fbpx
Таг: тенк

таг: тенк

Судот одлучи на Јанкулоска да и се суди одвоено за „Тенк“

Судот ја одвои постапката за екс министерката за внатрешни, Гордана Јанкулоска, за случајот на СЈО „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Таа денеска не дојде на закажаното рочиште, а нејзините адвокати доставија боледување од приватна болница за отворено боледување поради ризична бременост. СЈО предложи неа да и се суди посебно на што реагираа адвокатите на останатите обвинети....

Јанкулоска не дојде на судењето за „Тенк“, достави документација за ризична бременост

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска не дојде на судењето за случајот „Тенк“ односно за набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“. Нејзината одбрана го оправда нејзиното отсуство со лекарска потврда за ризична бременост, објави „Телевизија 24“. По увидот во лекарското уверение од страна на СЈО, специјалните обвинители побараа раздвојување на постапката за Јанкулоска, односно да и се суди одвоено. Одбраната...

Одложено судењето за „Тотал“, поради отсуство на Драган Павловиќ – Латас

Главната расправа за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), наречен „Тотал“, во кој главниот обвинет е уредникот Драган Павловиќ-Латас, кој се товари за затајување данок, денеска беше одложена. На рочиштето во Основен суд Скопје 1, не се појави Латас, со оправдание дека има здравствени и семејни причини. Рочиштето е одложено за 14 мај. И претходните две рочишта не се одржаа поради...

Одбиени барањата за изземање на Судечкиот совет и на Џолев за „Тенк“

Апелацискиот суд денеска го одби барањето на одбраната на дел од обвинетите за случајот „Тенк“, за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Тој, пак, го одби барањето за изземање на Судечкиот совет од Основен суд Скопје 1 за истиот предмет. Одбраната побара да и биде даден рок за жалба, но Судечкиот совет одби, бидејќи во решенијата тоа не...

Адвокатите побараа изземање на судиите за „Тенк“ поради обвинувањата од Катица Јанева

Судењето за случајот „Тенк“, односно за набавката на „мерцесдесот“ од 600.000 евра за потребите на поранешниот премиер Никола Груевски, е прекинато на еден час, бидејќи одбраната на обвинетиот побара изземање на судечкиот совет, јави „Павосудство.мк“. Адвокатите на обвинетите во предметот „Тенк“ на Специјалнотo јавно обвинителство побараа изземање на судискиот совет и на судиите од Апелација поради интервјуто на Катица Јанева дадено...

Денеска во суд ќе се слушаат снимките за „она на М“

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржат судења за предметите „Труст“ и „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). На рочиштето за „Тенк“ треба да бидат слушани цедеата со снимките од прислушуваните разговори, како и да бидат сослушани тројца сведоци на обвинението, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник...

„Тенк“: Груевски и Јанкулоски не ги признаваат „бомбите“, вештачењата и надлежноста на СЈО

Адвокатите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешното рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра, побараа од судот веќе објавените прислушувани разговори за случајот „Тенк“, да не бидат доказ во судскиот процес. На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, покрај Груевски, беа присутни и другите двајца обвинети – екс министерката за внатрешни работи,...

Луксузниот „мерцедес“ кој МВР го нарача за Груевски сега вреди 234.000 евра

Екстра луксузниот мерцедес кој го нарача Министерството за внатрешни работи за потребите на екс премиерот Никола Груевски и официјално сега вреди 234 илјади евра. Вештачењето е завршено, а според документите до кои дојде „Телевизија 24“, проценето е дека возилото Мерцедес бенз С 600 сега изнесува 14.372.208 денари. Според формулите на проценителот, утврдено е дека неговата вредност сега е 60 отсто...

Груевски задоцни на судењето за „мерцедесот“, адвокатот приговараше за „свадбарските“ камери

Обвинетиот Никола Груевски, поранешен премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, пак доцнеше на денешното рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Тенк“. На Груевски во Основниот суд Скопје 1 му се суди за набавката на прескапиот блиндиран „мерцедес“. Во овој случај првообвинети се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР задолжен...

Столтенберг се довезе кај Заев со „она на М“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на средбата со премиерот Зоран Заев во Владата пристигна со „мерцедесот“ од 600 илјади евра за чија набавка на крајот на месецов на обвинителна клупа треба да седнат поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Столтенберг е последниот од високите странски функционери кои за време на...

Судењето на Јанкулоска и Груевски за „Тенк“ на 30 јануари, на Мијалков за „Трезор“ на 5 февруари

Судечките совети кои постапуваат по случаите „Тенк“ и „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство ги одредија термините за главна расправа, соопшти денеска Кривичниот суд во Скопје. Како што информираат оттаму, судењето за „Тенк“ е закажано за 30 јануари, а главната расправа за „Трезор“ за 5 февруари, следната година. Инаку, првообвинета во случајот „Тенк“, кој се однесува на набавката на „мерцедесот“ од близу...

На Јанкулоска ќе ѝ се суди и за „Тенк“

Случајот „Тенк“ на СЈО, за „мерцедесот“ од 600.000 евра, официјално оди на судење. Од СЈО за „Мета“ потврдија дека добиле известување од Кривичниот суд дека советот за оценка на обвинителен акт го одобрил предметот и дал зелено светло тој да оди на судење. Одлуката била донесена пред два дена, на 27 ноември, а Судот дополнително треба да утврди датум и...

Апелација дозволи „бомбите“ да се користат како докази и за „Тенк“

„Бомбите“, осносно прислушуваните разговори за купувањето на луксузниот мерцедес од над половина милон евра, ќе бидат дел од доказниот материјал во судењето за случајот „Тенк“, одлучи Апелацискиот суд. Во Апелација вчера имаше јавна седница на која претседателката на судот Љиљана Ивановска Шопова и судиите Африм Фидани и Јани Нича, одлучуваа по жалбата на СЈО, Основниот суд Скопје да ги отфрли...

САД и Русија се договориле да разменуваат информации за ситуацијата на руско-украинската граница

САД и Русија се договориле да разменуваат информации за ситуацијата на руско-украинската граница, рече американскиот државен секретар Џон Кери. Украинската армија вчера ја обвини Русија дека испратила конвој од 32 тенка и камиони со војници до проруските сили во Источна Украина, кои се во судир со украинските сили. - Доволно е да се каже дека имаме несогласувања за некои факти кои...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...