fbpx
Таг: тензии

таг: тензии

Зголемена тензијата меѓу Москва и Запад околу Украина

Изминатиот месец се зголеми тензијата меѓу Запад и Москва и одделно меѓу западни земји и Русија, со честа употреба на неколку класични дезинформациски наративи од страна на Русија, како што се Западот војува со Русија до последниот Украинец, Западот е лошото момче, а Русија се брани од проширувањето на НАТО, Западот е декадентен, а Русија ги брани традиционалните вредности,...

Повторно тензии на северот на Косово, српски претставници преговараат со КФОР

Локалните Срби од општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток на северот на Косово повторно се обидоа да ги спречат новите градоначалници, избрани на локалните избори на 23 април кои ги бојкотираше локалното српско население, да влезат во општинските згради при што полицијата употреби солзавец. Тие на разглас пуштаат народна музика и на оклопните полициски возила ставаат српски знамиња. Два...

Бугарија го врати својот амбасадор во Скопје

Бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, којшто беше повлечен во Софија по инцидентот со тепањето на охриѓанецот Христијан Пендиков, се вратил во Скопје вчера, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg повикувајќи се на бугарското МНР. Од министерството велат дека Ангелов бил дел од официјалната делегација на бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев вчера и потоа останал во Скопје. Демерџиев вчера имаше...

Ненси Пелоси во посета на Тајван, Кина започна воени вежби во близина на островот

Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот во САД, вчера пристигна во Тајван, при што светските медиуми пишуваат дека посетата може да ја заостри тензијата меѓу Пекинг и Вашингтон. Кина започна воени вежби во близина на островот, а посетата на Пелоси на Тајван, официјален Пекинг ја оцени како „екстремно опасна“. Пелоси и останатите членови од американската делегација се симнаа...

Тргнати се барикадите на северот на Косово, Борел ги повика Курти и Вучиќ во Брисел

Сите камиони ги напуштија барикадите кои вчера беа поставени на патот кон Брњак на северот на Косово и коловозот сега е прооден, објави Коссев.Инфо. Како што пренесе косовскиот портал од лице место, само еден камион сѐ уште стои  паркиран поради дефект. Вчера по состанокот со претставници на меѓународната заедница и американскиот амбасадор Џефри Ховениер, косовската Влада за еден месец ја...

Борел повикува на смирување на тензиите на Косово: Едностраните дејствија се неприфатливи

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел повика на итно смирување на ситуацијата на северот на Косово и рече дека еднострани и некоординирани дејствија што ја загрозуваат стабилноста се неприфатливи. „Насилните инциденти на северот на Косово мора веднаш да престанат. Едностраните и некоординирани дејствија што ја загрозуваат стабилноста не се прифатливи“, напиша Борел на Твитер. https://twitter.com/JosepBorrellF/status/1448246518037745665?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1448246518037745665%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frs.n1info.com%2Fvesti%2Fakcija-kosovske-policije-u-severnoj-mitrovici-cuju-se-sirene-za-opasnost%2F Неговата реакција следи по денешната...

Заев за прогласувањето Војска на Косово: Не се потребни нови тензии

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска, по изгласувањето на трите закони во парламентот на Косово со кој се прави трансформација на Косовските безбедносни сили во Војска на Косово, порача дека во овој момент на регионот не му се потребни нови тензии. -Јас знам дека и ставот на НАТО е тој: Не е време! Не ни требаат нови тензии. Уште еднаш, да...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сака со нова политичка блокада да ги закочи реформите

Најавата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието само за да го блокира Законот за употреба на јазиците е уште еден доказ дека опозициската партија продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и на државата и дека нејзина единствена цел е да создаде нова политичка блокада со која ќе го закочи реформскиот процес, реагираат од СДСМ. Од владејачката партија...

Турција повика американски дипломат на итен разговор

Турското министерство за надворешни работи го повика на разговор потсекретарот на амбасадата на САД и побара ставање крај на спорот меѓу двете земји. Амбасадата на Турција во Вашингтон соопшти дека ќе престанат да издаваат неимигрантски визи на Американци, откако мисијата на САД во Турција престана да издава неимигрантски визи во своите американски дипломатски претставништва во Турција. Мисијата на САД одлуката ја...

Кина ја повика Северна Кореја да не лансира уште една ракета

Кина ја предупреди Северна Кореја да не продолжува со наводните планови за лансирање нова балистичка ракета и го повика Пјонгјанг да не ја зголемува напнатоста. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, рече дека на Северна Кореја мора да ѝ биде јасно дека резолуцијата на Советот за безбедност на ОН забранува такви активности. Генг во Пекинг изрази надеж дека...

