fbpx
Таг: тендери

таг: тендери

ДУИ: Општина Тетово со милионски тендери ги наградила фирмите на семејството Бајрами, блиски со Движењето Беса

Општина Тетово со милионски тендери ги наградила фирмите на семејството Бајрами кои се блиски до раководството на оваа општина и на Движењето Беса. Ова беше реакцијата на Демократската унија за интеграција денес во врска со случајот за милионските тендери на општина Тетово доделени на три фирми: Еко-Пеу, Ереу-Транс и Мујо Бајрами, за кои објави Порталб.мк пред два дена. https://meta.mk/milionski-tenderi-od-opshtina-tetovo-za-firmi-na-semejstvoto-bajrami/ Од ДУИ...

Милионски тендери од општина Тетово за фирми на семејството Бајрами

Од 2021 година до денес кај три тетовски фирми од мрежата  на семејството Бајрами завршиле милионски тендери од општина Тетово. Станува збор за две фирми основани непосредно пред локалните избори во 2021 година, „Еко-пеу“ и „Ереу-транс“ како и фирмата „Мујо-Бајрами“ основана во 2011 година. Според Електронскиот систем за јавни набавки овие фирми се добитнички на тендери исклучиво од општина Тетово....

Новата влада по изборите ќе бара чаре за изградбата на „Чебрен“

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека не е реално пред изборите да се очекува нов, 15-ти по ред тендер за изградба на хидроелектраната „Чебрен“. Тој рече дека ниту владата ќе стигне да го објави новиот оглас, ниту пак инвеститорите ќе сакаат да инвестираат во период на избори. „За овој проект е дискутирано на Влада. Тој е дел од...

Новогодишното украсување во Скопје ќе го проверува Финансиската полиција

Управата на финансиската полиција од понеделник ќе го испитува новогодишното украсување спроведено од Град Скопје, за коешто деновиве имаше лавина реакции. Надлежните власти ќе ја проверат постапката за спроведување на набавката за новогодишното украсување во главниот град. Скопската градоначалничка Данела Арсовска тврди дека украсувањето на скопскиот градски плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар биле финансирани преку јавен повик, кој бил...

Лани била намалена вредноста на општинските тендери за една третина

Центарот за граѓански комуникации денеска ја објави Базата на податоци на тендерите на општините во 2022 година, според која 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година вкупно склучиле 3.508 договори за јавни набавки во вредност од 7,3 милијарди денари, односно 118 милиони евра. „Вредноста на јавните набавки на 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година е намалена за...

Мета факт: Безброј датуми и неостварени ветувања за регионалната депонија во Свети Николе

Министерството за животна средина и просторно планирање на почетокот на месецов информираше дека ќе ги одземе ингеренциите на Општина Свети Николе и градоначалникот Дејан Владев, за управување со јавното претпријатие кое треба да управува со идната регионална депонија и шесте претоварни станици. Ова не е прво ветување на надлежното министерство во врска со изградбата на регионалната депонија за Источен...

Обвинителството на Ковеши во Бугарија истражува криминал „тежок“ безмалку 500 милиони евра

Европското обвинителство води 143 истраги во Бугарија, за вкупно нанесени штети од 492 милиони евра, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Фрапантната бројка е дел од извештајот на институцијата за работата на ова обвинителство од неговото создавање до 2021 година досега. Вкупно 16 од истрагите што ги вршат европските обвинители во Бугарија се за корупција. Досега по барање на Обвинителството водено од Романката...

ЦГК: Секоја втора фирма која учествува во тендерите вели дека има корупција

Во втората половина на минатата година, за разлика од истиот период во годината претходно, односно во првата пандемиска година, за повеќе од половина пораснал бројот на нетранспарентни склучени јавни набавки, а за тоа најмногу „заслуги“ имале АД ЕСМ, МВР и МОН. Дополнително, речиси две третини од фирмите признале дека имало меѓусебни договарања за учествата во повиците за јавни набавки. Центарот...

Градоначалничката Арсовска го разреши директорот на Водовод, Златко Перински и секретарот Ѓоко Велковски поради Пречистителната станица

Раководството од Град Скопје го разреши Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ поради „самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер“. Во прашање  е тендерот вреден 136 милиони евра за големата пречистителна станица за Скопје, за што „Мета“ пишуваше неколку пати во изминативе две и пол години. Од истата причина, разрешен е и секретарот...

