fbpx
Таг: театар

таг: театар

„Божествена комедија“, нова премиера на Битолскиот театар

Претставата „Божествена комедија“ од Исидор Шток е најновата премиера на Битолскиот народен театар, која ја режира гостинот од Русија, Александар Исаков. Ова е четврта постановка на Исаков во театарот во Битола, која, според најавите од театарот, премиерно ќе биде прикажана на 28 февруари. - Претставата „Божествена комедија“ е приказна за раѓањето на љубовта на земјата. Ниеден рај не може да...

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и НУ Драмски театар- Скопје ќе соработуваат

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и НУ Драмски Театар - Скопје ќе почнат заемна соработка. На уникатен начин ќе ги соединат спортот и културата, давајќи голем акцент на сите што го сакаат спортот и што уживат во културата. Оваа соработка ќе влијае на подобрувањето на физичката активност, а и ќе го зголеми интересот за што повеќе спортување и здрав живот, што е...

Се подготвува премиера за Меѓународониот ден на театарот

„Хотел помеѓу два света“ од францускиот автор Ерик Емануел Шмит е новата премиера на која почна да работи режисерот Љупчо Георгиевски со актерите на штипскиот Народен театар. Се работи за трагикомедија со романтични примеси, а авторот, моралистот и филозоф Шмит, во основа го поставува прашањето за животот и за смртта. Ова ќе биде првата премиера во оваа година на Нардониот...

„Свињарот“ на Андерсен, нова премиера на Охридскиот театар

Претставата „Свињарот“ од Ханс Христијан Андерсен, е новата премиера на Охридскиот театар која се игра во хуманитарни цели, а средствата собрани од билетите ќе бидат уплатени на жиро-сметката за жителите од поплавените подрачја во земјата. Режијата е на Ѓорѓи Ризески, а играат Филип Кипровски, Билјана Билаловиќ, Сашо Ристовски и Елизабета Стефановска. Премиерата е закажана за сабота, 14 февруари, со почеток во...

„Кокошка“, нова премиера на битолскиот театар

Битолскиот народен театар веќе е подготвен да ја прикаже новата премиера, „Кокошка“ од авторот Николај Кољада, а во режија на актерот познат по своите стендап-комедии, Маријан Ѓоргиевски. Премиерата е најавена за понеделник, 9 февруари, во 19.30 часот, на новата сцена на БНТ. Оваа претстава е магистерски труд на Ѓоргиевски. – Претставата се занимава со површниот банален живот на една група актери,...

„Со љубовта шегување нема“, нова премиера на Интимен театар – Битола

Интимен театар од Битола ја подготвува својата нова премиера за претставата со провокативен наслов „Со љубовта шегување нема“. Претставата е во режија на Софија Ристевска, а е работена по текст на Алфред де Мисе и на самата режисерка. Премиерата ќе биде четири дена пред Нова година, в сабота, на 27 декември, во 20 часот, на сцената на Интимен театар...

Седум предновогодишни вработувања во Народниот театар во Битола

Седум нови вработувањата пред Нова година ќе го освежат ансамблот на битолскиот народен театар. Двајца режисери, двајца драматурзи и исто толку актери, како и еден шивач се новоотворените работни места. Голем број кандидати за сите работни места деновиве се појавиле пред стручните комисии, особено за вработување актери. Вработувањата се одобрени од Министерството за култура, вели првиот човек на театарот во...

Прва премиера во новиот велешки театар

Премиерата на претставата „Најважната работа на светот“ ќе го отвори новиот објект на велешкиот театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ вечерва во 20 часот. Преставата е комедија во режија на Љубиша Георгиевски, а по текст на Братислав Димитров. Во неа глумат актерите Васил Зафирчев, Зоран Љутков, целокупниот театарски ансамбл на велешкиот театар, како и гостите Ирена Ристиќ и Благоја Чоревски. Сценографијата е...

Битолскиот театар подготвува две нови премиери

Две претстави од вчера почнаа да се подготуваат во Битолски народен театар. Едната е драма, а другата комедија. Првпат во БНТ ќе режира Андреј Цветановски, кој ја подготвува претставата „Хелверова ноќ“ од полскиот писател на драми, Игмар Вилквист. Во претставата играат Соња Михајловска и Маријан Ѓоргиевски. Режисерот Цветановски вели дека оваа драма е современ полски текст, кој зборува за еден дом и...

