fbpx
Таг: тенкови

таг: тенкови

Нема докази дека Лојд Остин барал руската војска да не ги лови тенковите „Абрамс“

Не постои ваква изјава од Лојд Остин на ниту еден медиум. Наводната изјава ја има на форумот Редит, но под неа е забрането да се коментира од страна на администраторот, затоа што не постои извор за истата, односно сомнежите на заедницата на Редит се дека станува збор за невистинита, измислена изјава, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Министерството за одбрана не вработува војници за да ги испрати во Украина

Имајќи предвид дека НАТО не е во војна со Русија и не испраќа војници на фронтот во Украина, како и дека Армијата на Република Северна Македонија учествува единствено во НАТО и ЕУ мисии и вежби, не може да се тврди дека МО вработува војници за желбите на Зеленски, односно за да ги испрати да се боорат во Украина, како...

Британските и германските тенкови пристигнаа во Украина

Првата пратка од 18 германски тенкови „Леопард 2“ пристигна во Украина, потврди германскиот министер за одбрана Борис Писториус, пишува Би-би-си. Писториус верува дека тенковите ќе ја постигнат одлучувачката разлика на фронтот во Украина. Германија, како воена помош за Украина, испрати и 40 пешадиски борбени возила „Мардер“. Портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Ирина Золотар потврди дека во Украина пристигнале и...

Нови руски воздушни напади врз Украина, погодена критична инфраструктура

Русија изминатава ноќ изврши нови воздушни напади врз цели во Украина. Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валери Залужни информираше дека украинската противвоздушна одбрана успеала да собори 16 од вкупно 36 проектили што биле лансирани од руските сили, пренесува Укринформ. Залужни информираше дека цел на руските сили била критичната инфраструктура. Според досегашните извештаи, во западниот регион Лвив бил погоден...

Дезинформaциски бран во јануари: Руското влијание во спорот меѓу Софија и Скопје

Последното затегнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и (не)видливата руска рака во процесот на ескалација на односите, се покажа дека е доминантен тренд на дезинформациите што кружеа во македонскиот (но и во бугарскиот) информативен простор во јануари 2023 година. Освен ова продолжува трендот на дезинформации преку руски наративи околу агресијата на Украина, иако со нешто помал обем...

САД и Германија согласни да испратат тенкови како воена помош за Украина

САД и Германија планираат да испратат тенкови како воена помош за Украина, при што официјален Кијив се надева дека овој потег ќе ја промени играта на военото поле, пишува Би-би-си. Се очекува администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да ги објави плановите за испраќање најмалку 30 тенкови „М1 Абрамс“. Германскиот канцелар Олаф Шолц, исто така, одлучил да испрати најмалку 14 тенкови...

Украина гради нови одбранбени линии околу Кијив, пред евентуална нова руска офанзива

Украина работи на подобрување на одбранбените линии околу Кијив, за да ја зацврсти одбрана на главниот град пред евентуална нова руска офанзива. Цврсти одбранбени структури за кијивските одбранбени сили се градат периодов, во соработка со Кијивската регионална воена управа, јавува Укринформ. Армирано-бетонските подземни структури со простор за сместување на одбранбените сили на Кијив се поставуваат на сите потенцијални рути за...

Германија и понатаму колеблива за испраќање тенкови за Украина и покрај бројните повици

Германија се оглушува на одлуката за испраќање тенкови и оклопни борбени возила како поддршка за Украина и покрај зачестените повици од Кијив и западните сојузници, пишува Си-ен-би-си. Западните сили денеска се договорија за зголемување на својата воена помош за Украина, но Германија е колеблива во поглед на понатамошна испорака на тенкови. „Денеска не можеме сѐ уште сите да кажеме кога ќе...

Нема докази дека Русите ги уништиле тенковите што Македонија ѝ ги донираше на Украина

Нема докази дека руската армија во Херсон ги уништила токму возилата кои биле донирани од Северна Македонија. Министерката за одбрана Славјанка Петровска, запрашана дали се работи за истите возила, за Вистиномер одговори: „Тешко дека може некој да знае дали биле тие токму нашите. Скоро е невозможно. Таков тип на тенкови немаме само ние, имаат и Украина и други земји...

Пендаровски не изјавил дека на Украина ќе ѝ донираме и авиони

Проблематично во оваа објава е што не е споделен линк од оригиналниот напис, за да можат читателите кога ќе кликнат на објавата да прочитаат дека станува збор за сатирична објава и дека, всушност, Пендаровски не кажал вакво нешто. Наместо тоа, споделен е исечок од написот, односно само насловот и објавен како принтскрин, но изоставен е наднасловот кој укажува дека...

Контраспин: Хуманитарниот аспект од грижата на Левица за тенковите е замаскиран став на Москва

Крајно неодговорно е под маската на „хуманитарната грижа за Украинецот“, да се „продава“ замаскиран руски став дека Украина нема право на самоодбрана. Токму ова е политичкиот став на Левица, кој е, всушност, спин, зашто не само што се одзема правото на самоодбрана, со што се загрозуваат низа други човекови права, туку е премногу сличен на ставот на Москва за...

Северна Македонија ќе донира тенкови на Украина

Министерството за одбрана и Армијата на С. Македонија потврдија дека ќе се донираат тенкови на Украина. Се работи за тенкови од третата генерација. Засега не се знае колку тенкови ќе бидат донирани. „Согласно донесените одлуки од страна на Владата, Република Северна Македонија во неколку наврати донираше воена опрема за Украина во согласност со нивните барања и потреби, а во координација...

Петиција во Словачка против тенковите на моторџиите „Ноќни волци“

Повеќе од 200 истакнати имиња од Словачка ја потпишале досега петицијата со која се бара од премиерот Петер Пелегрини да преземе мерки за растурање на кампот на моторџиската група „Ноќни волци“, која има свои ограноци во многу земји, а е основана во Русија и ужива сесрдна поддршка од рускиот претседател Владимир Путин. Петицијата беше покрената откако преку снимки се дозна...

САД демантираат дека им испратилe тенкови и оружје на Курдите

Амбасадата на САД во Турција ги демантираше наводите на турските медиуми дека американската армија испратила тенкови и стотина камиони со оружје во Сирија за да ја поддржи курдската милиција ИПГ. Амбасадата во соопштението наведува дека САД немаат испорачано тенкови на ниту една група која се бори против исламистите во Сирија и оти бројните камиони кои ја минуваат ирачко-сириската граница не...

Филипинската војска со тенкови влезе во Марави

Филипинската војска со тенкови влезе во градот Марави на југот на земјата каде бунтовниците, кои се поврзани со Исламска држава претходно палеа згради. Освен тоа, терористите киднапирале десеттина луѓе и истакнале црни знамиња. Повеќе илјади лица утринава побегнаа од Марави, додека над градот се издига црн чад. Најмалку 21 лица загина во судирите кои избија вчера вечер, кога војската упадна во...

Исламска држава го зазеде гасното наоѓалиште Шаер во Источна Сирија

Исламска држава денеска го зазеде главното наоѓалиште на гас Шаер, во Источна Сирија, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на бунтовнички извори и на невладини организации. Ова е прв борбен успех на џихадистите во реонот на Палмира, откако во март беа потиснати од градот. Според агенцијата „Амак“, блиска на оваа џихадистичка група, борците воспоставиле контрола врз гасното наоѓалиште и неговите инсталации, каде...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...