fbpx
Таг: тепачка

таг: тепачка

Прекинат работниот однос на привремено вработени во „Водовод и канализација“

На седница на Управниот одбор на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, претседателот на Управниот одбор, Идриз Орана, со членовите од ВМРО-ДПМНЕ усвоија одлука, со која им се прекинува работниот однос на привремено вработените во претпријатието, соопштуваат оттаму. Како што е наведено во соопштението, потпишано од директорот Драган Илиевски, прекинати им се договорите на водоинсталатери, механичари, инженери, возачи, односно технички...

Тепачка во скопски „Водовод“ за тоа на кој спрат да се одржи седница на Управниот одбор

Во скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ денеска се степале членовите на Управниот одбор и обезбедувањето. Инцидентот за Мета.мк го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 03.11.2023 година во 13.30 часот лице од Управен одбор на „Водовод“ пријави дека во просториите на „Водовод“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Полициски службеници од ПС Центар се...

Кардиохирургот Јовев го нападнал директорот на клиниката Шокаровски?

Познатиот кардиохирург Сашко Јовев физички го нападнал актуелниот директор на Клиниката за кардиохирургија, Марјан Шокаровски и вербално нападнал медицинска сестра. Настанот е евидентиран од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 18.09.2023 околу 10.00 часот во СВР Скопје добиена е пријава од Клиниката за кардиохирургија дека С.Ј.(вработен во клиниката) вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш....

Двајца браќа брутално претепале возач заради недоразбирање во сообраќајот

Основното јавно обвинителство - Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа на возраст од 39 и 42 години, поради основано сомнение за сторено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 од Кривичниот законик. Како што информираат во Обвинителството, на 12 август, двајцата осомничени со умисла нанеле тешки телесни повреди врз едно лице и го довеле...

Инспекција влезе во болницата во Бардовци по снимката од пациенти како тепаат друг пациент

Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) влегоа во психијатриската болница во Бардовци, откако хоспитализирано лице во болницата на својот профил на Фејсбук споделуваше драматични видео снимки на кои се гледа како се малтретира и тепа друг, новодојден пациент. Ова за Мета.мк го потврди в.д. директорот на психијатриската болница, Мухсин Арифи, кој се огласи и преку соопштение, тврдејќи дека...

Тепачка и турканици во бугарскиот парламент

Во бугарското Собрание денеска работниот ден почна со притисоци што резултираа во физичка пресметка. Две резолуции - едната на „Продолжуваме со промената“ (ПП) и „Демократска Бугарија“ (ДБ), а другата на „В'зраждане“ (Преродба) на познатиот националист и русофил Костади Костадинов, познат како „бугарскиот Копејкин“, предизвикаа спор што резултираше со физичка пресметка, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Во Бугарија треба да се формира...

Одложено судењето за случајот Пендиков, адвокатите на обвинетиот Спасески ја напуштија судницата

Се одложи судењето за случајот со претепувањето на сега укинатото бугарско здружени „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков. На денешното рочиште, охридското Обвинителство до судот доставило нов доказ против обвинетиот Илија Спасески. Откако адвокатите на Спасески побарале одлагање на рочиштето за да се проучи овој доказ, а судијата Бојан Мартиноски не дозволил, адвокатите на обвинетиот ја напуштиле салата, по...

На судењето за Пендиков презентирани снимките од тепачката

Во охридскиот суд денеска продолжи судењето за нападот врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“, здружение кое вчера беше избришано од Централниот регистар. На судењето Пендиков не се појави, а неговиот адвокат рече дека е на дополнителни здравствени прегледи. На денешното рочиште беа сослушувани сведоци, а се изведуваа и докази. Во судницата беше прикажана и...

Приведени напаѓачите на секретарот на Бугарскиот клуб во Охрид

СВР Охрид за Мета.мк информира дека тројцата напаѓачи на 21-годишниот Христијан Пендиков од Охрид, член и секретар на Бугарскиот културен клуб „Цар Борис III“ се приведени и по расчистување на случајот ќе се биде поднесена кривична пријава. Пендиков е в болница, а од СВР Охрид велат дека причина за претепувањето било меѓусебно недоразбирање. Напаѓачи се охриѓаните С.К., С.К. и И.С. За настанот...

Контраспин: Пресуда за тепачка од 1993 година не може да е основa за оставка

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, со пресуда од 1993 година за кривично дело со кое била нанесена тешка телесна повреда не може да бара основа за разрешување на актуелниот в.д. директор на Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, затоа што таа наводна пресуда и да постоела, одамна е избришана од казнената евиденција. Можеби има други синдикално оправдани причини да...

