fbpx
Таг: техничка влада

таг: техничка влада

Аудиото од посетата на Талат Џафери во Форино е додадено и е од спортски натпревар

На видеото од посетата на техничкиот премиер Талат Џафери во неговото родно село Форино, снимен е видео материјал, кој содржи аудио со извици ,,Илирида, Чемерија, Косово”. Но, овие извици не се од пречекот на техничкиот премиер, туку се дополнително додадени, односно монтирани. Ваквиот видео материјал е манипулативен затоа што создава впечаток како техничкиот премиер да бил дочекан со овие...

Српските таблоиди ја „паднаа“ Владата на експремиерот Ковачевски

Наспроти ваквите неточни, потпалувачки и националистички обоени објави не „падна Владата во   Северна Македонија“, ниту пак, „Албанците полека но сигурно ја презеле власта“. Станува збор за избор на техничка, позната и како пржинска влада според т.н. Пржинскиот договор од 2015 година, чиј мандат е да организира праведни и фер претседателски и парламентарни избори кои ќе се одржат на 24...

Се одржа првата седница на новоформираната техничка влада

Денеска се одржа првата седница на новоформираната преодна влада. Новоизбраниот премиер Талат Џафери им го честита изборот на сите министри. Тој го прочита воведното на албански, па на македонски јазик и им порача на министрите да не ставаат слушалки за превод. „Пред нас е една клучна задача, подготовка и организирање слободни, фер и демократски редовни избори во отворена и законита...

Ковачевски му ја предаде премиерската позиција на Џафери

Досегашниот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата, Талат Џафери. Претседателот на Владата Џафери денеска беше пречекан од страна на Ковачевски, по што следеше кратка тет-а-тет средба и изјави за медиумите. На средбата досегашниот премиер Ковачевски му го честиташе стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот премиер Џафери и му посака...

Тошковски го презеде министерското место во МВР

Досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот прв човек на ресорот, Панче Тошковски, кој беше назначен од страна на ВМРО-ДПМНЕ како дел од техничката влада. На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Спасовски за неговиот досегашен анганжман во министерството, соопшти МВР. „Затворајќи го ова поглавје, сметам дека оставам наследство...

Избрана новата техничка влада

Собранието со 65 гласа „за“ и 3 „против“ ја избра новата македонска техничка влада. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, иако имаат свои министри, не гласаа за изборот на техничката влада. Двајцата пратеници од Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев гласаа „против“, како и Павле Трајанов од Демократскиот сојуз. Мандатот на оваа влада е да организира праведни и фер претседателски и парламентарни избори...

Во Собранието се бира техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи

Започна 141. собраниска седница на која треба да се избере новата техничка Влада, предводена од Талат Џафери. Тој на почетокот имаше свое обраќање и рече дека зацртаната политика на досегашната влада нема да се менува. Јован Митрески, досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, ја води собраниската седница и тој ќе биде претседател на Собранието до изборот на нов...

Претседателот Пендаровски го врачи мандатот за состав на преодна Влада

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, врз основа на член 84 од Уставот, а во согласност со член 43 од Законот за Владата, денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери. „Врз основа на член 84, алинеа прва од Уставот на Република Северна Македонија, а во согласност со член 43 од Законот за Владата на Република Северна Македонија и...

Јован Митрески нов претседател на Собранието

Јован Митрески, досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, ќе биде претседател на Собранието до изборот на нов состав на Парламентот по изборите на 8 мај. Тој денеска беше избран со 64 гласови „за“ и 40 „против“ и даде свечена заклетва во Собранието. Неговиот претходник Талат Џафери ќе биде мандатар на техничката влада, која треба да биде избрана во недела на...

Ковачевски ја поднесе оставката до Собранието, од утре во оставка е целата влада

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја поднесе оставката до Собранието, а се очекува денеска оставка да поднесе и собранискиот спикер Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер. „Сега ќе се видиме со претседателот на Собранието и ќе му посакам успешна процедура до недела, а потоа и успешен негов избор за технички премиер. Џафери е искусен политичар со големо искуство во водењето...

