fbpx
Таг: Таргет Тврдина

таг: Таргет Тврдина

Контраспин: Правдањето од типот судството е криво, е спин!

Исто како што и опозицијата спинува дека власта ги протуркала овие измени заради сопствените функционери во идните случаи, а не кажуваат дека и тие асистирале при носењето на измените, исто и власта нема да има оправдување кај јавноста, уште помалку кај експертската за последиците од ова законско решение, се додека искрено не ги соопштат вистинските причини за нивното носење....

СДСМ го отвори предметот, СДСМ и неславно го затвори скандалот со масовното прислушување

Премиерот Димитар Ковачевски одбива да даде негов став во однос на застарувањето на еден од највисоко профилните судски предмети во историјата на правосудството - масовното прислушување, скандал кој го отвори токму СДСМ, партијата од каде што тој доаѓа, а токму и со таа цел беше формирано Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Случајот „Таргет-Тврдина“ вчера и официјално беше затворен поради апсолутна застареност,...

Се урна „Таргет-Тврдина“, сметката ќе ја платат граѓаните

За жал, нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, соопшти Ленче Ристоска, обвинителката од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) за случајот „Таргет Тврдина“. За предметот настапува комплетна застареност, што е директна последица на измените во Кривичниот законик, со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба, несовесно работење во службата и злосторничко здружување. Со тоа, и периодот...

На седница на која вриеше од кавги и обвинувања, разрешена претседателката на Судскиот совет Весна Дамева

По кавги и меѓусебни обвинувања, денешната седница на Судскиот совет заврши со разрешување на претседателката Весна Дамева, по низа обвинувања од страна на заменик претседателот на советот, Селим Адеми. Меѓу другото, Адеми ја обвини Дамева дека го криела писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер во кое се изразува загриженост за состојбите во правосудството. „Прво, не сум го криела писмото. Јас бев...

Обврската за транспарентност важи и за скопска Апелација

Вицепремиерката Славица Грковска има право кога вели дека обврската за транспарентност не може да биде адресирано само на Владата, на пратениците, туку и на адреса на правосудството. Оттука и нејзината изјава во врска со соопштението на Апелациониот суд во Скопје за случајот Таргет-Тврдина го оценуваме како вистина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Потпретседателката на Владата задолжена...

Контраспин: Барањето одговори за одлуката за „Таргет-Тврдина“ не е притисок врз судството

Во услови на висока исполитизираност на општеството и на сè уште премногу дебати за нецелосна поделеност на трите власти, како и во услови на многу ниска доверба на јавноста во судството (од само 4 отсто) за кое постои перцепција за силно влијание од политички, но и од бизнис елити, сосема е разбирлива реакцијата и на јавните функционери и на...

Пендаровски: Шокиран сум од одлуката на скопскиот Апелациски суд за случајот „Таргет-Тврдина

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски објави остра реакција по одлуката на Апелацискиот суд Скопје да ја укине пресудата за случајот „Таргет-Тврдина" и да го врати случајот на повторно судење. „Шокиран сум од одлуката на апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“. Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на...

Пресудата за „Таргет-Тврдина“ падна на Апелација

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, соопштиja во судот. Случајот беше отворен за масовното нелегално прислушување, а резултираше со вкупна затворска казна од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. „Судот известува дека постапувајќи...

Порталб: Во Апелација молк по скандалозното ослободување на Мијалков од притвор

Остри реакции уследија откако Апелациониот суд завчера одлучи да го ослободи од притвор поранешниот началник на тајната полиција Сашо Мијалков, кој со првостепена одлука во два предмети е осуден на вкупно 20 години затвор, а осомничен е и во неколку други случаи. Ослободувањето на Мијалков од притвор е скандалозно и поради тоа што во февруари годинава Мијалков избега на три...

Разузнавачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски добитници на државната награда „Мето Јовановски“

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, разузнавачите кои го открија незаконското прислушкување, се овогодишни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, соопшти Министерството за култура. Наградата „Мето Јовановски“ која претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права за 2021 година ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември 2021 година на свеченост во...

Вистиномер: Институциите го притиснаа Мијалков или некој си поигра и со правдата и со правната држава?

