fbpx
Таг: Телма

таг: Телма

Дујовски за „Телма“: Заканите со бомби се дел од хибридната војна што ја води Русија

Заканите за поставени бомби кои треба да создадат страв и паника кај граѓаните и недоверба во државните институции, не доаѓаат од ученици, туку се дел од глобалната хибридна војна на Русија против членките на НАТО, вели проф. д-р Никола Дујовски од Факултетот за безбедност во изјава за „Телма“. „Овие хибридни закани се дел од хибридната војна која Русија ја води...

ЗНМ: Пратениците не смеат да ги омаловажуваат и етикетираат новинарите на Телма

Во изминатите два дена дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како и пратеникот од Левица во своите изјави ја етикетираа ТВ Телма како „режимска телевизија“, а навреди и омаловажувања посредно или непосредно беа упатени кон новинарите и уредниците на оваа национална телевизија, се вели во соопштението на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). „Јавното етикетирање на медиумите и новинарите, посебно од...

Досудени 5.200 евра казни на дел од медиумите за известување во изборната кампања и изборниот молк

Дел од националните телевизии и радио станици од Основниот кривичен суд-Скопје се казнети со вкупно 5.200 евра за неизбалансирано известување за време на изборната кампања, како и за непочитување на изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули годинава. ААВМУ најново објави дека и телевизија „Шења“ добила вкупна казна од 1.600 евра (1.200 евра за правното...

Сител имал најголеми приходи, Алфа била најпрофитна телевизија лани, МРТ останува проблем (инфографик)

Вкупните приходи на македонските радио и телевизиски станици во 2019 година изнесувале околу 39,5 милиони евра, покажува Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година. Од нив, најголем дел од приходите биле остварени од комерцијалните телевизии што емитуваат програма на национално ниво, како и од Македонската радио-телевизија како јавен радиодифузен сервис. Приходите на МРТ лани биле...

Турски серии и политички дебатни емисии – новата телевизиска сезона по стара шема

Речиси три четвртини или 72,6 проценти од граѓаните гледаат телевизија, покажуваат податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици за вториот квартал од 2020 година. И покрај тоа што извештајот се однесува на периодот од почетокот на пандемијата, кој беше одбележан со долги полициски часови, а граѓаните во главно беа...

Алсат-М и Македонско радио со казни, Телма куртули од судска казна за известувањето за време на изборите

Основниот кривичен суд и Апелациониот суд во Скопје делумно ги прифатија прекршочните постапки што Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги поднесе против медиумите за нивното известување за време на изборната кампања и во периодот на изборниот молк на парламентарните избори што се одржаа на 15 јули. Апелациониот суд ја прифати жалбата на ААВМУ во однос на висината...

ЗНМ: Директорот на АВМУ непрофесионално етикетира медиуми

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во изминатите неколку недели внимателно ја следеше работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во делот на постапување против радиодифузерите за евентуални прекршувања на правилата предвидени во Изборниот законик. На барање, пак на дел од медиумите против кои беа поведени постапки за прекршување на изборен молк, од ЗНМ велат дека...

ААВМУ бара прекршочна постапка против „Алсат-М“ и „Шења“, не информирале балансирано за изборната кампања

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми на 29. седница го разгледа Извештајот од изборното медиумско претставување за време на Предвремените парламентарни избори 2020 година. „Во таа насока Советот заклучи против телевизиите „Алсат-М“ и „Шења“ да се покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд бидејќи спротивно на членот 75 став 1, а во врска со член 75-а став 1 точка...

Македонското радио и Марјан Цветковски казнети со 2.000 евра за прекршување на изборниот молк

Основниот кривичен суд-Скопје ги прогласи Македонската радио-телевизија, односно првиот програмски сервис на Македонското радио и одговорното лице Марјан Цветковски за виновни за прекршување на изборниот молк. Судот им изрече прекршочни санкции - глоби за ЈРП МРТ МРА 1 во висина од 1.800 евра, како и 200 евра глоба за одговорното лице Марјан Цветковски, се наведува во објавениот Преглед на...

ДЗР ги објави извештаите: Како се трошеа парите за реклами за изборната кампања 2020?

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави извештаите од медиумите и другите прaвни субјекти за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020 и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа. Извештаи доставиле 19 правни субјекти, меѓутоа два од нив („Јени Балкан“ и „РФМ Радио“) само известуваат дека не емитувале...

