fbpx
Таг: телевизии

таг: телевизии

АВМУ: ТВ „Нова“ и „Алфа“ се пристрасни, а другите медиуми пласираат псевдовести

Радиодифузерите продолжуваат да ја следат веќе востановената уредувачка политика при известувањетo, при што особено се истакнува непочитувањето на професионалното начело за еднаков третман на различните гледишта, се вели во извештајот од надзорот на изборното медиумско известување за периодот од 27 август до 5 септември 2017 година, што го спроведува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Агенцијата ги издвојува ТВ „Алфа“...

Поповски: Владини реклами нема да има, а МРТВ ќе се финансира само од буџет

Една од клучните мерки на Владата е јавниот сервис МРТВ да не биде дел од комерцијалниот пазар и да биде финансирана од буџетот на државата, рече министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на денешната конференција на тема „Иднината на комерцијалните ТВ-канали на национално ниво: Која е формулата за успех?“, во организација на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Попоски...

Мониторинг на ИКС: „Сител“, „Канал 5“, „Алфа“ и „ТВ Нова“ се пропагандистички телевизии

Надзорот на телевизиските вести спроведен од септември 2016 до февруари 2017 година покажа дека во медиумскиот простор постојат четири комерцијални телевизии кои можат да се наречат пропагандистички, е заклучокот од денешната конференција организирана од страна на Институтот за комуникациски студии (ИКС). - Станува збор за телевизиите „Сител“, „Канал 5“, „Алфа“ и „ТВ Нова“, чии вести во целиот период на надгледување биле...

Две третини од 68 прекршочни на ад хок телото – за ТВ „Нова“, ТВ „Сител“ и ТВ „Алфа“

Две третини од вкупно 68 предлози за поведување прекршочна постапка, што ги иницира ад хок телото за надзор на медиумите, дадени во периодот од последните 30 дена пред изборите, како и за време на изборниот молк, ги добиле телевизиите „Нова“, „Сител“ и „Алфа“. При голема и речиси постојана поделеност во ад хок телото околу целите и мерилата во процесот на надгледување...

Ад хок телото за медиуми поведе прекршочни постапки против две телевизии

Ад хок телото за медиуми поведе прекршочни постапки против телевизиите „Нова“ и „Алфа“, за прекршоци од членот 75, став 1 на Изборниот законик. Комисијата на денешната седница отфрли предлози за поведување прекршочни постапки против телевизиите „Телма“ и „24 Вести“, за истиот член од законот, со кој се бара правично, балансирано и коректно известување во текот на предизборниот период. Вчера, Комисијата донесе одлука...

Протест на грчките новинари во Атина, бараат средба со Ципрас

Неколку стотици грчки новинари и медиумски работници денеска излегоа на протест пред грчкото собрание, од каде испратија порака до грчката влада дека не сакаат и нема да дозволат да згаснат телевизиите и 2.000 луѓе да останат на улица. Новинарите апелираа до владата да ја смени политиката и кажаа гласно „не“ за медиумскиот мрак и за владината одлука за ограничување на бројот...

Ад хок телото побара прекршочна постапка против телевизиите „Сител“ и „Нова“

Ад хок телото за назор на медиумите со три гласа „за“ и со еден „против“ одлучи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) да поведе прекршочна постапка против телевизите „Нова“ и „Сител“ за неизбалансираност во известувањето. За другите радиодифузери чие известување беше предмет на набљудување, не беа констатирани прекршувања на Изборниот законик. Во случајот на телевизија „Нова“, за предлогот на членот...

Нова драма со телевизиските концесии во Грција

Четирите медиумски куќи што обезбедија национални телевизиски концесии во Грција денеска мора да ја исплатат првата рата за концесиите. Парите веќе ги доставија телевизијата „Скај“, бизнисменот Вангелис Маринакис и телевизијата „Антена“. Телевизијата „Скај“ исплати 145 милиони евра, Маринакис - 24,6 милиони евра и „Антена“ 25,3 милиони евра.  Се чека уште бизнисменот Владимир Калогрицас кој до крајот на денот мора да исплати 175 милиони...

Грчките телевизии почнаа 24-часовен штрајк

Информативен мрак владее денеска во Грција по одлуката на телевизиите да прогласат 24-часовен штрајк. Одлуката за штрајк доаѓа од Федерацијата на вработени во радијата и во телевизиите во Грција, во знак на револт против доделувањето на само четири национални концесии за работа на четири грчки телевизиски куќи, оставајќи на цедило четири други постоечки телевизии со околу 1.800 вработени. Државната телевизија...