Вистиномер: Дезинформација е дека тепачката во Центар Жупа била за вакцинални сертификати

Од СВР Охрид негираат дека физичката пресметка има врска со вакцините и вакциналните серитфикати. Оттаму велат дека се работи  за тепачка меѓу припадници на две семејства поради нерасчистени односи, пишува „Вистиномер“ во анализата на дезинформација што беше објавена во еден Фејсбук-пост и на некои веб-сајтови. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Видео од тепачка, за која се тврди дека се случила...

Неделна анализа: Притвори, тепачки, тероризам и политика

Во период од неполни три дена во земјава се случија редица настани поврзани со последните месеци од владеењето и одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да замине од власт. За да остане на власт оваа партија пред две години реши да се стави над Уставот и да продолжи да владее со помош на насилство маскирано со упад на „народот“ во Собранието, а...

По тепачката на Роберт Димитров во дискотека, полицијата и обвинителството почнаа истрага

Во исчекување на првичните наоди од истрагата на Основното јавно обвинителство за инцидентот вчера ноќта во дискотеката „Клик“ од Штип, полицијата излезе со официјална потврда на настанот, во кој учествувал основачот на „Телекабел“, Роберт Димитров. Во инцидентот со тешки телесни повреди во болница заврши сопственикот на кафулето „Илужн“, Ацо Панов. Според соопштението на СВР Штип, настанот се случил во неделата,...

Приведени 15 малолетници кои учествувале во тепачка и каменувале автобус на ЈСП во Ченто

Петнаесет малолетници вечерва се приведени поради учество во тепачка меѓу две групи на улицата Алија Авдовиќ во скопската населба Ченто, потврди Министерството за внатрешни работи. Едната група, која учествувала во тепачката каменувала автобус на Јавното сообраќајно претпројатие „Скопје“ број 65 б, кој сообраќал на релација Транспортен центар - Брњарци, при што се искршени четири стакла од автобусот. Случајот...

Неколкучасовна масовна тепачка во мигрантски камп на Лезбос

Најмалку седум мигранти се повредени во тепачка во прифатен центар за мигранти на островот Лезбос, соопштија денеска властите. Полицијата соопшти дека масовната тепачка меѓу Арапи и Курди во кампот Морија се случила викендов, ноќта меѓу сабота и недела. Инцидентот траел неколку часа, при што неколку шатори во кампот се запалени. Активистите за заштита на човековите права и властите на Лезбос...

За дивеењето на Бит-пазар, во полиција повикани малолетници и тројца возрасни

Заради расчистување на вчерашното дивеење на булеварот Крсте Мисирков во Скопје, близу Битпазар, полицијата повикала седум малолетници и тројца возрасни на разговор во полициската станица „Битпазар“. Како што соопштува МВР, во инцидентот во кој повреди добиле три лица, кои побарале лекарска помош во Ургентен центар и по интервенцијата биле пуштени на домашно лекување, учествувале голем број лица. Во полициска станица...

Тепачка на гласачко место во Бутел

На гласачко место во основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ во Скопје утрово во 10 часот се степале двајца гласачи. Гласачите се отстранети од местото и гласањето продолжило непречено. Тепачката се случила во училиштето, по што реагирало полициското обезбедување, кое не ги привело, туку само направило записник. Двајцата гласачи се поткачиле на разминување и почнале да се туркаат, по што си размениле...

Амди Бајрам ќе бара оставка од Спасовски поради прекршочната пријава за син му

Одлуката на министерот за внатрешни работи е партиски донесена и монтирана, вели пратеникот Амди Бајрам за одлуката на МВР за физичката пресметка во Шуто Оризари да поднесе прекршочни пријави за осум лица, меѓу кои и градоначалникот на општината Елвис Бајрам. - Го обвинува градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, и шест луѓе дека предизвикале општа тепачка, а всушност станува збор за...

Прекршочни пријави за Елвис Бајрам и за уште 7 лица за тепачката во Шуто Оризари

Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочни пријави против актуелниот градоначалник на Шуто Оризари и кандидат на претстојните локални избори, Елвис Бајрам, и уште седум лица за тепачката што се случи во понеделникот во Шуто Оризари. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција соопшти дека МВР го расчистило инцидентот. Целокупниот материјал, како што рече Спасовски, е доставен до Основното јавно обвинителство...

Пет лица повикани во полиција за нападот на Елвис Бајрам

Пет лица се идентификувани и се повикани на разговор во полиција поради учество во вчерашната тепачка во општина Шуто Оризари, во која беше повреден Елвис Бајрам, актуелен градоначалник на општината и кандидат за градоначалник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори. Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека во тек е прибирањето на доказите за понатамошна постапка. Оттаму ги...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...