fbpx
Таг: теории на заговор

таг: теории на заговор

Новинарот Лукаидс по една година истражување на „Телеграм“: Алатката е добра, но таму преовладува пропагандата

Дарен Лукаидс работи како истражувачки новинар од 2008 година, во Лондон и во Барселона. Главен интерес му се конспиративните групи, групи кои шират дезинформации на социјалните платформи и истражувања за начинот на кој функционираат истите, со посебен акцент на Телеграм. Неговите стории се објавувани во престижни медиуми, како WIRED, Гардијан (The Guardian) oпен Демокраси (open Democracy), разобличувајќи ја поврзаноста меѓу политиката...

Едни исти кругови се лепат како магнет за анти-ЕУ и антиваксерски наративи

Структури кои во текот на ковид пандемијата жестоко споделуваа дезинформации за вакцините, маските, мерките за заштита од ковид и сето тоа го ставаа во еден кош на „глобална контрола на населението од страна на сатанистичкиот Запад и неговата агенда за депопулација“, не престанаа да шират невистини ниту по завршувањето на пандемијата. Тие само продолжија надградени со нов наратив за...

Забраната за невакцинирани деца во градинките нема никаква врска со Клаус Шваб

Забраната за прием на невакцинирани деца во градинките нема никаква врска со основачот на Светскиот економски форум, ниту, пак, тој има агенда за депопулација. Ваквите тврдења се дел од поголема антиваксерска кампања чијашто цел е да се убедат родителите да не си ги вакцинираат децата. Вакцините се проверени и безбедни, а децата треба да се вакцинираат за да се...

Лапсус злоупотребен за теорија на заговор и наводен „таен состанок на илуминатите“

Делот од видеото кој се шири на социјалните мрежи е веродостоен, но е изваден од контекст и е манипулативно претставен. Спорната реченица која ја изговара Хабард е достапна на снимката на Јутјуб и навистина се слуша дека публицистката кажала „бебињата што ги јадеме“. Сепак, врз основа на продолжението на реченицата во која таа веднаш вели „храната што ја јадеме“, како...

Докторите кои апелираат за вакцинација не се „убијци во бели мантили“

Објавата шири теорија на заговор, ги жигосува докторите кои апелираат да се спроведе задолжителната имунизација, нарекувајќи ги „убијци во бели мантили“, „платеници на фармакомафијата“ и со заканувачки тон тврди дека „ќе им се суди за геноцид“. Наспроти ваквите напади врз докторите, вакцинацијата на децата е задолжителна и за неа е изготвен Календар за имунизација, кој се спроведува согласно возраста...

Државата не ги труе луѓето со вакцини, туку ги спасува од зараза

Објавата што ја анализираме неосновано, произволно и без никакви медицински докази и факти тврди дека вакцините биле отров и дека државата сакала да ги труе нејзините граѓани. Докази за ова не се понудени, за разлика од доказите и фактите кои говорат дека вакцините се безбедни и дека тие спасуваат илјадници животи. Државата никого не труе, туку презема мерки согласно...

Антиваксерска објава големата кашлица и вакцините и ги поврзува со прскање од авиони

Во објавата се тврди дека секој којшто ќе ја прими вакцината против пертусис ќе го добие вирусот, како што наводно било случајот и со коронавирусот. Целта на ваквите антиваксерски тврдења е неосновано да се заплашува населението и да избегнува вакцини, иако тие го заштитуваат индивидуалното и колективното здравје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објава на...

Не е точно дека ковид пандемијата била планирана со децении

Тврдењето во објавата дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење маски – затоа што тоа е епидемиолошки оправдано и издржано односно станува збор за научно...

Макрон не е сатанист и не постои никаков план за депопулација

Објавата се однесува на изјава на францускиот претседател Макрон за новиот нацрт-закон за крајот на животот кој ќе овозможи „помош за завршување на животот“. Предложениот закон се однесува само на возрасни лица кои страдаат од неизлечива болест во крајна фаза, односно за кои нема спас и дека истите одлуката за завршување на својот живот ќе ја носат самостојно. Никој...

Не е точно дека Ајфон тајно ги фотографира корисниците секои пет секунди

Објавата шири невистини дека Ајфон тајно ве фотографира секои пет секунди. Причината поради којашто инфрацрвената камера апсорбира зрак секои пет секунди е опцијата за препознавање на ликот. Точно е дека Ајфон изведува акција секои пет секунди, како што е прикажано во видеото. Но, ова е поврзано со опцијата која Епл ја нарекува Аttention Aware. Оваа опција Ајфон ја користи...

