fbpx
Таг: технологија

таг: технологија

„Опен АИ“ го најави GPT-4, наследникот на ChatGPT

Компанијата „Опен АИ“ (Open AI) ја најави најновата верзија на својот популарен чет-бот со вештачка интелигенција, ChatGPT. Новата верзија го носи името GPT-4. Компанијата вели дека најновиот модел е покреативен, со помала веројатност да измислува информации и помалку пристрасен од неговиот претходник, пренесува „Гардијан“. Новина кај чет-ботот, како што пишува Би-би-си, е што овој модел може да одговара и на слики...

Познати соговорниците на дебатата за млади „Има ли разбирачка со чет-ботови?“

Дебатата за млади „Има ли разбирачка со чет-ботови?“ ќе се одржи на 22 февруари (среда), со почеток од 18 часот, во Јавна соба во Скопје. Настанот е од отворен тип, а на него ќе говорат Тамара Димитрова - предавач на Brainster Next College, Петар Фидановски - советник за ИТ стандардизација во Министерството за информатичко општество и администрација, Нино Карас...

Има ли разбирачка со чет-ботови – дознајте на дебатата за млади

Чет-ботовите се компјутерски програми дизајнирани да симулираат разговор со друг човек на Интернет. Како такви, можат  да бидат интегрирани на вебсајтови, платформи за пораки и мобилни апликации и да обезбедат брзи и автоматизирани услуги за клиентите, да извршуваат рутински задачи или едноставно да нудат информации и препораки. Последните неколку години, а особено по лансирањето на „ChatGPT“, чет-ботовите станаа една од...

Војната во Украина го доближи „Часовникот на Судниот ден“ на 90 секунди до пропаста на човештвото

Човештвото е на само 90 секунди од својата пропаст, односно до отчукувањето на полноќ на „Часовникот на Судниот ден“. Ова е метафората за тоа колку човештвото е блиску до самоуништување, според Билтенот на атомските научници кој го поместува времето на неколку години. Според нив, никогаш не сме биле поблиску до апокалипса, пренесува „Врџ“. Иако е само метафора, одлуката да се...

„Мајкрософт“ ќе инвестира милијарди долари во компанијата која го создаде ChatGPT

„Мајкрософт“ најави дека во текот на наредните неколку години ќе инвестира повеќе милијарди американски долари во вештачка интелигенција, додека го проширува партнерството со „ОпенАИ“, пренесе Би-би-си. „ОпенАИ“ е креатор на чет-ботот ChatGPT и популарната алатка за генерирање слики Dall-E. Претходно, во 2019 година „Мајкрософт“ инвестираше една милијарда долари во компанијата основана од инвеститорот Сем Алтман и милијардерот Илон Маск. „Мајкрософт“ неодамна најави...

Авионскиот режим станува минато, ЕУ ќе дозволи повици за време на летовите

Патниците кои летаат со авиокомпаниите во Европската унија (ЕУ) наскоро ќе можат целосно да ги користат своите телефони додека се на небото, откако Европската комисија (ЕК) воведе правило со кое авиокомпаниите можат да обезбедат 5Г технологија во авионите. Би-би-си пишува дека луѓето што летаат со авион сега ќе можат да ги користат сите функции на телефонот во текот на летот,...

Со нов закон, Европската Унија се подготвува да ги смени правилата на Интернетот

Европската Унија подготви нови правила кои треба да ја „зауздаат“ доминацијата на големите технолошки компании како „Гугл“, „Епл“ и „Мета“, кои ќе бидат приморани да ги отворат своите услуги и платформи и за помалите компании и програмери, пренесува Би-Би-Си. Новиот закон ќе ги промени правилата за најголемите и највлијателни компании, наречени „вратари“ (gatekeepers). Со стапувањето на сила на Законот за...

Учениците кои освојуваат признанија на меѓународни натпревари имаат потреба од системска поддршка

Во втората половина на август во Прага се одржа меѓународниот натпревар по знаење и критичко мислење „World Scholars Cup“, или во неофицијален превод „Светски куп на ученици-научници“, на кој успешно учествуваа и пет екипи од Северна Македонија. На натпреварот „Prague Global Round 2022“, oдносно „Глобална рунда во Прага 2022 година“ учествуваа над 400 ученици од основно и средно образование од...

ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА: Митови околу развојот на вештачката интелигенција

Зголемениот интерес и возбудата околу развојот на вештачката интелигенција (ВИ) изминативе децении создаде многу митови, шпекулации и неосновани тврдења, кои, воглавно, создаваат страв и сомнеж околу иднината на оваа технологија. Поради популаризирањето на оваа тематика во научно-фантастичната литература и уметноста, за едни, „семоќната“ вештачка интелигенција ќе го заземе светот и ќе го пороби човештвото, а за други - не...

„Епл“ и „Мета“ влегуваат во ера на длабока филозофска конкуренција, вели Закерберг

Технолошките компании „Мета“ (поранешен „Фејсбук“) и „Епл“ влегуваат во период на многу длабока, филозофска конкуренција, која ќе ја дефинира иднината на Интернетот. Ова го вели извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, во разговор кој го објави „Д Врџ“, а го пренесе „Арс Техника“. И „Епл“ и „Мета“ во следната деценија планираат да инвестираат многу во „измешаната“ реалност, но имаат дијаметрално...

