Израел го суспендира планот за испраќање илјадници мигранти од Африка на Запад


Тел Авив, 3 април, 2018 - 10:21 (META) 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја суспендираше спогодбата со Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) за преселба на илјадници мигранти од Африка во западните земји, и тоа неколку часа откако беше објавено склучувањето на спогодбата.

Според спогодбата, голем дел од 16.000 Африканци што бараат азил во Израел треба да бидат испратени во западните земји, а не вратени во матичните земји. Но, Нетанјаху, вчера, неколку часа по спогодбата, на „Фејсбук“ напиша дека таа ќе биде ставена на чекање.

Голем дел од мигрантите се во Тел Авив, а според најновото обраќање на израелскиот премиер ќе бидат исселени од таму и испратени во села и други заедници.


Автомобил влета во пешачка зона во Тел Авив – повредени се пет лица


Тел Авив, 22 мај, 2017 - 14:18 (META) 

Неколку лица се повредени откако автомобил удрил во пешаци во центарот на Тел Авив, објави весникот „Херец“, повикувајќи се на полициски извори.

Инцидентот се случил неколку минути пред американскиот претседател Доналд Трамп да слета на аеродромот „Бен Гурион“.

Според првите извештаи, возачот изгубил контрола над возилото и влетал во пешачката зона, притоа повредувајќи пет лица кои веднаш се хоспитализирани поради тешки телесни повреди.

Инцидентот се случил на една од најголемите улици во Тел Авив. Локалната полиција веднаш соопшти дека не станува збор за терористички напад.


ОН, САД и ЕП го осудија нападот во Тел Авив


Тел Авив, 9 јуни, 2016 - 12:49 (META) 

Обединетите нации, американскиот Стејт департмент и Европскиот парламент го осудија нападот во центарот на Тел Авив, во кој четири лица го загубија својот живот, а шест се ранети.

Шефот на полицијата во Тел Авив, Моше Едри, соопшти дека дошло до пукање на две локации.

– Станува збор за терористички напад. Двајца терористи отворија оган на цивили – рече Едри.

Нападот предизвика хаос на улиците во Тел Авив, а на социјалните мрежи се поставени снимки од луѓе кои панично бегаат.

Едри додаде дека двајцата напаѓачи се фатени и дека на еден од нив му е пружена лекарска помош поради прострелните рани што ги добил.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, го осуди нападот и изрази сочувство за семејствата на загинатите и за владата на Израел, со порака дека тероризмот нема оправдување.

Ки-мун се шокираше бидејќи Хамас го поздрави нападот.

Американскиот Стејт департмент најостро го осуди нападот.

„Кукавички напад против невини цивили никогаш не може да биде оправдан“, се наведува во соопштението.

И претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, го осуди нападот во Тел Авив.


Терористички напад во трговски центар во Тел Авив


Тел Авив, 9 јуни, 2016 - 11:04 (META) 

Во терористички напад во Тел Авив, Израел, синоќа тешко биле ранети шест лица, додека три биле убиени, јавија светските медиумите, повикувајќи се на информации од израелската полиција.

Терористичкиот напад се случил во трговскиот центар „Шарон“, а според зборовите на портпаролот на полицијата, подрачјето веднаш било евакуирано. Медиумите шпекулираат дека нападот го извеле ортодоксни Евреи.

„Шарон“ е најголем затворен трговски центар во земјата, а отворен за посетители бил пред помалку од една година. Се наоѓа во поширокиот центар на градот. На социјалните мрежи бргу по нападот се појавила и снимка на која се гледа како полицаец убива еден од напаѓачите.