fbpx
Таг: Татјана Михајлова

таг: Татјана Михајлова

Судот пресече: Немало ништо незаконско во претресот на СЈО кај Грујовски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифатил жалбата на Специјалното јавно обвинителство против решението на судијката Александра Поп-Стефанија во врска со претресот на домот на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, осомничен, односно обвинет во случаите „Тврдина“ и Тврдина 2“, потврдија за „Мета“ од СЈО. Информацијата за одлуката на Кривичниот совет за „Мета“ ја потврдија и од...

ЗНМ бара Караџовски да им се извини на новинарите, а Михајлова да дозволи снимање

Здружение на новинарите на Македонија денеска ги осудува навредите упатени кон новинарите од претседателот на Судски совет, Зоран Караџовски, кој во изјавата од 22 февруари ги оцени извештаите на медиумите за распределувањата на судиите од кривичниот во прекршочен суд како театрални вулгарности, а новинарите ги етикетираше како „самонаречени новинари“. ЗНМ бара од претстедателот на Судскиот совет јавно да се...

Јанева: Доста беше, судиите не може веќе да се кријат зад функциите

Досега ги игнориравме, но веќе е време јавноста да знае дека судиите не може да се кријат зад своите функции, повикувајќи се на имунитетот и на слободното и независно судиско искажување, бидејќи овде се работи за повреда на кривичната постапка, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за „Дојче веле“, а во врска со случувањата на денешното рочиште за насилствата пред...

ВМРО-ДПМНЕ: Нова хистерична епизода на Јанева и на Фетаи

Катица Јанева и Фатиме Фетаи продолжуваат да прават циркус од себе и со своето непознавање на правото и со недоличното однесување се срам за целокупниот правосуден систем во Македонија, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ, по случувањата на судското рочиште за насилствата пред Општина Центар, за кои меѓу обвинетите е и лидерот на партијата, Никола Груевски. - Правната инфериорност и немањето докази...

Караџовски бил фрапиран од новинарите што известувале за новиот распоред на судии

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, бил „зачуден и фрапиран“ од известувањето на новинарите за новиот годишен распоред на судии во Основниот суд Скопје 1, со кој извесен број судии што досега работеле на кривични предмети, се префрлени во прекршочното или во други оддели. - Јас сум зачуден, да не речам фрапиран, од навредливото однесување и вокабулар од тие што се...

Кривичен суд: Јанева и Фетаи се однесуваа дрско и непрофесионално

Во 72-годишното постоење на Основниот суд Скопје 1, не се памети вакво однесување и непочитување на судот, судската власт и на судија која ја води постапката, какво што покажале специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, на денешното рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, реагираат од  Кривичниот суд. - Како суд, заради транспaрентно информирање...

Груевски и Јанакиески денеска во суд за „шамарите“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да се одржи ново рочиште за случајот со насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година и нарачаните шлаканици за градоначалникот Андреј Жерновски, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Во случајот обвинети се поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела...

Михајлова и како в.д. претседател може да го суди Груевски

Изборот на Татјана Михајлова за вршител на должност претседател на Основниот суд Скопје 1 не претставува пречка таа да продолжи да го суди предметот по обвинението на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, во кој првообвинети се актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, и ексминистерот за транспорт и врски,...

Судијката што треба да го суди Груевски, избрана за в.д. претседател на Кривичен суд

Вршител на должност претседател на Кривичниот суд во Скопје ќе биде судијката Татјана Михајлова, додека в.д. функцијата во Врховниот суд ќе ја извршува судијката Снежана Бајлозова. Вака денеска на седница одлучи Судскиот совет, кој со мнозинство гласови ги избра двете судијки за тие функции. Инаку Татјана Михајлова е судијката што треба да ги суди поранешниот премиер и актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...