fbpx
Таг: тендер

таг: тендер

Се чека одлука за втора истрага за пожарот во Модуларната болница во Тетово

Иако поминаа седум месеци откако Јавното обвинителство во август 2023 година информираше дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води уште една истрага за пожарот во модуларната болница, во кој изгореа 14 лица, од оваа институција за Порталб.мк нагласуваат дека Обвинителството е пред донесување на одлуката, но не наведуваат конкретен датум. Обвинителството за Порталб.мк нагласи дека овој предмет е...

Петровска: Сомнителна руска фирма сакаше да добие тендер за криптозаштита во Министерството за одбрана

Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема за Министерството за одбрана, информира денеска министерката Славјанка Петровска. За случајот информираше првично телевизија Телма, каде министерката Петровска во интервју за КОД изјави дека фирма со руски капитал и со седиште во Европска Унија се обидела да добие тендер во Министерството за одбрана со кој би...

Тендерот за регионалната депонија во Свети Николе чека одобрение од финансии и од ЕУ

Тендерот за избор на компанија која ќе треба да ја изгради регионалната депонија во Мечкуевци, Свети Николе сè уште не е објавен. Иако беше најавено дека ќе биде распишан најдоцна во јануари годинава, во моментов тендерската документација е на одобрување во Министерството за финансии и Делегација на ЕУ. Од Министерството за животна средина за Мета.мк информираат дека тендерот ќе биде...

Автопатот Кичево – Охрид затрупан во свлечишта, ни по една деценија не се гледа крајот

Наспроти оптимизмот што го ширеше власта дека од јануари оваа година до Охрид ќе се возиме по нов автопат, последните информации не влеваат надеж дека историската автопатска делница ќе биде завршена во скоро време. Пред автопатот Кичево-Охрид долг 57 километри, кој започна да се гради во февруари 2014 година во времето на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сега се испречија...

Пропадна и последниот тендер за Чебрен, дведецениската сага продолжува

Пропадна и 14. тендер за изградба на хидроелектраната Чебрен на Црна река, откако грчката фирма „Архиродон“ не ја продолжи банкарската гаранција која истекла на 31 декември минатата година, со што дведецениската сага поврзана со изградбата на овој енергетски капацитет веројатно ќе има и петнаесетто продолжение. Министерката за животна средина, Каја Шукова денеска информираше дека понудата на „Архиродон“ не е повеќе...

Објавен тендерот за последната делница од пругата кон Бугарија – рокот за изградба е 5 години

Утрово, на веб-сајтот на ЕУ, беше објавен тендерот за третата фаза од изградбата на железничката пруга од Куманово до границата со Бугарија (Деве Баир), како дел од Коридорот 8. Станува збор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, додека изградбата на останатите две делници од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка сè уште...

Повеќе од 2 милиони евра ќе чинат регистарските таблици и налепниците со ознаката „НМК“ на возилата

Министерството за внатрешни работи ја заврши постапката за набавка на регистарски таблици и налепници на возилата со новата ознака „НМК“. На Бирото за јавни набавки објавен е договорот кој тежи 2,2 милиони евра, а тендерот го добила групација од понудувачите Квантум ДООЕЛ и германската „ЕХА Хофман интернационал“. Договорот меѓу МВР и компаниите ќе се спроведува во период од три години. Според...

Министерот Меџити го демантира Министерството за здравство за раскинувањето на договорот за кичевската болница

Министерот за здравство, Фатмир Меџити завчера даде контрадикторна изјава во врска со постапката за раскинување на договорот со фирмата која не успеа да ја заврши изградбата на Општата болница во Кичево. Од Министерството за здравство на 4 декември за Порталб.мк изјавија дека е покрената постапката за раскинување на договорот, но министерот за здравство завчера изјави дека договорот е раскинат пред...

Шукова: До јануари ќе се распише тендер за изградба на регионалната депонија во Свети Николе

Најдоцна до јануари ќе биде распишан меѓународниот тендер за избор на компанија што ќе ја гради регионалната депонија и претоварните станици за Источен и Североисточен регион кај селото Мечкуевци, Општина Свети Николе. Ова денеска го најави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова. Министерката информираше дека во финална фаза е подготовката на тендерската документација за проектот во вредност...

Општина Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Ќе се реализира ветувањето на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за поставување на мерна станица што ќе го следи квалитетот на воздухот во близина на скопската Цементарница. Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот за избор на компанија од каде ќе се набави и ќе ја монтира мерната станица, што ќе се постави на кружниот тек пред Цементарницата. Огласот...