Мицкоски ги најави техничките министри: Адвокатот Тошковски за внатрешни, Ѓоко Велковски за труд и социјала

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во „Топ Тема“ на телевизија Телма ги соопшти имињата на техничките министри и заменици кои ќе ги предложи ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада. Toj рече дека тоа се „компетентни и неизвалкани кадри чија задача ќе биде да ја обезбедат волјата на народот“. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека технички министер за внатрешни работи ќе биде...

Избори 2024: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти имињата на министрите, Џафери ќе ги објави оставките

На седница на Извршниот комитет вечерва, се очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги соопшти имињата на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика и на дополнителните заменици министри за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои ќе бидат дел од техничката влада. Пратеничката и заменик координаторка на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, синоќа во емисијата...

Контраспин: Како СДСМ мисли да биде избрана привремена влада без двајца министри?

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за неподршка на привремената влада на Талат Џафери е несериозен и тежок за разбирање, ама ставот на СДСМ дека во тој случај „местата во техничката Влада на ДПМНЕ треба да останат празни, а мандатарот да предложи Влада во која што тие места ќе бидат непополнети“ е спин, затоа што прво е незаконски и таква влада тешко...

Ковачевски: Оставка на владата најдоцна до четврток наутро, техничка влада треба да се изгласа до полноќ в недела

Премиерот и целата влада до четврток претпладне ќе бидат во оставка, што ќе остави законски можности да се изгласа техничката влада во законски предвидениот рок - до пред полноќ в недела, порача денеска претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Тој појасни дека нема да има потреба од поединечни оставки на министрите, бидејќи со оставката што ќе ја поднесе премиерот Ковачевски, целиот...

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да има министри во техничката влада ако не ја гласа

Премиерот Димитар Ковечевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има министри во техничката влада, доколку не ја гласа истата, бидејќи никаде во светот не постои пример каде партија учествува во влада, а да не ја поддржува. „Кога се учествува во влада, тоа значи дека таа влада треба да се поддржи. Ако не гласа, сметам дека тие места треба да останат празни....

Ковачевски на премиерското столче уште 10 дена, неизвесна средбата со Мицкоски

Кабинетот на Ковачевски ќе поднесе оставки на 26 јануари заедно со претседателот на Собранието Талат Џафери и министрите што треба да бидат сменети за да може за викендот, на 27 и 28 јануари, Собранието да ја избере техничката влада. Ковачевски утрово имал состанок со Џафери, кој треба да биде премиер во техничката влада, како и со координаторот на пратеничката група...

Од 22 јануари почнуваат подготовките за техничката влада

Во пресрет на парламентарните и претседателски избори, од 22 до 28 јануари ќе почнат формалните подготовки за техничката Влада во Собранието, соопшти Кабинетот на претседателот на Парламентот по првата средба со координаторите на пратеничките групи. Во овие седум дена, треба да се констатира оставката на претседател на Влада и претседател на Собрание, да се избере нов претседател на Собрание, да...

ВМРО-ДПМНЕ на 11 јануари ќе разговара за кандидатите во техничката влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска информираше дека на 11 јануари ќе имаат состанок на извршниот и централниот комитет на партијата, на кој ќе се разговара за кандидатите за министри и заменици-министри во техничката влада која треба да ја води земјава од 28 јануари. Мицкоски денеска во одговорите пред новинарите не сакаше да прецизира за евентуални имиња на идните министри...

Предвремените избори на Мицкоски ги стасаа редовните, Џафери наскоро во „премиерскиот костум“

ВМРО-ДПМНЕ со години опсесивно бараше предвремени парламентарни избори сѐ до 20 октомври, кога партискиот лидер Христијан Мицкоски се помири дека ќе бидат во редовниот термин. Опозицијата бараше да нема техничка влада и премиер од ДУИ, ама си легна на „брашното“. Талат Џафери е сѐ поблиску до премиерското столче, извесно е дека тој ќе го замени премиерот Димитар Ковачевски во...

Ковачевски: Деталите за техничката влада ќе се дознаат до 25 јануари

Средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се случи идната година, пред или по празниците, изјави денеска премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. На свеченото отворање на спортската сала „Наум Наумовски-Борче”, попозната како „Партизан“, во скопски Карпош, Ковачевски рече и дека сите детали за техничката влада ќе бидат познати најдоцна до 25 јануари. Тој појасни дека СДСМ оваа седмица...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...