече дека „е време да се каже доста е“, пренесува „Би-би-си“. Меј, како што наведува британскиот национален сервис, најавила ревизија на стратегијата на земјата за борба против тероризмот. Терористичкиот напад се случи синоќа, околу 22 часот, кога бело комби прегази пешаци на...

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...