fbpx
Таг: ТЕ-ТО

таг: ТЕ-ТО

ЕСМ: Парно греење ќе има, гас набавен за цел декември од Макпетрол и ТЕ-ТО

АД ЕСМ се огласи со соопштение за граѓаните на Скопје дека испораката на топлинска енергија тече непречено и дека така и ќе продолжи и во следниот период. За цел декември е обезбеден природен гас од МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС, како и потребното дополнително количество од ТЕ-ТО. АД ЕСМ вели оти продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради...

Топлото време и штедењето нè спаси од увоз на скапа струја, топланите пробно ќе работат на дизел

Милиони евра се заштедени во текот на октомври и првата недела од ноември како последица на зголеменото производство на електрична енергија од домашните енергетски капацитети, штедењето на струја од граѓаните и институциите и топлото време периодов. АД ЕСМ планира да почне со увоз на струја од странство по цена од 215 евра за мегават час за периодот од 7...

Бектеши: Eлектраната ТЕ-ТО ќе почне да работи на 1 ноември

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека од 1 ноември ќе започне со работа когенеративната електрана ТЕ-ТО во Скопје, која ќе произведува електрична и топлинска енергија. Тој додаде дека граѓаните не треба да се грижат, односно дека топлинска енергија за скопските потрошувачи во претстојнава грејна сезона ќе има. Она што засега останува нејасно е што предвидува договорот меѓу ТЕ-ТО...

ЕСМ бара конечни понуди за набавка на гас од три компании за скопското парно во ноември

На една недела од 1 ноември, од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека од три компании ќе бараат да ги допрецизираат своите информации кои ги испратиле како понуди за набавка на гас за работењето на скопските топлани во ноември. АД ЕСМ преку ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје ќе бара од трите компании да достават конечни понуди за набавка на...

Руски гас преку бугарски гасовод – засега најопиплива опција за млаки радијатори

Засега, Владата нема сигурна алтернатива за набавка на гас за затоплување на домовите преку централно парно греење, освен набавка на природен гас од руската државна компанија „Газпром“ преку гасоводот кој доаѓа од Бугарија до Куманово. Судејќи според крајот на минатата грејна сезона, а имајќи ја предвид непредвидливоста на руската енергетска политика, ниту таа опција не е сигурна. Како што информираат...

Скопјани ќе добијат парно греење од утре, ќе се греат на максимални 21 степен

Централното парно греење во Скопје ќе започне со работа од утре (15 октомври) според сите критериуми и услови за загревање на просториите како и во минатите години. Домовите и работните простории ќе се загреваат на максимални 21 степен. За ова денеска информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Од РКЕ информираат дека ги издале трите лиценци на...

ТЕ-ТО да ги грее скопјани со гас од Србија, а струјата да му ја продадеме на Белград

С. Македонија и Србија разговараат за договор за снабдување на земјава со природен гас за непречено функционирање на комбинираната електрана ТЕ-ТО во Скопје. Владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов на денешната прес-конференција информираше дека со северниот сосед се разговара за увоз на неопходните количества на природен гас, кои ќе бидат потребни за работење на ТЕ-ТО и скопските топлани во...

ЕСМ ќе ја откупува целокупната електрична енергија што Те-То ќе ја произведе во следните два месеци

Владата на 9-та редовна седница ја продолжи мерката за обезбедување дополнителните количини електрична енергија од домашно производство до крајот на март. Според владината одлука, топланата Те-То ќе работи седум дена во неделата по 24 часа со полна моќност и во февруари и март. „Согласно оваа мерка, АД ‘Електрани на Северна Македонија‘ ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото...

Бектеши: Решен е проблемот со парното, граѓаните ќе добијат непречена испорака на топлинска енергија

Крешник Бектеши фото Влада на РСМ
"Проблемот со снабдување со топлинска енергија во Градот Скопје и општините е решен. Домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење. Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Министерството за економија донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба на пазарот на топлинска енергија", извести министерот за економија, Крешник Бектеши. Согласно оваа Уредба...