Вештачка интелигенција: Модерна алатка на дигиталното време за развој на општествата и цивилизацијата

Уште од појавата на компјутерите луѓето се фасцинирани од идејата дека еден ден, тие можат да станат попаметни од нас. Разговор објавен на Интернет пред неколку недели ги натера луѓето да веруваат дека ваквата иднина можеби е и поблиску отколку што замислувавме. Транскрипт од разговор помеѓу човек-инженер и вештачката интелигенција „Ламда“ за која се чини дека има свои размислувања,...

Повик за донации за учество на „Robo Mosquitos“ на светскиот натпревар „Лего лига“

„Робо комарци“ (Robo Mosquitos) е тим на млади ученици кои победија на првиот турнир „Лего лига“,  што беше организиран во Република Северна Македонија за деца на возраст од 9 до 16 години. Победничкиот тим беше поканет да учествува на светскиот натпревар што ќе се одржи од 5 до 7 август во Рио де Жанеиро во Бразил каде ќе учествуваат 40.000...

Млади ќе развиваат идеи како со дигитална технологија да се заштитиме од климатските промени

Претстојниов викенд, млади од 16 до 24 години, на тридневна работилница што ќе се одржи во објектот на Телеком во Скопjе, ќе работат на усовршување на своите идеи, како преку користење на дигиталната технологија да помогнат во заштита на животната средина. Во рамки на младинскиот предизвик Generation Unlimited–Генерација без граници 2022, избрани се десетте тимови кои имаат првични идеи...

Инженер во „Гугл“ смета дека вештачката интелигенција на компанијата „оживеала“ и е чувствителна

Суспензијата на инженерот на „Гугл“ (Google), кој тврдеше дека компјутерскиот чет-бот на кој работел станал чувствителен и расудувал како човечко суштество, покрена нови прашања околу капацитетот и тајноста на светот на вештачката интелигенција, пишува „Гардијан“. Технолошкиот гигант „Гугл“ го стави на отсуство вработениот инженер Блејк Лемоин, откако тој објави транскрипти од разговори помеѓу него, соработник на „Гугл“ и системот за...

За помалку електричен отпад, ЕУ ќе бара еден универзален полнач за сите паметни телефони

Законодавците во Европската Унија постигнаа договор што ќе ги „принуди“ производителите на паметни телефони, сите идни уреди продадени во ЕУ да бидат опремени со универзален жичен полнач од типот USB-C, јавуваат светските новински агенции. Правилото ќе важи и за другите електронски уреди вклучувајќи таблети, дигитални камери, слушалки, рачни конзоли за видео-игри, звучници и електронски читачи. Договорот треба да почне да се...

По 21 година престанува производството на „Ајпод“ уредите

Компанијата „Епл“ (Apple) објави дека го прекинува производството на својот музички плеер „Ајпод“ (iPod Touch), ставајќи крај на уредот кој е познат по извршената револуција во начинот на кој луѓето слушаат музика. Последното ажурирање на „Ајпод“ беше во 2019 година, а неговото пропаѓање, со појавата на паметните телефони, се предвидуваше долго време, пишува „Би-би-си“. Овој уред понуди неколку различни модели изминативе...

Првото издание на Tech@FEIT со фокус на криптовалутите и блокчејн технологијата

Како функционира блокчејн технологијата, што се криптовалути и каде истите наоѓаат примена во општеството? Ова беа главните прашања за кои се зборуваше на денешното, прво издание на Tech@FEIT – настан кој има за цел да им ги доближи актуелните технологии на студентите. Настанот е во организација на Факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ) на...

ФСС ФЕИТ в сабота организира научен настан за промовирање на актуелни технологии

Факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ) в сабота, 07.05.2022 година, организира еднодневен, отворен настан за промовирање на актуелни технологии и запознавање на студентите со нив, насловен TECH@FEIT. Настанот ќе започне во 10 часот и ќе се одржува во Амфитеатарот на ФЕИТ. Концептот на годинашното прво издание на TECH@FEIT е составен од низа на предавања преку...

Oтворен повик за стипендии за Кампот за високо-технолошка извонредност во Охрид

„Македонија 2025“ објави повик за стипендии за учество на второто издание на Охрид камп за високо-технолошка извонредност, кој ќе се одржи од 9 до 16 јули во Охрид. Основна цел на програмата е младите од 11 до 15 години да ги унапредат своите вештини за роботика и кодирање, а покрај тоа, да обезбеди можност за младите Македонци од земјава и...

Илон Маск сепак нема да биде дел од одборот на директори на Твитер

Elon Musk
Минатата недела беше потврдено дека сопственикот на Тесла и еден од најбогатите луѓе на светот, Илон Маск откупи 9,2 отсто од акциите на Твитер и дека ќе стане дел од одборот на директори на големата социјална мрежа. Оваа вест ја потврди и извршниот директор на Твитер, Параг Агравал. Во неговиот последен твит, главниот извршен директор напиша дека Маск по своја...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...