Могерини: ЕУ на Балканот може многу да изгуби, но многу и да добие

Балканот е еден од четирите приоритети на надворешната политика на Европската Унија, изјави синоќа високата претставничка за надворешна и за безбедноста политика на ЕУ, Федерика Могерини, на отворањето на конференцијата со амбасадорите на Унијата во Брисел, истакнувајќи дека „како што добро знаат, ЕУ (на Балканот) може многу да изгуби, но и многу да добие“. Могерини на почетокот на дводневното советување...

Кина бара од Вашингтон и од Пјонгјанг да се воздржат од запалива реторика и акции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска ги повика Вашингтон и Пјонгјанг да се воздржат од „запаливата реторика и акции“ кои можат да ги зголемат тензиите на Корејскиот полуостров, јавуваат светските медиумите. Кси Џинпинг во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека Пекинг и Вашингтон се заинтересирани за запирање на нуклеарната програма на Северна Кореја. „Релеватните страни мора да се...

Вучиќ: Односите на Балканот се напнати, но проблемите не се туркаат под тепих

Српскиот премиер во заминување, Александар Вучиќ, денеска изјави дека на Балканот има многу тензии и дека е потребно да се вложат многу напори за да се подобрат односите, но дека сега проблемите „не се туркаат под тепих“ и „не се лажеме едни со други“. Говорејќи за односите во регионот, на последната прес-конференција во улога на премиер, Вучиќ рече дека донекаде...

Курц и Заниер најостро ги осудија упадот во Собранието и нападот на пратениците

Претседавачот на ОБСЕ и австриски министер за надворешни работи, Себастијан Курц, и генералниот секретар на ОБСЕ, Лaмберто Заниер, најостро го осудуваат вчерашниот упад во Собранието на Македонија во Скопје. Тие сметаат дека насилството не може да биде замена за политичките решенија и дека таквите решенија треба да се бараат во рамките на демократските процеси на одговорен начин. „Нападите на неколку членови на...

Иванов апелира за смирување на тензиите и повика на лидерска средба во неговиот кабинет

Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до граѓаните вечерва упати апел за смирување на тензиите и на ненасилство и ги повика лидерите на парламентарните партии на лидерска средба утре во неговиот кабинет. - Во овие моменти на општа загриженост околу настаните во Собранието на Република Македонија, ве повикувам да бидете смирени. Ве повикувам да останете присебни и да не подлегнувате...

Носачот на авиони на САД наскоро ќе пристигне во Јапонското Mоре, најави Пенс

Американскиот носач на авиони „Карл Винсон“ за неколку дена ќе пристигне во Јапонското Mоре, изјавил денеска во Сиднеј, потпретседателот на САД, Мајк Пенс, пренесуваат светските агенции. Вашингтон, на почетокот на овој месец, најави дека носачот на авиони и неговата флота ќе тргнат кон Корејскиот Полуостров, што беше протолкувано како демонстрација на сила на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп. „Очекуваме...

СЕММ: Медиумите не смеат да се злоупотребуваат за кревање тензија

Советот за етика во медиумите (СЕММ) со голема загриженост реагира на зачестените случаи на злоупотреба на одредени медиуми, особено во контекст на сегашната политичка ситуација, за ширење шпекулации, пропагандизам и невистини, кои би можеле да ги засилат тензиите и да доведат до потенцијални немири во општеството. Од СЕММ додаваат дека веќе подолго време реагираат на ваквите случаи, но во последните...

Габриел: Ердоган бара непријател за да ја прикаже Турција понижена, а Западот – арогантен

Шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, денеска им порача на турските функционери дека Германија ќе им забрани да учествуваат на собири за поддршка на турскиот референдум на нејзина територија. „Тој што ја преминува границата во однесувањето не смее да мисли дека може да ги шири своите ставови и кај нас“, вели Габриел за германскиот неделеник „Шпигел“. Тој вели дека нема само Турција...

Иванов – Нишани: Потребно е намалување на тензиите и внимателна реторика

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска имал средба со својот албански колега, Бујар Нишани, во Баку, Азербејџан, на која го повторил ставот дека „начинот на кој се донесе пост-изборната платформа на партиите од албанскиот политички блок и изјавите кои следеа од страна на високи функционери на Република Албанија претставуваат мешање во внатрешните работи на Република Македонија“. - Ваквото мешање во...

Иванов ја одложи посетата на Австралија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, донел одлука за одложување на посетата на Австралија, соопштиле од неговиот кабинет за државната новинска агенција МИА. Оттаму посочиле дека политичката состојба во земјава и тензиите меѓу Европската Унија и Турција за прекин на договорот за мигрантите се причините поради кои Иванив нема да ја реализира посетата на Австралија, каде, како што велат од...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...