Премногу е чудна целата приказна со (не)бегањето на Сашо Мијалков – од скандалозното исчезнување до неговото ноншалантно појавување пред Обвинителство облечен во црна маичка. А, чудна е и изјавата на премиерот дека тој лично координирал со акцијата во која директно се вклучени правосудните институции, иако таму извршната власт нема ингеренции. Има многу нејаснотии и околу повлекувањето на жалбата за...

Судот одлучи: Сашо Мијалков оди во притвор во Шутка до правосилноста на пресудата

Судскиот совет денеска донесе решение да го уважи барањето на обвинителката Ленче Ристоска и ја укина мерката куќен притвор на Сашо Мијалков и му определи мерка притвор во КПУ Затвор „Скопје“ до правосилноста на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, односно до започнување на издржување на казната затвор од 12 години. Притворот може да трае најмногу 60 дена, според постојната законска...

Пресуда за Таргет-Тврдина: Мијалков осуден на 12 години затвор, Јанкуловска на 4 години

За злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување и примање награда за противзаконито дејание, на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска му беше досудена затворска казна од 12 години во случајот Таргет-Тврдина кој се однесува на незаконското прислушување на 20.000 граѓани од 2008 до 2015 година во време на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ. На Мијалков во затворската казна...

Премиерот Заев за случајот Таргет-Тврдина: Испратена е пораката дека системот функционира

Премиерот Зоран Заев денеска на седницата за пратенички прашања во Собранието говореше за последните случувања со бегството и враќањето на Сашо Мијалков пред утрешното изрекување на пресудата во случајот Таргет-Тврдина. „Тоа што секој сегмент на нашето општетсво, а тоа е извршната власт, преку Министерството за внатрешни работи и тоа за правда, судската власт преку судовите и Обвинителството преку самите обвинители,...

Глас на Америка: Стејт департментот одблизу ја следи ситуацијата со Мијалков

Свесни сме за овие извештаи, и ја следиме ситуацијата одблизу, изјави кусо портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка, по повод бегството на Сашо Мијалков. Министерството за внатрешни работи (МВР) веќе распиша меѓународна потерница по поранешниот шеф на тајната полиција. Мијалков е во бегство од вчера. Јавното обвинителство соопшти дека полицијата го известила оти тој се подготвувал да бега во...

Пендаровски за бегството на Мијалков: Неприфатливи случувања за земја која очекува преговори за членство во ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски во врска со бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ги повикува сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за негов притвор. „Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната...

Заев бара одговорност за бегството на Мијалков, негира постоење на политички договор

Премиерот Зоран Заев по излегувањето од судницата претпладнево, каде сведочеше во процесот „Титаник“, негираше дека постои политички договор и побара одговорност за недостапноста на Сашо Мијалков токму пред пресудата за предметот „Таргет - Тврдина“. „Изречено е решение од суд за домашен притвор некаде 18-18:30, МВР веднаш постапило и лицето не е затечено во домот или на двете локации на кои...

МВР преку национална потерница ќе го бара Сашо Мијалков во државата

Министерството за внатрешни работи информира дека за Сашо Мијалков е распишана национална потерница. Причината за тоа е што: „од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено“, велат од МВР, кои од вчера го бараат Мијалков за да му го врачат решението за куќен притвор. Од МВР уште утрово навестија дека ќе побараат од судот да издаде наредба...

МВР трага по поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за да му врачи решение за куќен притвор

Министерството за внатрешни работи од вчера попладнето го бара поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков за да му го врачи донесеното судско решение за куќен притвор, а сѐ уште не се знае дали по него ќе биде распишана и потерница. Од МВР за Мета.мк велат: „Откако судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков, преземаме мерки и активности...

„Таргет-Тврдина“: Јанкулоска се брани претставувајќи се како жртва, а не соучесник во прислушувањето

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во завршните зборови на денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ се брани претставувајќи се како жртва, тврдејќи дека не била вмешана во уништувањето на опремата со која од 2008 до 2015 година се вршело незаконско прислушување на десетици илјади граѓани за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Поранешната министерка е обвинета дека помогнала во уништувањето...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...