Грчката влада ги диктира работните услови во телевизиите што обезбедија концесии за работа

Грчката влада подготви долга листа на правила по кои ќе мора да се раководат и да ги почитуваат четирите телевизиски куќи што обезбедија национална телевизиска концесија за работа. Министерот без ресор Никос Папас, задолжен за прашањата за медиуми во државата, се сретна со четворицата извршни директори на телевизиите, кои платија 246 милиони евра за концесија, за да им објасни што...

Четири грчки телевизии платија вкупно 246 милиони евра за национални ТВ-концесии

Грчкиот државен буџет се зголеми за 246 милиони евра од четирите национални телевизиски концесии што ги додели грчката влада. По маратонска аукција за концесиите од 65 часа, временски период во кој во просториите на Генералниот секретаријат за медиуми во Атина беа затворени под клуч сопствениците и консултантите на осум медиумски куќи, рано утринава грчката влада ги објави имињата на четворицата победници...

Агенција за медиуми: Прекршочни постапки за „Алфа“, „Канал 5“ и за „Сител“

Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги во вториот извештај од надзорот на медиумското претставување во вестите по распишување на изборите, за период од 25 април до 4 мај, констатира дека телевизиите „Алфа“, „Канал 5“ и „Сител“ известуваат за активностите на органите на власта во функција на изборно медиумско претставување на ВМРО-ДПМНЕ. За констатираните прекршувања се покренати прекршочни постапки. „Агенцијата предупредува дека...

ААВМУ: „Алфа“, „Канал 5“, „Канал 5 плус“, „Нова“ и „Сител“ известуваат необјективно

Дел од телевизиите со национална концесија не ги почитуваат начелата од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, особено оние каде се бара објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења, пишува во првиот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (AAВМУ) од следењето на медиумското претставување во вестите,...

Продолжува штрајкот на грчките новинари

Грција тоне во медиумски мрак со денови. Грчките новинари од вчера го продолжија штрајкот кој почна во четвртокот. Синдикатот на новинари и на уредници одлучи да се штрајкува до среда, во знак на револт и на протест против новите пензински и здравствени реформи со кои ќе се зголеми возрасната граница за одење во пензија, а ќе се намалат пензиите. На...

Интервју на Иванов во 15 часот: Ќе одговара на прашања за аболицијата

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска во 15 часот ќе има интервју со главните и одговорни уредници на десетте телевизии со национална концесија, соопштија од кабинетот на Иванов. Претставниците на медиумите, како што стои во соопштението, ќе имаат можност да ги постават сите прашања во врска со одлуката на претседателот за аболиција на сите политичари и нивни соработници против кои се водат...

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски да објасни за овоштарникот на Јанева

Љупчо Николовски сериозно му конкурира со своите лаги на некрунисаниот крал на лагите, аболираниот мултимилионер Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. „Очигледно Љупчо Николовски добил партиска задача да глуми и квазиексперт за слобода на медиуми. Кога веќе решил да излегува на прес-конференции и да се бламира со куп лаги...

Николовски: Наместо кај вистинските земјоделци, парите завршуваат кај сопственици на медиуми

Изјавите на министерот Михаил Цветков откриваат нови сомнежи дека сè уште се прават злоупотреби во Министерството за земјоделство и дека наместо кај вистинските земјоделци, парите завршуваат кај сопственици на медиуми, блиски до власта, изјави дополнителниот заменик-министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Според него, „со парите на граѓаните, со парите на вистинските земјоделци, се финансираат медиумите на Никола Груевски задолжени да...

Инцидентот на границата ја врати Македонија во светските медиуми

Вчерашниот инцидент на македонско-грчката граница, кога илјадници мигранти се обидоа да ја урнат жичената ограда и да влезат во земјава, на што полицијата реагираше со солзавец за да ги одврати од намерата, повторно ја врати Македонија во фокусот на светските медиуми и новински агенции. Поголемиот дел од нив известуваат прилично објективно, но имаше и такви кои сакаа да му дадат поголема доза...

Медиумите потпишаа Повелба за етичко известување на изборите

Денеска, во просториите на ЕУ-инфоцентарот во Скопје, новинари и уредници од поголемите медиуми во Македонија потпишаа Повелба за етичко известување за изборите, во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). На потпишувањето на повелбата присуствуваа и евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, и холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп. Повелбата ја потпишаа сите национални телевизии,...

Од недела на полноќ ќе биде забрането платеното политичко рекламирање

Од недела на полноќ настапува забрана за емитување платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, во печатените медиуми и во електронските медиуми (интернет-портали), соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Забраната произлегува од законот за изменување и за дополнување на Изборниот законик и важи сè до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат...

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...