Ризиците од корупција и судир на интереси во набавките за ковид-19 остануваат високи

Високи ризици од корупција и судир на интереси изобилувале во јавните набавки поврзани со ковид-19 и во второто полугодие од 2021 година, покажува длабинскиот мониторинг на Центарот за граѓански комуникации, којшто денеска го објави Извештајот за јавните набавки за заштита од КОВИД-19. Мониторингот на постапките за јавни набавки на стоки, услуги и работи чии договори се склучени во второто полугодие...

Веб-страницата на Бирото за јавни набавки не работи веќе трет ден, запреа и сите тендери

Сите јавни набавки се блокирани бидејќи веќе трет ден по ред веб-страницата на Бирото за јавни набавки (https://e-nabavki.gov.mk/) не е во функција. На нефункционалната веб-страница, Бирото за јавни набавки објави порака дека сервисот е привремено недостапен поради „сериозни технички проблеми со инфраструктурата“. Наведено е и дека по надминување на проблемот јавноста ќе биде известена, а и сите тендерски рокови (јавни отворања/крајни...

Миле Јанакиески призна вина и доби условна казна од 2 години за набавката на кинеските автобуси

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и две други обвинети лица денеска признаа вина во судскиот процес „Дизајн“ којшто се води за набавката на кинеските автобуси „Јутонг“ за ЈСП-Скопје во периодот од владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Откако тие признаа вина, Основниот кривичен суд Скопје објави дека Јанакиески и двете други обвинети се осудени на условна казна затвор од 2...

МФ: Македонските компании ќе може да учествуваат на НАТО тендерите

Македонски компании ќе може да учествуваат на јавните тендери на НАТО со годишен буџет од околу 5 милиjaрди евра. Измените на Законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста, со коишто се овозможува ова, се објавени во Службен весник, соопшти Министерството за финансии (МФ). Со овој закон се уредува и начинот на проверка и потврдување на исполнетоста на...

Маунтбајкерите ќе добијат нова велосипедска патека на Водно

Градот Скопје ќе гради надолна велосипедска патека за маунтбајкерите од Средно Водно до Скопје. Должината на планираната велосипедска патека е од 3.500 до 3.700 метри, додека ширината на патеката е планирано да изнесува три метри. Патеката ќе ја проектира и изведе љубљанската компанија „Завод Алианса“, која предвидено е да ги реализира работите за сума од речиси 8.000.000 денари. „Downhill flow“...

ЦГК: Расте отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите-секој трет се поништува

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите. Според податоците добиени од мониторингот на јавните набавки, поништувањата на тендерите достигнаа до 33 отсто, што е највисоко ниво во последните неколку години, а причината за тоа...

Кинески „Синохидро“ и австриски „Страбаг“ ќе го довршуваат експресниот пат Градско-Прилеп

Претстојново лето ќе продолжи изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп, каде што месеци наназад не се одвиваа никакви градежни работи поради тоа што претходните компании-изведувачи ја напуштија трасата и ги оставија делниците недовршени. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција информираше дека за најновите активности околу продолжување на изградбата на овој експресен пат. Австриската компанија „Страбаг АГ“ е...

ЦГК: Во постапки без објавување оглас, во првите шест месеци лани доделени јавни набавки вредни 11 милиони евра

Расте бројот на нетранспарентни тендерски постапки со преговарање, без објавување оглас, при јавните набавки во земјава, покажува Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2020 година на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Во првите шест месеци од 2020 година, склучени се договори во вредност од 11 милиони евра во вакви нетранспарентни постапки, што е за 15 отсто...

ЦГК: Повеќе од осум милиони евра чинат тендерите за зимско одржување на патиштата за оваа сезона

За ангажирање на механизација, работници, сол и чакал за чистење и за прскање на улиците во зимски услови, оваа сезона ќе се потрошат 538 милиони денари, односно 8,7 милиони евра, се вели во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). „Тендери за оваа намена имале 41 општина и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија и државното јавно претпријатие за одржување...

Истражување на ЦГК: Детектирани ризици од корупција во тендерите на државните и на општинските претпријатија

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“. Ризиците од корупција се мапирани врз основа на длабочински мониторинг на тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Во 2019 година, овие претпријатија склучиле...

ЦКГ: Потрошени 6,7 милиони евра за „итни набавки“ за заштита од ковид-19

Во првите шест месеци од ковид-кризата, 6,7 милиони евра е вредноста на договорите за итни јавни набавки за заштита од корона вирусот, покажува сумарниот извештај од мониторингот на итните јавни набавки поврзани со заштита од ковид-19, кој го објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) „Една третина од вредноста на овие договори отпаѓа на Министерство за внатрешни работи-МВР, кое со 2,2...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...