Вечерва, трета премиера на охридскиот Народен театар – „На дното“ по текст од Горки

Охридскиот Народен театар, вечерва, со почеток во 20 часот, пред љубителите на драмската уметност излегува со нова премиера - претставата „ На дното“ по текст од Максим Горки, а во режија на Кирил Петрески. Претставата ќе се одржи во подрумскиот простор на Центарот за култура „Григор Прличев“. Во претставата ќе настапат: Јасмина Билаловиќ, Биљана Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Павел Маслов, Горан Стојаноски...

Иницијатива за Штип да добие театар за деца

Иницијативата за основање театар за деца, потпишана од претседателот на Советот, Влатко Миташев, денеска ја доби поддршката на Комисијата за култура при Советот на Општина Штип. Со тоа, оваа иницијатива ја почна процедурата кон формирање нова општинска институција. Во предлогот, Миташев потсетува на долгата театарска традиција на Штип уште во 19 век, кој бил единствениот град во Источна Македонија со...

Со претстава одбележана 70-годишнината на Битолскиот народен театар

„Генерациите си одaт, нови актери доаѓаат, но театарот останува“, ова накусо беше главната порака што екипата на Битолскиот народен театар ја испрати на 70-годишнината од своето постоење. Во преполната сала на Центарот за култура во Битола, публиката синоќа уживаше во од душа направената театарска претстава на целокупната екипа на театарот, од актерите, па сè до помошниот персонал и администрацијата, речиси...

Битолскиот Народен театар одбележува 70 години постоење

Во Народниот театар во Битола пред 70 години се одгира првата театарска претстава на македонски јазик. Со едночинката „Петоимениот Ѓоре“ на Владо Малески, која ја играа актерите Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Вера Вучкова, Јорго Цаца, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко, почна професионалниот театар во Македонија. Јубилејот ќе се прослави вечерва, со театарската престава...

Штипскиот театар со нова премиера

Десет приказни од Марко Цепенков го сочинуваат текстот на претставата „Лулка“, што во режија на Андреј Цветановски, премиерно ќе биде изведена в сабота, во националната установа „Ацо Шопов“ во Штип. Режисерот Цветановски вели дека десетте приказни ја носат народната мудрост, која треба да ја знае секој од нас. Жанрот на претставата, според тимот, е преплетување на фарса, комедија и на...

Александар Поповски, кандидат за директор на Загрепскиот театар за млади

Македонскиот режисер Александар Поповски конкурирал за директор на Загрепскиот театар за млади, пишуваат хрватските медиуми. Според нив, на почетокот на ноември истекол и рокот за пријавување на кандидати, а на конкурот се пријавиле пет кандидати, од кои четворицата Хрвати. Медиумите шпекулираа дека фаворит на градските власти била кореографката и танчерка Снежана Абрамовиќ, па заради неа бил променет и статутот...

Александар Ѓеоргиев, добитник на наградата „Петре Прличко“

Одлуката ја донесе жири комисијата во состав Александар Ивановски претседател и членовите Јордан Витанов и Едмонд Сотир
Александар Ѓеоргиев, актер на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2014 година, што по деветти пат ја доделува Општина Велес и Здружението на актери „Џинот“. Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав Александар Ивановски, претседател, и членовите Јордан Витанов и Едмонд Сотир. Ивановски на денешната прес-конференција образложи дека актерот...

Денеска продолжува судскиот процес Канческа-Милевска против Шилегов

Канческа-Милевска го тужи Шилегов за неговите изјави во врска со изградбата на новиот објект на театарот во Скопје
Денеска со распит на странки во Основниот суд Скопје 2, треба да продолжи судењето по тужбата на министерката Елизабета Канческа-Милевска против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Последното рочиште за ова судење беше откажано поради отсутност од здравствени проблеми на судијката што го води процесот. Канческа-Милевска го тужи Шилегов за неговите изјави во врска со изградбата на новиот објект на театарот во Скопје.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....