fbpx
Таг: терапија

таг: терапија

Не е точно дека три лица по кои се трагало за случајот „Онкологија“ избегале во странство

Предметот за Клиниката за онкологија премина од предистрага во истрага, а осомничени се пет лица. Но, според обвинителката која го води предметот Ана Гоговска Јакимовска, нема лица по коишто ОЈО трага, а кои се недостапни, односно нема лица што избегале во странство. Постојат други изолирани случаи поврзани со Клиниката за онкологија каде на некои поранешни вработени на Клиниката за...

Нино Васев беше ослободен од вина за случај од 2021 година, а не за скандалот со лекови на Онкологија

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, доби ослободителна пресуда во врска со друг случај кој се водеше против него од 2021 година, а по тужба на роднини на починат пациент кои го обвинија за несовесно работење. Оваа пресуда нема никаква врска со скандалот со терапијата на Онкологија што го отворија медиумите, за кој во Собранието имаше Анкетна...

Објавата на новинарот Иванов за протестите за Онкологија е извадена од контекст

Објавата на Зоран Иванов воопшто не е насочена кон учесниците на протестот кои што споделуваа лични искуства, туку станува збор за коментар на транспарентот кој што на протестот го држеше претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев. Транспарентот содржи навредливи и вулгарни зборови кон владејачката партија СДСМ, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објава на социјалната...

Дијабетичарите ја добија терапијата, ќе има и сензори за мерење гликемија за децата

Терапијата за дијабетичарите им е веќе на располагање, тоа е она што го баравме, изјавил денеска за МИА претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Димче Велев. Ова следува по низата реакции на дијабетичарите дека им доцни терапијата која им е неопходна. „Заклучно со денеска, комплет ја пуштаат целата антидијабетна, заедно со новите терапии, не само во систем, туку пуштени...

Ќе се ажурира позитивната листа со лекови, но министерот Меџити не кажува кога

Уште една најава за ажурирање на позитивната листа до лекови стаса денеска од министерот за здравство Фатмир Меџити, но сепак неизвесно останува кога точно тоа ќе се случи. И покрај тоа, тој на прес-конференција денеска најави дека за луѓето во здравството, за сите пациенти и граѓани денеска бил голем ден, оти дефинитивно ќе се ставело крај на проблемот со...

Во услови на пандемија да не се дозволи да страда дијагностиката на ретките болести, велат од Лекарска комора

„Хередитарен ангиоедем: Современи тераписки и дијагностички протоколи во ерата на Ковид-19“, беше тема на неделната онлајн дискусија која со редовна динамика ја организира Лекарската комора со цел подобрување на комуникацијата и размена на стручни и релевантни информации меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем во услови на пандемија. Хередитарен ангиоедем се јавува поради мутација во генот кој го контролира...

Фајзер: Експериментална пилула против ковид-19 ги намалува смртните случаи и хоспитализациите за 90 отсто

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ денеска соопшти дека експерименталната пилула против ковид-19 што ја развива ги намалува за 90 отсто стапките на хоспитализација и смрт кај возрасните со висок ризик, јави АП. Во моментот голем број истражувачи низ светот се обидуваат да создадат пилула против ковид-19 што би можела да се пие како и други лекови, дома, и така да се ублажи...

Нов третман со комбинација на лекови ги уништува туморите на ракот на главата и вратот

Нов третман за рак може да ги уништи туморите кај пациенти со рак на главата и вратот во терминална состојба, открија британските научници, јави Гардијан. Значајна студија на научниците од Институтот за истражување на ракот (ИЦР) од Лондон и Кралска Марсден Траст Фондација на НХС покажа дека коктел од лекови за имунотерапија го зајакнуваа имунолошкиот систем на пациентите да ги...

Пановски: Правилно се користат антибиотиците во лечењето пациенти во ковид-центрите

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, како и целокупниот медицински персонал во ковид-центрите во Скопје, се заблагодаруваат на д-р Никола Пановски, универзитетскиот професор по микробилогија, голем и докажан стручњак во областа за тоа што ја прифати поканата да ги посети ковид центрите на интерните клиники во Клиничкиот центар, информираат во Министерството за здравство. Во стручното мислење, проф. д-р Пановски пишува...

Не е докажано дека израелскиот лек е 100 отсто ефикасен против Ковид-19

Израелска компанија откри лек кој се покажа 100 отсто ефикасен против Ковид-19... Ова е уште една од неточните информации што кружат последниве денови - терапијата со  клетки PLX навистина е тестирана кај пациенти со Ковид-19, но сè уште не е одобрена како 100 отсто ефикасен третман против болеста, пишува Порталб.мк. Веста беше објавена од неколку албански медиуми, а информацијата исто...

Не се пронајдени лекови што лекуваат од Ковид-19 за 48 часа или за 72 часа

Намалена цената на лекови кои се купуваат во апетка, како и лековите за болничка употреба
Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

МЗ: Над 30 молекули биолошка терапија за жените со рак на дојка

Министерството за здравство со централизирана набавка обезбеди над 30 молекули скапа биолошка терапија што не е на позитивната листа на лекови, а им е достапна на пациентите со рак на дојка. Со ваквата набавка, сите жени со рак на дојка имаат терапија, информираат од Министерството за здравство. „Воведена е новина за двојно читање на мамографските слики. Отсега, мамографските снимки за...

Хуманитарен турнир во мал фудбал за помош на Евица Бојаџиева

Хуманитарен турнир во мал фудбал се одржа денеска во Штип, на кој учесниците донираа средства за помош на лекарката Евица Бојаџиева, која боледува од рак. Организар на турнирот, на кој учествуваа дваесетина екипи, беше музичарот и спортски работник од Штип, Мирче Кикиритков. Со парите што досега беа собрани, д-р Бојаџиева замина на лекување во Кина, каде, како што велат од семејството,...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...