Петиција во Словачка против тенковите на моторџиите „Ноќни волци“


Братислава, 6 август, 2018 - 9:48 (META) 

Повеќе од 200 истакнати имиња од Словачка ја потпишале досега петицијата со која се бара од премиерот Петер Пелегрини да преземе мерки за растурање на кампот на моторџиската група „Ноќни волци“, која има свои ограноци во многу земји, а е основана во Русија и ужива сесрдна поддршка од рускиот претседател Владимир Путин.

Петицијата беше покрената откако преку снимки се дозна дека се дозна дека во логорот на „Ноќни волци“ во Долна Крупа, на околу 65 километри североисточно од главниот град Братислава, има тенкови, оклопни возила и противавионски топови.


САД демантираат дека им испратилe тенкови и оружје на Курдите


Анкара, 3 август, 2017 - 18:24 (META) 

Амбасадата на САД во Турција ги демантираше наводите на турските медиуми дека американската армија испратила тенкови и стотина камиони со оружје во Сирија за да ја поддржи курдската милиција ИПГ.

Амбасадата во соопштението наведува дека САД немаат испорачано тенкови на ниту една група која се бори против исламистите во Сирија и оти бројните камиони кои ја минуваат ирачко-сириската граница не пренесуваат воена опрема или муниција.

Турските власти сметаат дека курдската милиција претставува опасност по безбедноста на Турција и се обидуваат да го намалат нејзиното влијание во пограничниот појас.

Вашингтон им дава поддршка на курдските паравоени Единици за заштита на народот, кои меѓу првите ѝ се спротивставија на Исламска држава.

Турција ги смета курдските единици за дел од забранетата Работничка партија на Курдистан, која Анкара и Западот ја означија како терористичка.


Филипинската војска со тенкови влезе во Марави


Марави, 25 мај, 2017 - 11:20 (META) 

Филипинската војска со тенкови влезе во градот Марави на југот на земјата каде бунтовниците, кои се поврзани со Исламска држава претходно палеа згради.

Освен тоа, терористите киднапирале десеттина луѓе и истакнале црни знамиња. Повеќе илјади лица утринава побегнаа од Марави, додека над градот се издига црн чад.

Најмалку 21 лица загина во судирите кои избија вчера вечер, кога војската упадна во засолништето на терористите во Марави, град во кој живеат околу 200.000 лица, од кои повеќето се муслимани.

Операцијата пропадна кога екстремистите повикале засилување и потоа го зазедоа градското собрание, болницата, затворот, ја запалија католичката црква, колеџот и неколку куќи.

Претседателот Родриго Дуерте поради судирите ја прекина посетата на Русија и воведен воена состојба на јужниот остров Миндан, најавувајќи дека би можел да ја прошири и на цела земја. Тоа ќе му овозможи да ја користи војската за апсење и претреси.

Бунтовниците заробиле свештеници, 10 верници и тројца работници во црквата, а на шефот на локалната полиција му ја отсекле главата откако зазеле еден контролен пункт.


Исламска држава го зазеде гасното наоѓалиште Шаер во Источна Сирија


Дамаск, 5 мај, 2016 - 18:07 (META) 

Исламска држава денеска го зазеде главното наоѓалиште на гас Шаер, во Источна Сирија, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на бунтовнички извори и на невладини организации.

Ова е прв борбен успех на џихадистите во реонот на Палмира, откако во март беа потиснати од градот.

Според агенцијата „Амак“, блиска на оваа џихадистичка група, борците воспоставиле контрола врз гасното наоѓалиште и неговите инсталации, каде биле разместени сириски војници.

Џихадистите, притоа, убиле најмалку 30 војници и стекнале големо количество тешко оружје, вклучувајќи тенкови и ракети.

Сирискиот центар за надзор на човековите права потврди дека Исламска држава го зазела реонот на наоѓалиштето, што се наоѓа на околу 150 километри северозападно од Палмира.

Настанот се случил по тридневни борби и покрај масовните воздушни напади за потиснување на џихадистите.