„Телма“ реагира на АВМУ која поднесе жалба на пресудата дека телевизијата не го прекршила изборниот молк

Телевизија „Телма“ реагираше на тоа што АВМУ се жали пред Апелациониот суд за ослободителната пресуда од Основниот суд Скопје 1, кој утврди дека „Телма“ не го прекршила изборниот молк со изјавата на министерот за здравство Венко Филипче, која беше емитувана на 13 јули. Судот утврдил дека е од јавен интерес и исклучиво во функција на информирање на јавноста за...

ССНМ: Основниот суд-Скопје 1 констатира дека телевизија Телма не го прекршила изборниот молк

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ja поздравува одлуката на Основниот суд – Скопје 1 со која се констатира дека телевизија Телма не го прекршила изборниот молк, врз основа на прекршочната пријава поднесена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) . „Иницираната постапка од АВМУ против Телма, ССНМ го смета за класичен пример на притисок врз објективното...

МИОА целосно не се согласува со поднесените прекршочни пријави од страна на АВМУ кон Телма и Алсат-М

Министерството за информатичко општество и администрација, како надлежно министерство за медиумите, целосно не се согласува со поднесените прекршочни пријави од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги против телевизиите Телма и Алсат-М, заради пренесена изјава на министерот за здравство Венко Филипче, за време на изборниот молк, информираат од таму. „Двете телевизии на никаков начин го немаат прекршено Изборниот...

Македонско радио со изјава на Чулев, Телма и Алсат со изјава на Филипче го прекршиле изборниот молк

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на вчерашната седница донесе заклучок за покренување на прекршочни постапки пред надлежен суд против телевизиите Телма и Алсат-М, а идентична прекршочна постапка ќе следи и против првата програма на Македонското радио за прекршување на изборниот молк. Сите три медиуми го прекршиле членот 76-б став 3 од Изборниот законик, односно за...

ААВМУ: „Телма“ и „Алсат-М“ го прекршија изборниот молк, апел да се известува одговорно

Телевизиите „Телма“ и „Алсат-М“ го прекршија изборниот молк објавувајќи аудиовизуелни материјали за носител на функција во органите на власта кој воедно активно учествуваше во кампањата на еден учесник во изборниот процес, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), која прекршувањето го констатирала при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на изборниот...

Реформите во здравството и во образованието се најприоритетни за граѓаните

Реформите во здравствениот и во образовниот систем се на врвот на листата најзначајни реформи кои би имале најпозитивен ефект врз секојдневниот живот на граѓаните. Ова го покажа најновото истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка, МЦМС и телевизија Телма, врз база на анкета, посветено прашањата на евроинтеграциите. Речиси една третина од граѓаните (32 отсто) на прво место го ставиле здравствениот...

СЗО ги отфрли тврдењата дека Северна Македонија има највисока стапка на смртност од ковид-19 во регионот

Изјавата дека Северна Македонија има најголема стапка на смртност во регионот не е точна. Знам дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на националните бројки и статистиките, ова го изјави Џихан Тавила, претставник на Светската здравствена организација во Македонија, за емисијата КОД на „Телма ТВ“. „Треба да бидеме многу внимателни кога ги споредуваме земјите, поради можните...

Медиумите објективно и непристрасно известувале во предизборието, покажува мониторингот на ААВМУ

Националните телевизиски и радио програми објективно и непристрасно известувале во предизборниот период од 17 февруари до 16 март, покажува Извештајот од медиумското известување за предвремени парламентарни избори на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Во предизборниот мониторинг биле вклучени МРТ 1, МРТ 2 Програма на албански јазик, Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, ТВ 21-М, 24 Вести...

Четири телевизии ја тужат ДИК, незадоволни од цената за платено политичко рекламирање

Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма поднесоа тужба за поведување на управен спор против Државната изборна комисија (ДИК) пред Управниот суд поради одлуката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање за последните пет изборни циклуси. Македонските национални телевизии се незадоволни од цената по која ќе треба да ги емитуваат предизборните реклами на партиите...

Националните ТВ против ценовникот на ДИК: Грдо е, на медиумите ќе им пукне филмот

Не треба Државната изборна комисија да се занимава со ценовниците на телевизиите е генералниот став на директори на три национални телевизии, откако ДИК во неделата го објави ценовникот по кој ќе се наплаќаат предизборните пораки во медиумите. Ценовникот е формиран според последните измени на Изборниот законик, што Собранието ги усвои в саботата, на 136 седница. Според измените, највисоката цена...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...