fbpx
Таг: телеком

таг: телеком

Прекини на услугите на Телеком, оштетени се кабли при градежни работи

Корисниците на услугите на Телеком утрово се соочија со недостапност или слаб квалитет на услугите - од интернет сообраќајот до телефонските разговори во фиксната и мобилната мрежа, при што беше невозможно и да се контактира Контакт центарот за информации за проблемите. Како што соопшти Телеком, причината за пречките биле оштетени кабли на различни локации, предизвикани од градежни работи на трети...

МВР: Телефонските провајдери се исклучиво одговорни за заштитата на граѓаните

МВР е запознаено со масовните телефонски јавувања од странски броеви, но за заштита на граѓаните се одговорни исклучиво провајдерите, одговори денеска Министерството на прашањето на „Мета.мк“ „дали и што презема по масовните повици што македонските телефонски корисници денеска ги добиваат од непознати странски броеви“. „Министерството за внатрешни работи – Секторот за компјутерски криминал е запознаен со оваа појава и е...

Млади иноватори креираа дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост 

Викендов, се одржаа тридневни „дизајн тинкинг“ (design thinking) работилници на кои педесетина млади иноватори од нашата земја работеа на нивните дигитални решенија за премостување на бариерите со кои децата и младите со попреченост се соочуваат во образованието и секојдневниот живот. Овој младински предизвик е дел од партнерството на Фондацијата „Телеком за Македонија“ и УНИЦЕФ за намалување на дигиталниот јаз...

Владата го разреши Рашковски од позицијата владин претставник во „Телеком“

Владата на денешната 48 седница донела одлука да го разреши Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски од позицијата претставник на Владата во Акционерското Собрание на „Телеком“ и на таа позиција ја назначила Тања Чачарова Илиевска, советник за правда во на премиерот. На владината седница било одлучено за директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, да биде именуван Ејуп Јахја, за...

„Оне-Вип“ и „Телеком“ самоиницијативно ги исклучиле „Дискавери“ и „Еуроспорт“

Документарните канали на „Дискавери“ и спортските канали „Еуроспорт“ се исклучени од понудата на операторите „Оне-Вип“ и „Македонски Телеком“ по одлука на самите оператори, информираа од агенцијата „Креативне идеје“, што ја застапува корпорацијата „Дискавери комјуникејшенс“, сопственик на исклучените канали. „И покрај нашата отвореност и добра волја за преговори, изненадени сме и воедно разочарани од фактот што, двата оператори симултано ја донеле одлуката...

Телеком Словенија се повлече од „ВИП“

Телеком Словенија ја прифати понудата на Телеком Австрија и го отстапи својот удел во македонскиот телекомуникациски оператор „ВИП“ за сума од 120 милиони евра, објави словенечката берза. Со купувањето на преостанатите 45 отсто од досега заедничката компанија „Оне.ВИП“, австрискиот телеком станува стопроцентен сопственик на операторот. Компанијата беше формирана на 1 октомври 2015 година, кога беше напоменато дека останува можност Телеком Словенија...

ВМРО-ДПМНЕ: Тештата и кумот на Рашковски да ги вратат парите, а тој да си даде оставка

Кумот и тештата на „генералниот секретар на расипничката влада“, Драги Рашковски, треба да ги вратат народните пари што ги испумпаа на основа на плати и на хонорари од буџетот на Република Македонија, побара Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција пред Владата. Таа го праша Рашковски кога ќе ѝ одговори на јавноста за непотизмот. - Драги Рашковски изгледа нема намера да одговори на прашањата...

Телеком го остави центарот на Скопје без интернет

Интернет корисниците на „Телеком“ од централното градско подрачје на Скопје од утринава се без интернет. Од службата за корисници соопштуваат дека станува збор за поголем проблем и оти се работи на санирање на проблемот. Поради проблемот со интернетот, амбулантите во Центарот на Скопје не се во можност да издадат упати и да закажуваат лекарски прегледи.

Салата „Борис Трајковски“ и стадионот „Филип Втори“ добија нови имиња

Најголемиот македонски стадион, Националната арена „Филип Втори“, и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе добијат нови брендирани имиња и тоа „Телеком арена“ и „Вип арена“. Договорот помеѓу Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и „Оне Вип“ е веќе потпишан, а деновиве се очекува параф да стават и првите луѓе на скопскиот стадион и на „Телеком“. Спортскиот центар кој го носеше името на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис...

Слободан Богоевски денеска ќе сведочи пред Обвинителството за случајот со мито од „Маѓар телеком“

Да сведочи за случајот со „Маѓар телеком“ пред Обвинителството за организиран криминал и корупција, денеска е повикан Слободан Богоевски. Богоевски, кој е на издржување затворска казна во кумановскиот затвор за друг случај, денеска треба да го даде своето сведочење откако Обвинителството отвори предмет по неговата изјава дадена за њујоршкиот суд, во која наведува дека на актуелни и на поранешни функционери во...

Движење за реформи на ДПА: Аферата „Телеком“ ја докажа тешката состојба на Албанците во Македонија

Според Движењето за реформи на ДПА, тешката состојба на Албанците во Македонија се докажа преку аферата „Телеком“, со објавените докази во судот во Њујорк за првите луѓе на ДУИ, Али Ахмети и Муса Џафери. Според движењето, специјалниот обвинител, за кој моментално се водат преговори, нема да ја искорени олигархијата, која има длабоки корени во домашните судови, а во која е...

Тасева: Корупцијата во „Телеком“ е потврда за договорот за ненапаѓање меѓу политичарите

Слаѓана Тасева од невладината „Транспарентност Македонија“ вели дека последните наводи изнесени за корупција во „Маѓар телеком“ се само уште една потврда дека нашите институции не сакаат да го истражат овој случај. - Не зборувам за тоа дали има капацитет или нема, нема потреба од многу капацитет за ова да се истражи затоа што сè е документирано. Поразителен е фактот дека...

Со германска помош ќе се обновува детското игралиште во Охрид

Германската амбасада во Скопје финасиски ќе го помогне проектот за обнова и за реконструкција на детското игралиште кај каналот Студенчишта во Охрид. Германската амбасада ѝ додели грант на Општина Охрид во вредност од околу 485.000 денари, односно околу 8.000 евра. Од овие средства, 425.259 денари ќе бидат наменети за набавка на нови играчки за деца, а 60.000 денари за обнова...

СДСМ бара почитување на законите од „Дојче телеком“ и од „Маѓар телеком“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија писмено ги информираше компаниите „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“ за случувањата во Македонија, од аспект на потенцијална вмешаност на раководните структури на „Македонски телеком“ и на „Ти-мобајл Македонија“ во незаконско и неетичко однесување. Во писмото, СДСМ изразува задоволство од присуството на реномираната фирма во Македонија и бара преземање конкретни чекори од двете компании во интерес на граѓаните на...

„Маѓар телеком“ ќе истражува дали од „Ти-мобајл“ прислушувале

„Маѓар телеком“ планира истрага што ќе ја спроведуваат надворешни консултанти во нејзината фирма-ќерка во Македонија, вели за „Дојче веле“ портпаролката на „Дојче телеком“, Елпида Тризи. Повод за истрагата се сомнежите за улогата на македонскиот телеком во аферата со прислушувањето, која во Македонија ја отвори лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, кој истакна дека наводното масовно прислушкување на повеќе од 20.000 граѓани во...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...