fbpx
Таг: Телеграм

таг: Телеграм

Новинарот Лукаидс по една година истражување на „Телеграм“: Алатката е добра, но таму преовладува пропагандата

Дарен Лукаидс работи како истражувачки новинар од 2008 година, во Лондон и во Барселона. Главен интерес му се конспиративните групи, групи кои шират дезинформации на социјалните платформи и истражувања за начинот на кој функционираат истите, со посебен акцент на Телеграм. Неговите стории се објавувани во престижни медиуми, како WIRED, Гардијан (The Guardian) oпен Демокраси (open Democracy), разобличувајќи ја поврзаноста меѓу политиката...

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви отколку тие на личноста на фотографијата. Исто така, ако веруваме дека Пригожин е уште жив, за што нема кредибилен доказ, не е логично зошто човекот кој водеше пуч против лидерството...

„Телеграм“ воведе можност за претплата со дополнителни функции

Откако претходно месецов ја најави, апликацијата за размена на пораки „Телеграм“ ја промовираше својата премиум услуга, која на корисниците им дава пристап до дополнителни функции по цена од 4,99 американски долари месечно, пишува „Д Врџ“. Со претплатената верзија корисниците ќе добијат побрзо преземање и поголема максимална големина на прикачување на датотеки. Претплатниците на премиум услугата имаат ограничувања двојно поголеми од...

Видео без грам контекст, пренесено од македонските медиуми, душа дало за фрлање магла врз војната во Украина

На видеото се гледа како група украински војници вадат луѓе од возилата, ги удираат по глава и им ги врзуваат рацете. За точната локација се вели дека се претпоставува оти станува збор за Днипро. Информациите се преземени од социјалните мрежи и од Телеграм, меѓутоа во целост изостанува контекстот. Нема точен податок ниту кога е снимено видеото, но симптоматично e...

Лажни видеа од Путин и Зеленски шират дезинформации за руско-украинската војна

Повторно се појави т.н. „дипфејк“ видео споделено на Твитер, на кое се чини дека рускиот претседател Владимир Путин прогласува мир, објави британскиот јавен сервис Би-би-си. Во меѓувреме, оваа недела платформите на Мета и Јутјуб отстранија исто такво лажно видео од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во кое тој зборува дека се предава. Неубедливиот фалсификат на претседателот Зеленски беше исмеан од многу...

Случајот „Јавна соба“ решен со затворски казни од 4 години за обвинетите

Основниот кривичен суд Скопје денес изрече две затворски казни од 4 години за главните обвинети за случајот „Јавна соба“. Основачот на групата, Дарко Костовски и модераторот Михаил Паневски одговараа за кривично дело за злоупотреба на фотографии од голи жени и девојки како и лични податоци (име, презиме, телефонски број, адреса на живеење) и нивно дистрибуирање во групата „Јавна соба“ на...

МВР достави докази до обвинителството за третата „Јавна соба“ на Телеграм

Полицијата спроведе брза истрага за случајот со групата „Јавна соба“ која по трет пат беше отворена на социјалната мрежа Телеграм, а доказите се испратени до Основното јавно обвинителство (ОЈО). „МВР веднаш постапува за оваа нова група согласно сите надлежности, а и веднаш го известивме обвинителството“, изјавија од полицијата за Мета.мк, но сè уште нема информација колку и кои лица се...

Поднесено обвинение за креаторот и за администраторот на групата „Јавна соба“​

Основното јавно обвинителство Скопје поднело обвинителен акт против основачот и против администраторот на групата „Јавна соба“ на Телеграм, соопшти обвинителството. Двајцата обвинети, на возраст од 32 години и од 21 година се товарат производство и дистрибуција на детска порнографија, , според член 193-а, став 3, а во врска со став 1, од Кривичниот законик. „Во периодот од 19 декември 2019...

ОЈО: Истрагата за „Јавна соба“ е во завршна фаза, за „Јавна соба 2“ се водат предистражни постапки во повеќе обвинителства

Основното јавно обвинителство (ОЈО) ги комплетира и материјалните докази за кривичното дело Производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик за кое е отворена истражна постапка против две лица во предметот за случајот „Јавна соба“. „Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата осомничени, како основач и модератор...

Во среда протестен марш за поддршка на жртвите од Телeграм групата „Јавна соба“

На 3 февруари, во среда со почеток од 14:30 часот, Платформата за родова еднаквост ќе организира протестен марш за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба“. Тие бараат од државните институции да го решат случајот, а на жртвите да им обезбедат соодветна заштита. Маршот ќе започне пред МВР, а ќе заврши пред Јавно обвинителство. И на двете локации...