Објавен тендерот за изградба на гасоводна врска меѓу С.Македонија и Грција

Европската Унија денеска го објави тендерот за избор на компанија што ќе го гради интерконективниот гасовод меѓу С.Македонија и Грција. Оваа информација вчера ја најави министерот за економија Крешник Бектеши. Тендерската постапка предвидува заинтересираните компании да ги достават своите понуди најдоцна до 1 февруари 2024 година. Интерконекторот кон јужниот сосед на нашата земја треба да ѝ обезбеди посигурно снабдување со...

Компаниите немаат доверба во тендерите на државните институции

Компаниите немаат доверба во институциите поради што многу малку од нив се подготвени да аплицираат на јавни тендери, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Тој информира дека од внатрешната ревизија што ја спроведе Министерството за информатичко општество и администрација за периодот 2021 - 2023 година се гледа дека компаниите се многу малку заинтересиорани да аплицираат...

Парите од ќеси што ги купуваме во маркетите ќе се вложат во контејнери за селекција на отпад

До крајот на октомври ќе биде објавен јавниот повик за набавката на контејнери и канти за селекција на отпад (хартија, тетрапак, пластика и метал) за сите македонски општини. Министерството за животна средина и просторно планирање во моментов го подготвува тендерот, преку кој ќе се распределат 30.018 канти од 120 литри и 3.017 контејнери од 1,1 метри кубни. Средствата во...

Тетово шест години чека пречистителна станица, тендерот мора да го објави Министерството за финансии, но не се знае кога

Иако во 2017 година беше потпишан договорот за реализација на ИПА проектот за изградба на пречистителната станица за третирање на отпадните води и проширување на канализационата мрежа во општина Тетово, реализацијата на проектот постојано се одложува, а се уште не е објавен ниту тендерот. Проектот е заглавен во Министерството за финансии, но оваа институција не одговара на новинарските прашања...

МНР ги поднесе документите за тендерот од 1,8 милиони евра до обвинителството и до антикорупциската

Министерството за надворешни работи до Државната комисија за спречување на корупцијата и до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја доставило тендерската документација за уредување на салата „Борис Трајковски“, за потребите на конференцијата на ОБСЕ од 1,8 милиони евра, што ја доби фирмата „Еуровиа“ од Желино. Причината за ова е што во јавноста беше обеледонето дека...

Не стивнуваат реакциите за милионскиот тендер на МНР, случајот со „Еуровиа“ го испитува и Антикорупциска

Тендерот од 1,8 милиони евра што го доби компанијата „Еуровиа“ од Желино за реконструкција и уредување на салата „Борис Трајковски“ за конференцијата на ОБСЕ во декември стигна и до Антикорупциската комисија. На денешната седница од ДКСК беше кажано дека случајот се комплетира и дека ќе се преземат соодветни чекори,  особено по повикот на министерот за надворешни работи, Бујар Османи,...

Тендерот за оградување на депонијата со арсен во Лојане ќе се објави најдоцна нареден месец

Министерството за животна средина и просторно планирање до крајот на август или почетокот на септември треба да го објави тендерот за оградување на депонијата со арсен и други отпадни минерали лоцирана во некогашниот рудник во Лојане. Од ова министерство додаваат дека до крајот на септември ќе биде познато името на компанијата што ќе го огради опасното јаловиште, кое се...

Повеќе од пет месеци болните од дијабет без ленти за мерење шеќер, се чека тендерот

Повеќе од пет месеци болните од дијабет кои примаат инсулинска терапија, од Министерството за здравство немаат добиено ленти за мерење на шеќерот во крвта. До нашата редакција се пожалија читатели, кои велат дека мораат лентите да си ги набавуваат сами, од аптека и да ги плаќаат приватно, а со оглед на тоа што трошат по најмалку три ленти дневно,...

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска го потпиша договорот за пречистителната станица за кој разреши директор

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави дека скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера го потпишала договорот за изградба на скопската пречистителна станица, поради кој претходно го разреши поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински. „Со ставањето на потпис на договорот за пречистителна станица, Данела Арсовска стави потпис на признанието дека лажела, манипулирала, лажно обвинувала и дека со лаги се...

Објавен нов повик за субвенции за авиолинии

Откако Комисијата за евалуација на понудите го поништи претходниот тендер, бидејќи констатирала дека авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ не ја доставиле пропишаната комплетна документација, Министерството за транспорт и врски денеска објави нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период од 2023 до 2025 година. „Јавниот повик е отворен, транспарентен и на него можат да се...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...