БЕГ се закани дека од утре ќе го исклучи парното за 54.000 домаќинства

Најголемиот снабдувач со парно греење во Скопје - БЕГ вчера вечер најави дека од утре, сабота, 15 јануари, ќе го исклучат парното за 54.000 домаќинства, 95 образовни установи и 1.027 други објекти во главниот град. Наводно, имале пари за набавка на природен гас што го користат трите топлани: ТЕ-ТО Исток кај Керамидница, ТЕ-ТО Запад во Тафталиџе и „11 Октомври“ во...

Владата одлучи ЕСМ да откупува струја од ТЕ-ТО, ќе има и засилено парно греење во Скопје

Когенеративната електрана ТЕ-ТО во Скопје ќе произведува енергија со максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати, а државната компанија АД ЕСМ ќе ја откупува дополнително произведената количина електрична енергија. На овој начин, дополнителните количини на набавена струја ќе овозможат обезбедување и на производство на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија, односно за БЕГ, којшто снабдува најголем дел од...

БЕГ и ТЕ-ТО ја анализираат владината одлука за раскин на договорот за државна помош, велат ќе продолжат да затоплуваат

Балкан енерџи груп (БЕГ) и ТЕ-ТО Скопје размислуваат како да постапат откако Владата го раскина договорот за државна помош, но велат дека продолжуваат со производство на топлинска и електрична енергија. Од Владата, пак, посочуваат дека договорот воопшто не се спроведувал поради неусогласеност на Законот за данок на добивка и Законот за контрола на државна помош. БЕГ, компанијата која управува со...

Владата го раскина договорот за државна помош на ТЕ-ТО- Скопје поради неплатен данок

Владата еднострано го прекина договорот за државна помош на ТЕ-ТО Скопје. Според соопштението од Владата, на вчерашната седница се разгледа и усвои Информацијата за потребата од раскинување на Договорот за доделување на државна помош, и на Анексот на Договорот за доделување на државна помош, склучени помеѓу Владата на РСМ и Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО...

Јавното обвинителство отфрли четири кривични пријави против ТЕ-ТО

Основното јавно обвинителство Скопје донело решение со кое се отфрла кривичната пријава поднесена од Топлификација АД Скопје против четири физички лица, претседател на Управен одбор, нотар, извршител и адвокат. Пријавите против нив биле за злоупотреба на службена положба и овластување и за оштетување или повластување доверители. ОЈО Скопје одлучи да ги отфрли и кривичната пријава поднесена од тројца акционери во...

„ТЕ-ТО“: Сите активности на компанијата се одвиваат согласно законите

Компанијата „ТЕ-ТО“ АД Скопје ја поздравува одлуката на надлежниот Суд за одобрување на планот за реорганизација со цел финасиска консолидација на компанијата и овозможување истата да продолжи редовно да работи што е во интерес на државата, вработените, акционерите и корисниците на нејзините услуги, се вели во реакцијата на компанијата на обвинувањата од страна на директорот на „Топлификација“ АД, Димитар Хаџи-Мишев, дека...

Хаџи-Мишев: „TЕ-ТО“ отвори лажен стечај за да не го плати долгот кон „Топлификација“

„Топлификација“ АД Скопје ја обвини компанијата за комбинирано производство на топлинска енергија „ТЕ-ТО“ дека покренала стечај сама на себе, за да не го плати долгот кон Топлификација и тоа во период, кога по тригодишен период на лоши финансиски резултати, лани остварува добивка од 8 милиони евра. - Причина за овој судски процес во кој фирмата „ТЕ-ТО“ предлага стечај сама на...

ТЕ–ТО го доби спорот со „Топлификација“

Апелацискиот суд во Скопје донесе пресуда со која го одби тужбеното барање на „Топлификација“ АД за присилна наплата на побарувања врз основа на заеми, што „Топлификација“ АД ги дала на ТЕ-ТО АД, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Македонската берза за хартии од вредност. За овој предмет првостепениот суд еднаш донесе пресуда во корист на „Топлификација“ АД, на што...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...