„Јавна соба“ е затворена, но МВР истражува слична таква група на „Телеграм“

Telegram
Групата „Јавна соба“ е затворена, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на неговиот фејсбук-профил. „Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите...

Заев најави блокада на Телеграм во Македонија ако не ја затворат групата „Јавна соба“

Премиерот Зоран Заев, преку социјалните мрежи најави дека ако апликацијата Телеграм не го затвори каналот „Јавна соба“ каде се споделува порнографска и приватна содржина, како и детска порнографија, Владата ќе ја разгледа опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во Северна Македонија. Според него, апликацијата би била блокирана сѐ додека компанијата што ја издава не помогне околу...

Приведени две лица од телеграм групата „Јавна соба“, една од жртвите јавно сведочи за пеколот низ кој поминува

Telegram
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека се приведени две лица во врска со случајот „Јавна соба“ и дека се преземаат други мерки кон другите лица. https://twitter.com/o_spasovski/status/1354757918390939649?s=20 Една година по обелодувањето на случајот со групата „Јавна соба“, каде се споделуваат порнографски и еротски фотографии и видеа од девојки, група со истото име повторно се актуелизираше деновиве на апликацијата за пораки...

За два дена ќе се знае што кријат телефоните на креаторите на „Јавна соба“

За два дена ќе биде познато што открила истрагата во врска со случајот „Јавна соба“, групата на „Телеграм“ во која членовите споделуваа порнографски материјали од девојки, а која беше избришана откако за неа се дозна во јавноста. Како што информира за „Мета.мк“, Славјанка Петровска, заменичката министерка за внатрешни работи, засега нема нови пријави од девојки кои биле злоупотребени во групата,...

Седум девојки од Скопје, Кичево, Тетово и Штип пријавиле дека биле злоупотребени во „Јавна соба“

Седум девојки од Скопје, Кичево, Тетово и Штип пријавиле во Бирото за јавна безбедност дека нивни фотографии се злоупотребени во групата „Јавна соба“ на мобилната апликација „Телеграм“, вели за „Мета“ Славјанка Петровска, заменик министерка за внатрешни работи повикувајќи ги притоа сите кои биле злоупотребени да пријават во најблиската полициска станица. - Се работи на обезбедување на податоците за сторителите на...

„Јавна соба“ е збирштина на сексуални предатори кои женските тела ги гледаат како предмети без право на приватност

Девојките чии фотографии се нашле изложени пред илјадници членови на затворената група на „Телеграм“ наречена „Јавна соба“ се жртви на збирштина на сексуални предатори, кои виреат во една криперска средина каде родово базираната омраза не е само присутна, туку поттикната, велат за „Мета.мк“ експерти од областа на човековите права и родовото насилство. Овие девојки треба да бидат заштитени, а виновниците...

УНИЦЕФ: Училиштата треба да знаат да одговорат на траума од дигитално вознемирување

Неодамнешните настани во врска со групата креирана преку „Телеграм“ на која размената на содржини вклучуваше и неовластено споделување фотографии и видеа од малолетни лица и млади девојки, претставуваат аларм кој повикува да се спроведе поусогласена меѓусекторска акција за заштита на децата и младите од опасностите што ги предизвикува насилството преку интернет, сајбер насилството и дигиталното вознемирување, порачуваат од канцеларијата...

„Јавната соба“ ја покажа темната страна на затворените интернет групи

Последниот случај со компромитирачки фотографии споделени во мрежа на апликацијата „Телеграм“ кој сѐ уште ја бранува јавноста, е пример кој докажува дека младите не знаат како да ги заштитат своите лични податоци и да ја зачуваат својата приватност на Интернет. По повод 28 јануари - Европскиот ден на заштита на личните податоци побаравме одговори од повеќе компетентни соговорници за...

Најавени кривични пријави за креаторот и администраторот на „Јавна соба“

Две лица, од кои едниот креатор, а другиот администратор на групата „Јавна соба“, на апликацијата за брзи пораки „Телеграм“, вчера биле повикани во полициска станица. Како што информира на својот профил на Фејсбук дополнителната заменичка министерка Славјанка Петровска, продолжува истрагата на Бирото за јавна безбедност во врска со групата. „Вчера вечер во полициска станица беа повикани две лица, од кои едното...

ХЕРА: „Јавна соба“ и насилството меѓу младите е аларм за воведување сексуално образовaние

Случувањата со „Телеграм“ и затворената група „Јавна соба“ се проблем за кој алармираме веќе долго време, велат од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА. Од таму додаваат дека врсничкото и родово базираното насилство се секојдневен проблем со кој се соочуваат младите, во и надвор од училиштата. „Ако барате виновници, не ги барајте кај младите. Нивните однесувања се резултат, односно последица...

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...