Замаглување на вистината за смртта на Навални со вакцинални дезинформации

Истакнатиот руски опозиционер и критичар на власта, Алексеј Навални, почина во сомнителни околности. Во отсуство на каква било транспарентност околу неговата смрт, во регионот се шират дезинформации дека починал од тромб предизвикан од ковид вакцината на „Фајзер“. Поточно, се тврди дека Навални е жртва на вакцината преку т.н. нарачано убиство, а не на политичка репресија, пишува „Вистиномер“ во својата...

Истовременото примање на МРП и ДиТеПер вакцината е безбедно и е препорачано од здравствените власти

Вакцината која содржи компонента против пертусис може да се дава истовремено со МРП вакцината со оглед на фактот што се работи за давање на една мртва и една жива вакцина, а растојание помеѓу двете вакцини не е потребно. Кога се даваат истовремено, вакцината која содржи компонента против пертусис и МРП вакцината се аплицираат во различни екстремитети, пишува во укажувањето...

Побивање на теориите на заговор околу „предвидувањата“ во „Californication“ на Red Hot Chili Peppers

Толкувањето на песната „Californication“ на култните The Red Hot Chili Peppers, како да содржи предвидувања за тоа што се случува денес во светот. Таа стана кластер од теории на заговор како на пример: „Земјата е рамна”, „Човекот никогаш не стапнал на Месечината”, „Масони”, „Видовити шпиони”, „Лажни космонаути” и многу други.  Поентата е во тоа што оваа песна беше популарна пред...

Не е точно дека 17 милиони луѓе починале од ковид вакцини

Како доказ за тврдењето дека „17 милиони починале како резултат на ковид вакцинација во светот”, се цитира извештај од септември 2023 година, од канадска група „Correlation Research in the Public Interest”, кој не е прегледан од заедницата. Владините агенции и независни експерти за Франс прес велат дека овие заклучоци се со маани и дека само мал процент од смртните...

Стари вакцинални теории на заговор во ново пакување

Не постојат никакви задни намери или заткулисни игри со вакцинацијата против пертусис. Ниту ковид вакцините, ниту вакцината против голема кашлица имаат за цел геноцид на луѓето. Ова е теорија на заговор која ја шират антиваксерите и која нема никаква медицинска поткрепа. Големата кашлица е акутна заразна болест која лесно се пренесува и може да биде фатална особено за малите...

Не постои ковид „пландемија“ за контрола на луѓето преку 5Г мрежата

Објава шири дезинформации дека ковид пандемијата била „пландемија“, односно план за контрола на луѓето преку 5Г мрежата. Ковид и 5Г мрежата не се поврзани, ниту пак, со нив се контролираат луѓето. Мета на оваа теорија на заговор се и ПЦР тестовите, за нив невистинито се тврди дека се правени за да се собере база на податоци од луѓе за...

СЗО не планира да имплементира „договор за пандемија“ и да го одземе суверенитетот на земјите-членки

Светската здравствена организација (СЗО) подготвува меѓународен договор, кој ќе помогне да се обезбеди поправедна распределба на здравствените ресурси низ богатите и сиромашните земји, како и да се подобри размената на податоци меѓу нациите. СЗО со глобалниот план за пандемија, нема за цел да се меша во суверенитетот на државите, односно ќе „нема капацитет“ да ги принуди земјите-членки да се...

Не е точно дека зголемениот број на срцеви и мозочни удари се последица на вакцинацијата

Спротивно на тврдењето во објавата, имунизацијата против коронавирусот значително го намалува ризикот од сериозни болести. Голем број научни студии покажаа дека ризикот од срцев и мозочен удар се  последица на инфекција со коронавирусот, како и тоа дека вакцинираните имаат помал ризик од срцев или мозочен удар во однос на невакцинираните, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Објава произволно тврди дека вакцините се отров и ги повикува родителите да не ги вакцинираат децата

Големата кашлица која сега зема замав кај нас е резултат на недоволната вакцинална покриеност. Ваквите објави кои ги повикуваат родителите да не ги вакцинираат своите деца, се многу опасни и штетни, тие придонесуваат да се шири заразата од оваа болест која долго време беше неактивна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објава на Фејсбук тврди дека...

Западот не прави план за депопулација, а Русија не е единствена која трага по вакцина против рак

Фото: Pixabay/qimono
Во објавата се користи терминот „Братска Русија“, за да се прикаже Русија како целосна спротивност на Западот кој е претставен како непријателски. Според објавата, Западот прави планови да убива луѓе, а Русија да ги спасува преку вакцини против рак. Но, не е точно дека Русија е единствената држава која работи на производство на вакцини против рак. Минатата година владата...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...